И јас комплетно се согласувам со горенаведеното, само што ете, гледам малце унапред. Во наредниве 2 години, сигурно (ај не сигурно, ама многу веројатно) не би ми требал караванот. Меѓутоа за после тоа, мислам дека би ми се нашол... А до тогаш, Лансерот уште повеќе би изгубил на вредност, а малтене невозможно би било да размислувам за нова кола.
Сценарио: јас, невестата, омладина (можда и х2, којзнае) и куче. Сакаме да идеме негде по одмор, викенд а у... Јас - чек, невеста - чек, омладина - чек, куче - фак, нема место. Ќе ги замолам оние што планираат да ми држат „животни“ лекции за кучето и што да правам со него, да си ги задржат за себе. Кучето ми е веќе дел од семејството.
Да се разбереме, ни под разно не би го „дал“ туку-така Лансерот. Ќе треба да биде навистина добра понудата, за да се решам да се откажам од него.
Фреквенцијата на возење на колата и потребата за караван (многу веројатно дека) би се зголемила, ако се земе предвид поекономичниот мотор.