Здраво на сите,
еве за сите што ги интересира ќе пробам да помогнам:
Имам систем од 7,2 kwh наместен од фирма Солар Спектар (апсолутно ги препорачувам) во декември 2022ра. Неколку месеца откако помина законот за зголемување на домаќинства на 6kwh.
Системот е со словенски панели бидејќи бев обврзан од Европска банка да користам европски панели за да си земам поврат од 15% на инвестиција.
Целата инвестиција беше 8.000 еур а повратот беше 1.200 еур.
Панели можете да си ставите колку сакате, ЕВН ќе ве ограничи со броилото на 6 kwh и над тоа нема да можете да пуштате во мрежа во летните месеци кога и системот ќе произведува многу повеќе а вие ке трошите многу помалку дома. За жал тој вишок се губи доколку немате батерија која што во моментов е прескапа и не се исплати да се инвестира во неа.
Живеам во кука во Тафталиџе од 432м2, изолација 10ка и термоблок 25цм.
Греењето е целото подно со топлинска пумпа решено.
Сметките комплет за струја нормално со греење до 2023та беа околу 65.000 мкд годишно, 2023та и 2024та се околу 28.000 мкд годишно.
За вишокот ЕВН ви дава авансна фактура на секои 6 месеца и тој износ се пребива од наредните фактури.
Дали е исплатливо е многу дискутабилно. Можеби со кинески панели би било поисплатливо. Мене вака ќе ми требаат 11 год да си ја вратам првичната инвестиција доколку во меѓувреме не се зголеми цената на струјата. Доколку се зголеми побрзо ќе си ја вратам инвестицијата.
Е сега кај словенскиве панели гаранцијата е 10 години и имаат доста сертификати против пожар и слични удеси ама според кажувањата би требало да траат и над 25 год.
Здравје
