Каде и да ти е најблиску, секој сервис го има тоа апаратче. Таму ќе ти кажат дека ако ти мрзне на -30 ќе треба да додадеш 500-800 (зависи колку е истечено) грама концентрат што мрзне на -100 и ќе добиеш смеша то мрзне ан -40 да речеме. Ако ти мрзне на -40, -60 доволно е да додадеш веќе разредена смеша што мрзне на -40 (толку ги мешаат од прилика). Ако ти мрзне на -60, -70 (што не верувам) доволно е да додадеш дестилирана вода за да се симне малце точката на мрзнење. Најоптимални перформанси средството има на -35 до -55 степени (како што пиша Џиџи во табелата кај адитивите).
Ако е зелено средството тогаш е фосфатно мислам. Зелено/сино може да се меша со зелено/сиво али никако со розово. Истото важи и за розовото, никако мешање со зелено/сино.