Нордшлајфе е некаде 20км така? 6 секунди на 20 километра знаеш колку значи? Ништо не значи.... Сума сумарум ако е 6 секунди побрза од Панамерата, разликите меѓу нив се минорни и минимални, можат да се препишат на било што друго освен колата, на пример гуми, температура на асфалт, влажност на воздухот, расположението на возачот.
Симо, поентата на НАСА и Русите ми беше во тоа што тимот на Панамерата презел безбедносни мерки а тимот на Џулијата не презел. Така и американците, отишле во вселената со голем ризик. Еднаш им успеало, втор пат им успеало, третиот пат ги спржиле пилотите. Во контекст на моето прашање за перформансите на возилото со додадени рол барови, не ми беше јасно зошто во Џулијата не се додадени истите? Ми падна малку чудно тоа дека едниве обрнуваат внимание на безбедноста а Алфистиве не го прават тоа и се фалат со истото (така јас ја протолкував фотката, како дигање чалам).