дени.. вчера бев преморен и ме мрзеше да пишувам, зашто пред да го пишам тоа, само што се вратив од монтажа... во меѓувреме, прочитај ја темава а и во темата за греење имам неколку пати напишано и објаснето зашто...
во секој случај, кога ке ти експлодира над глава ке сватиш дека се опасни...
знаи од тие со цевки постојат 2 типа.. отворени и затворени... затворените системи се АПСОЛУТНО без никаква контрола на температура. што ти дал бог и сонцето, тоа ти е.. па ти занимавај се со разладување на истиот ако ти држи меурот. зашто ако не си знаел, вода чешмовача што испарува под притисок е нај опасна.. меѓу другото таложењето на каменец по зидовите и по сите безбедносни вентили е многу брзо и големо... чекор понатака ке идам и ке кажам дека истата вода е многу порозна и на деловите кои не се емајлирани или иноксни ги разгризува многу брзо. значи збориме за ЗАТВОРЕН СИСТЕМ, каде што бојлерот ти е на кров и не е со една цевка туку со две.. иде ладна посебно па топла посебно, бојлерот е под притисок...
е сега отворен систем... прво да ви објаснам како функционира отворен систем... преку ЕДНА (само факинг една) цевка бојлерот се празни и полни. поентата што тој бојлер стига до толку висока температура е што кога се грее, ја грее таа вода што ја има во него, а кога се користи не влегува ладна во него за да го разлади, туку само се празни истиот.. затоа и зоврива (притоа лепејки каменец и порозност сегде кај што има пареа)... друга приказна е што ке ве запрашам за неколку години кога ке треба да копате зидови и да мењате пукнати пластични или метални (поцинкувани) цевки во зид. затоа што НИКАКО НЕМОЖЕ ДА БИДЕ НОРМАЛНО на топлата вода на тие цевки да ти стига летно време континуирано вода со температура од 99 степени... мислам, размислете убаво што зборам...
до сега имам видено барем 15-тина такви системи, кои што поради постојаното зовривање, оддушакот на бојлерот едноставно се забетонирал од каменец и истиот момент тој бојлер станува ЗАТВОРЕН СИСТЕМ, кој што буквално нема каде да го испушти притисокот и едноставно ке добиете една детонација на кров, кој во нај мала рака ке подразбира уништен солар... тоа се случува и може да се случи одприлика после 3-та година на користење 9одприлика велам.. може и 2 да бидат а може и 5 години)...
од трета страна пак, соларниот систем кој е затворен, двоцевен, со гликол, е проверен систем, кој има еден куп заштити и механички и елкетронски... има разладување на бојлер, има разладување на панели, има систем на контрола на повлекување и запирање проток и пред се има еден куп сетинзи кои ке си ги наместиш и нагодиш онака како што тебе ти треба... плус никогаш неможе да дојде до прегревање, бидејки тука, кај тој тип на солари имаш пресметки правење и сетирање на димензија на бојлер.. според должина на цевки, јачина на панел, корисници дома итн итн, го димензионираш бојлерот... а бојлери имаш такви од 50литри до 250-300 за домакинство, меѓутоа и многу поголеми, нај големиот кој јас досега сум го наместил и рабптел со него е 3 тона.. поточно 2 бојлери од 3 тона на едно место...
и ако сега и после овакво излагање и појаснување, пак се фатите да ми кажете дека не гледате ништо опасно во тој тип на бојлер, ондак тоа е само глумење лудило... а муабетот дека јас го имама ХХ години и сите мои комшии го имаат и не се десило ништо до сега, е само муабет за губење време... и во тетово скоро сите имаат пиштоли под седиште, па не се дешаваат убиства по 500-1000 пати дневно...
the force... и сите други кои го иаат тој проблем со ЕДНОЦЕВЕН СОЛАР... има речение за вас. но не е евтинко... значи неможе да туриште класична пумпа за да го кренете притисокот. тие не се предвидени да издржат толку многу. за топла вода (жешка) постои специјална пумпа за кревање на притисок... набавк и монтажа на истата е околу 900 евра од нај малите, продукт на веберман... и треба да ја има таа пумпа секој таков систем со една цевка.. но како што гледате скапичко е и затоа НИКОЈ НЕ ЈА НУДИ, бидејки едноставно, нема логика тој систем кој е далу по опасен да кошта 1500 евра, зашто за тие пари ке си купиш и поставиш сигурен затворен систем со класични СЕЛЕКТИВНИ, ГРАДОБИЈНИ И ЦВРСТИ панели со бојлерот дома...