Е сеа Алфа не може да добие ништо во тој бубањ. Нема рален спас на брендот, бидејќи брендот е изграден токму на тој различен/уникатен концепт на новини и целосни промени, иновации и дизајнерски пресврти.
Веројатно тоа и го дроби брендот оти не успеава да ја најде economy of scale рецептата. Ама ако ја најде Alfa таа бизнис логика, веројатно и самата нема да е Alfa повеќе. Ако пак не успе во глобализациската трка многу веројатно е дека ќе останат само овие ексклузивни модели да си ги гледаме од далеку.
Веројатно единствен спас би било некој да му дава пари на размазеното дете додека другите деца носат профит. Тоа во светот на еконмијата тешко оди, но за вљубениците во автомобили и поседувачи на капитал може да е убаво хоби 
Чек, токму тоа Алфа ја движи во цела историја.
Не знам колку ја знаете историјата на Алфа, па коментирате. Алфа Ромео го проба тој концепт одамна.
Беше катастрофален неуспех.

Алфа Ромео има проблем во моментов што е недифиниран бренд. Фалат модели. Значи имате градско возило Мито, имаш Голф класа возило Џулиета, ти фали возило за ниска средна класа (А4, БМВ 3, Мерцедес Ц), фали возило во средна класа (А6, БМВ 5-ка) и фали возило во висока класа (7, С класа, ...).
Сеа ќе излези Џулија, што ќе биде на база на Масератито и ќе цели кон оваа средна/висока класа. Заедно со 4С ќе бидат заден погон, што е уствари тоа што му треба на Алфа.
Алфа и БМВ се водечките спортски марки во Европа. Алфа е на добар пат во последните 13-14 години ама сеуште се движи со многу бавно темпо, за разлика од другите конкуренти.
Одвај го чекам времето да се врати таа конкуренција меѓу двете марки. Како ценовно така и во перформанси во соодветните класи.