Можеби не е на право место али ајде да ве прашам вас по упатените.
Моментално на Македонски Телеком плаќам околу 2600 - 2700 денари месечно за Макс ТВ со плус спортски пакет, неограничен интернет, фиксен и 2 мобилни телефонски броеви со неограничени разговори кон сите мрежи. (таков е пакетот).
1.Од интернетот сум презадоволен. Веќе 5 години сум немал никаков прекин, пад на мрежа, намалување на брзина.
2.МаксТв прогпрамите ми се онака ..под просек...сега отворија нови филмски канали , на кои најчесто има филмови кои увелико сум ги симнал и изгледал ( некои и по 2 пати.)
Од ХД канали нема скоро ништо што е штета бидејќи телевизорот нормално си поддржува многу побава слика, плус квалитетни музички канала ( класика и џез) исто така - нема.
3.Фиксен ко фиксен, го користиш само ако ти заѕвони некој..
4.Двата телефонски броја со неограничени разговори кон сите мрежи си се ок...збориш со кого сакаш, колку сакаш.
Бидејки воопшто не сум во тек со актелниве понуди (Blizoo, Total TV, Boom TV и др.), може ли некој да ми каже дали има и кој би бил поисплатлив пакет од конкуренцијава на Телеком?
Приоритетно е:
1.Брз неограничен интернет.
2.Солидна понуда на квалитетни ХД канали (филм, музика, спорт).
3.Мобилен број е пожелен со неограничени повици е пожелен , но не и пресуден.
4.Фиксен телефон не е потребен.