Прво ќе почнам од вожња низ град, количето, односно конкрениот мотор е одличен за низ град. Во 95% од возењето низ град не одам над 3000-3500 обртаи, а колата си има доволно снага за солидно и брзо забрзување, потрошувачката низ град во зависност од начинот на возење, релациите и годишното време варира од 7,5 до 9 и нешто литри на 100км.
На отворено доколку патуваат двајца е супер, секој човек плус веќе си го осеќа моторчето, назад не би препорачал да се возат 3ца, додуша не знам ни во која друга кола од таа класа може да се возат 3ца позади, така што заеби такви идеи, плус и многу си се мачи колата, кога возам 5 души имам чувство дека возам голф или фокус 1.4. Потрошувачка на отворено е до 6 литри со нормално возење, лани до лефкада и назад со доста возење по островот, двајца плус пун гепек, потрошувачката беше 6.1л/100км.
Вожњата е поприлично неутрална, не е килава како кај француз, ниту пак стегната како кај германец, најблиску е до јапанците. Некогаш знае да се понаша ко бродче, особено кога ја возам агресивно, ама тоа е ради 175/65-14 гумите. Задоволен сум како држи, за илустрација, со 6 години стари гуми, без никаков проблем влагам со 70 на оние допунскине кривини и си трпи и гас во кривина без приота да има изразито подуправување кое што не може лесно да се иконтролира.
Ентериерот не е мрднат во поглед на лижење и лупење пластики, ама од пред 2 години почна значително да се раскрцкува, што и те како ми смета, до сега по мене тоа е најголемата маана на колата, поприлично се тврди пластиките и по извесно време се раскрцкуваат, особено зимно време, летно време не е страшно, уствари и зимно време не е дека којзнае колку крцка, ама ја сум цепидлака и секое звукче у колата си го слушам.
Внимавај на вентили и подизачи на мотор, со неквалитетно и нередевно менување на уље знаат да страдаат.
Барај си 1.4 моторче, одлично си одговараат моторот и каросеријата.