Eve i prognozite za tie denovi kako bea:

Денес (10.03.2013) времето во Македонија ќе биде умерено облачно со долги сончеви периоди и топло. Кон крајот на денот во северозападните предели локално се можни слаби врнежи од дожд. Ќе дува слаб јужен ветер.
Температурата ќе се движи од 13 до 21 ; степен.
-Денес (11.03.2013) времето во Македонија ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди, но и со услови за локални слаби врнежи од дожд, а попладне и услови за ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб, а повремено умерен ветер од јужен правец.
Температурата ќе се движи од 14 до 22 степени.
-Денес (12.03.2013) времето во Македонија ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, но и нестабилно. Околу пладне и попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Температурата ќе се движи од 12 до 20 степени.
-Утре (13.03.2013) времето во Македонија ќе биде умерено облачно со сончеви периоди. Попладне се очекува позначитално зголемување на облачноста, а кон крајот на денот локални слаби врнежи од дожд. Ќе дува умерен југозападен ветер.
Температурата ќе се движи од 10 до 18 степени.