Размисли си убаво пред да се решиш што да правиш. И јас бев на истата дилема пред 1 година.
Треба да дадеш ново возило, кое нема да ти го цени никој, не кое секој прво што ќе му падне на памет е дека е тркано, лупнато и со враќана километража. Ќе докажеш дека кој и да е не е во право и после ќе треба да го убедиш истиот зошто за истата сума да не земе Пасат дизел
Пари нема да му земеш, а некој ќе се слади на одлична кола за беспари.
Од друга страна ќе земеш кола (ваљда од увоз), со којзнае какво минато, над 150ККм сигурно, на која тек ќе почне да се појавуваат проблеми и замор на материјали. Немора да е така, еден куп одлични увезени возила има на форумов, па и возила со висока километража, споредбата ја давам помеѓу Лансерот и Х-возилото.
За колку пати во годината ти е потребен караван?
Каде и колку ја возиш колата?