Автор Тема: Соларни системи-панели  (Прочитано 115784 пати)

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #60 на: 30 Април 2013, 10:10:57 am »
сале...

на твојот бојлер крајна граница му е еден панел, ако ставиш 4 квадрати ке биде премногу. е сега, ако сакаш ке ти посредувам (со моја препорака сам да си купиш) еден панел кој е малку поголем од 2 квадрати... уствари, фирмата ја знаеш, во пп ке ти пишам што и како за кај нив. тој е со димензии 2Х1,3. тој панел би бил ОДЛИЧЕН за 100 литарски бојлер и за тој панел. таа пумпа е одлична и за 2-3 такви панели. приклучувањето на истиот не се менува ништо во однос на обичниот. и тој е селективен, со градобијно стакло, за ув зрак премаз и тн... ги има сите карактеристики како и другите...

дополнително потребни елементи, плус од набројаното:

неповртен вентил, се поставува на ТОПЛАТА ВОДА од бојлерот. на топлата вода исто така се поставува ТЕРМОМАНОМЕТАР кој треба да ти покажува притисокот на флуидот мегу бојлерот и соларот. топчести вентили СО ХОЛЕНДЕР обавезно поради опцијата да ако дојде ред да се мења болерот, да не би испуштал се од почеток. експанзиона боца од 18 литри, приклучена БИЛО КАДЕ во циркулацијата. апсолутно небитно е каде ке ја приклучиш. котловска славина на ЛАДНАТА ВОДА ОД СОЛАРОТ, ова е многу битно да биде вака.

што се однесува до автоматското лонче на самиот солар, увери се дека е поставено правилно, рамно во однос на васер вага. лончето неможе да биде било кое, мора да биде лонче за солар, бидејки класичните-стандардни лончиња не се предвидени за тие температури што ги дава соларот. ККККК

што се однесува до автоматиката-диференцијалниот термостат, за вака мал систем (самоделски) ке брка работа и со 2 сонди, имаш релативно евтинки автоматики, од по 30-тина евра. како да го поставиш? ако нема предвидено отвор за сензор кој ке ја мери САНИТАРНАТА ВОДА (а мислам дека нема) ке мораш да го дупнеш бојлерот со бургија на висина од 2/3 од доле према горе или една третина од горе према доле. значи кога велам да го дупнеш, не мислев на казанот, туку мислев на кошулицата од метал и пур пената. сензорот мораш да го протнеш внатре, да биде залепен за казанот ама по должина на сензорот. не е доволно само да го пипнеш казанот со врвот на сензорот. ККККК

на соларот истотака сензорот да ја мери излезната температура на топлата вода на самата цевка. ККККК

циркулационата пумпа. 25-60. со таа ознака би требало да биде таман и без проблем.

НЕМОЈ СЛУЧАЈНО СО АЛУПЛАСТ ДА СИ ГО ВРЗАЛ СОЛАРОТ И БОЈЛЕРОТ... или бакар или железни цевки... алупластот или ппр-от неможат да ја издржат таа температураа од соларот. недај боже да снема струја, подолго од 20 минути.. ке ти експлодира цевката.. ке ја стопи. значи или бакар или железо за цевки... и обавезно изолација врз цевките. зштеда на енергија плус да не ја греат околината.


п.с. на сите места кај што виде КККК има работи кои не ги пишав и нема да ги пишам објаснам, затоа што тоа се делови од мои мајсторски тајни, мали финти за правилно работење, кои нема да ги откривам. а за тебе и мои поблиски пријатели ке ги појаснам. конкретно на тебе ке те кошта кафе и сок додека ти појаснувам :)
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #61 на: 30 Април 2013, 11:38:28 am »
Пред се сакам да ти се заблагодарам за опширниот одговор.
Ова е конкретна потврда за претходно водените муабети на претходните страни, за сите оние кои не те познаваат дека тоа што го кажаа можат слободно да го окачат "мачки о реп", што би рекле србите.
Не дискутирам за тоа понатаму.
Продолжувам со конкретната тема.

Кога си расположен, или ако те наведе патот наваму, добро е ако можеш да поминеш до кај мене и на кафе и на сок и на пивце, да го зирнеш теренот и да дадеш свое видување. Цевките ке бидат бакар, изолирани и добро наместени, единствено сакам да знам местоположба која би била најидеална.
Исто така би ја прифатил и твојата препорака за панел, бидејќи по она што го кажа многу е битно стаклото да биде градоотпорно!
Не често во Скопје и околината паѓа град, а еднаш да падне саглам, целата инвестиција оди во неповрат.
Деловите под КККК нормално дека се тајни кој секој треба да си ги плати...
Со оглед на тоа дека сакам здравје боже да се уселам у куќава, секој денар ми е драгоцен и неопходен, па затоа и се одлучувам на поефтина варијанта за самоградба.
Имам доста познавање од мајсторски работи  и изведба, воедно и од парно греење и водоводни инсталации, но не доволно за да ги завршам сите работи сам...Во тие моменти барам стручна помош или пак викам професионалец во својата област.
Со соларов сум почетник, само на читање, но колку што можам да забележам дел од работите се многу блиску, односно слични со парногреењето. Цаките се оние кои ја прават работата да биде тип топ, нормално...

Како што нагласи, алумпластот е уште од старт отфрлен, баш заради причините кои ги наведе. Имав пуштено цевки, но по твојата посета кај мене дома си решив да си пуштам бакар. Имам 22-ка, да не купувам 18-ка, разликата ке биде во волуменот на течноста која ке ја собере.
:)
Озраката горе нормално дека треба да биде декларирана за солар.
Пумпата исто така...
Ајде ако си расположен, може и денес ако ти е уз пат да поминеш. Дома сум цело време .
Поздрав
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #62 на: 30 Април 2013, 17:58:29 pm »
Одкако детално ги прегледав документите по интернет и прочитав еден куп литература по ова интернетов, дојдов до неколку заклучоци...Истите тие онак ми ги посочи во неговиот пост каде што детално објасни некои работи...
Гледам се продаваат сетови за соларна енергија.
Истите содржат: На ладната жица котловска славина, за полнење и празнење на системот со антифриз, пумпа за солар, термометар на ладниот вод, манометар, сигурносен вентил и експанзионен сад. Горе на панелот се поставува озрачно лонче за солар. На повратниот вод, односно топлиот доаѓа термометар за мерење на температурата на топлата жица, вод, потоа неповратен вентил. Воедно до самиот бојлер се вградуваат и на топлиот и на ладниот вод лоптасти вентили со холендери како што кажа онак за недај боже утре да треба да се менува бојлерот.
Диференцијален термостат кој ке мери температура на топлата жица на соларот горе на кров, и температура на излезната односно ладната жица на излез од бојлерот и со самото тоа ке ја контролира пумпата и нејзината работа, вклучи исклучи...А може да се додаде и сонда како што објасни онак во средина на бојлерот помеѓу влезот на топла и излезот на ладна струја од соларот...
Се тоа ми е јасно и ми остануваат неколку мали технички нејаснотии, кој онак ке ми ги објасни, :)
 а притоа ке си направиме некој домаќински муабет уз кафица и сок :D :D :D

Еве и сликичка како тоа би изгледало:


[датотека избришана од администраторот]
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #63 на: 30 Април 2013, 23:40:35 pm »
Пред се сакам да ти се заблагодарам за опширниот одговор.
Ова е конкретна потврда за претходно водените муабети на претходните страни, за сите оние кои не те познаваат дека тоа што го кажаа можат слободно да го окачат "мачки о реп", што би рекле србите.
Не дискутирам за тоа понатаму.
Продолжувам со конкретната тема.

Кога си расположен, или ако те наведе патот наваму, добро е ако можеш да поминеш до кај мене и на кафе и на сок и на пивце, да го зирнеш теренот и да дадеш свое видување. Цевките ке бидат бакар, изолирани и добро наместени, единствено сакам да знам местоположба која би била најидеална.
Исто така би ја прифатил и твојата препорака за панел, бидејќи по она што го кажа многу е битно стаклото да биде градоотпорно!
Не често во Скопје и околината паѓа град, а еднаш да падне саглам, целата инвестиција оди во неповрат.
Деловите под КККК нормално дека се тајни кој секој треба да си ги плати...
Со оглед на тоа дека сакам здравје боже да се уселам у куќава, секој денар ми е драгоцен и неопходен, па затоа и се одлучувам на поефтина варијанта за самоградба.
Имам доста познавање од мајсторски работи  и изведба, воедно и од парно греење и водоводни инсталации, но не доволно за да ги завршам сите работи сам...Во тие моменти барам стручна помош или пак викам професионалец во својата област.
Со соларов сум почетник, само на читање, но колку што можам да забележам дел од работите се многу блиску, односно слични со парногреењето. Цаките се оние кои ја прават работата да биде тип топ, нормално...

Како што нагласи, алумпластот е уште од старт отфрлен, баш заради причините кои ги наведе. Имав пуштено цевки, но по твојата посета кај мене дома си решив да си пуштам бакар. Имам 22-ка, да не купувам 18-ка, разликата ке биде во волуменот на течноста која ке ја собере.
:)
Озраката горе нормално дека треба да биде декларирана за солар.
Пумпата исто така...
Ајде ако си расположен, може и денес ако ти е уз пат да поминеш. Дома сум цело време .
Поздрав

јас само што се прибрав од монтажа. и да сум го прочитал текстов, џабе ке беше, немав време за да дојдам. а од утре па до понеделнк вечер, може да ме заборавите и на форумов... идам на ЗАСЛУЖЕН ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД у место во кое ни мобилен не фаќа, ни струја нема (криви се од евн пошто не им плаќам :) ) , а не па интерМеЦ... и сакам да кажам одмарам заслужено, почекај сале, или пиши пп во понеделник попладне да се договориме да ти го тестирам двоседот уз кафе и сок, во новата дневна. ;D
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #64 на: 30 Април 2013, 23:45:54 pm »
Ок, договорено :)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен maci

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1317
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #65 на: 09 Мај 2013, 01:00:36 am »
еве уште нешто корисно.


Предност на пумпниот над термосифонскиот

Поголема контрола над системот
Супериорна ефикасност и долгорочност
Флексибилност во позиционирање на резервоарот за чување вода
Полесно се надминува замрзнување
Полесно се избегнува прегревање на системот
Предност на термосифонскиот над пумпниот

Едноставен систем без подесување (освен минимална автоматика)
Поекономичен (побрз поврат на инвестицијата)
Работи без електрична енергија
Може да се користи со двете низок притисок и висок притисок


Read more: http://energetskaefikasnost.info/sonchevi-sistemi-1-pumpni-vs-termosifonski-sistem/#ixzz2SkFsfuo9
форд фиеста 1,4 тдци

Отсутен deanMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1330
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #66 на: 10 Мај 2013, 16:06:40 pm »
Сале, бидејки никој не ти одговори, ајде нешто да ти појаснам. Експанзијата за антифриз оди до соларната плоча, и за таа големина, на болјерот, доволна е онаа што е за 80 литарски бојлер. Значи потребно е само диференцијален термостат со 2 сонди, едната оди во бојлерот, а другата во соларната плоча, од каде што ги црпе податоците, дали е ден, сончево облачно итн..Кога е облачно, сондата сигнализира дека нема сонце, и автоматски ја запира пумпата. топлата вода останува во бојлерот. пумпата не работи 24 часа. т.е само онолку колку што има сонце. им висев на мајсторите врз глава и забележав, се што правеа, она што не го разбрав ги прашав и ми објаснија што и како работи.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #67 на: 10 Мај 2013, 16:14:30 pm »
Фала на одговорите...Веќе ја имам целата инсталација во главата, уште да дојде Онак-че на кафе/сок/пиво/ракија и да си поправиме домаќински муабет, и да даде на лице место предлог за некоја работа, односно за деталите...Нели, мајсторски работи, да не речам тајни на занаетот...
Бојлерот е поставен, утре, задутре планирам да ги поставам и бакарните цевки со изолација, да ги стегнам и преку нив доаѓа стиропор од фасадата...
Па некое време ке останат бланк додека да земам панел и придружна опрема, па ке се дадам на монтажа...За панелот и врзување на горниот дел ке ми треба цел ден, пошто сум детален...Долниот дел ке видам...Ке треба еден куп ситници, спојки, материјалчиња... :)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен deanMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1330
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #68 на: 10 Мај 2013, 16:18:07 pm »
Ако земаш соларна плоча земај исклучиво грчка, бидејки е со многу подобар квалитет од останативе. Со среќа да си го користиш соларот, ке осетиш многу благодет од неговото поставување.

@onak друже ти ја разгледав веб страната и се гледа дека си ја разбираш работата. Продолжи така. :)

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #69 на: 10 Мај 2013, 23:09:36 pm »
Ke видам што ке земам...Во моментот имам цевки за инсталацијата и бојлер....понатака ке се земат и другите работи...Од утре мајстори низ двор, фасадата ке почнат, па морам да ги пуштам цевките...Ме избрзаа, требаше наредна недела да дојдат, ама им излегло време и дојдоа да прашаат порано дали може да се работи...нормално и мене ми одговара, ама па сеа незнам што попрво...Имам ситници кои морам да ги завршам...Мразам крпеници одпосле :)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #70 на: 10 Мај 2013, 23:12:45 pm »
за да не ја оштетиш фасадата при заварување на цевките бакарни, ти препорачувам да испуштиш од цевките уште по минимум 70 сантима над фасадата кај што завршува, а ако имаш и по 1 метар уште поубаво. кога ке се заварува, бакарот пренесува температура, и ке го стопи стиропорот инстант.
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #71 на: 10 Мај 2013, 23:24:12 pm »
Ке бидат замотани цевките со изолација првенствено...После врз нив ке дојде алуминска фолија, па стиропорот... :)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #72 на: 11 Мај 2013, 21:35:32 pm »
Денеска конечно поставени цевките за соларниот систем до таканаречената котлара...
Имено од премногу обврски и гужви не стигнав да сликнам се, но еве нешто од сето тоа...



Котурот има некаде околу 13 метра, 22мм бакарна цевка...Треба да е 18, но бидејќи имав 22-ка, таа ја ставив...На краевите е заварен редуцир на 18-ка и заварена е 18-ка со која што влегувам во котлара...
Котурот е одмотан, цевките исправени, и колената и 18-ките кои поминуваат низ зид изолирани со специјална самолеплива трака за изолација поставена подоле на сликата:



Бидејќи како што реков бев во страшен хаос, добро е и овие неколку слики што ги сликнав, колку да се има за што да се зборува :)
Горе на скеле е таткоми кој ги прицврстуваше поставените цевки до кров, кој штрчат некој си 80 цм, може и повеќе... Двете цевки се ставени во изолација, со дебелина од 1цм, значи обмотани, а потоа се стегнати на 6 или 7 места за зидот..



Останува да се заврши со фасадата, пошто и неа денес почнаа да ми ја прават, па затоа и тежок сплет настана :)
Со новини во врска со соларниов систем за некој си месец дена...
Сеа за сеа толку :)
Благодарност до Алек кој го замарам со некој прашања постојано, но друго е кога има некој што има искуство да ти помогне :)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Tome-Colt

  • Близок до администрацијата
  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4619
  • Муфљуз
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #73 на: 11 Мај 2013, 22:01:43 pm »
Каде ја набави оваа еластомер тракава и колку пари е?
„Јас, Филип, кењам по форуми и не треба човек ништо да ми верува. Се што пишав за брзината на возење е куп гомна од коњ.“

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #74 на: 11 Мај 2013, 22:13:08 pm »
Оваа ми е набавена од Германија...Цена незнам...Знам дека ја има и овде, ама каде, веројатно кај фирмиве од кај што ја земате изолацијата што ја лепите по коливе... :)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.