Дечки, официјално Netflix може да се користи и од Македонија, легално. Цените се од 8 до 12 евра, во последниот пакет има гледање на 4 уреди и UltraHD опција за гледање.
Месечно?
На кој принцип работи Нетфликс уствари? Што би му требало на чоек за да го користи?
Знам дека е доста популарен сервис, ама не сум се заинтересирал на кој принцип работи...
Netflix е уствари студио кое голем дел од сериите ги снима или ги спонзорира да се снимаат со цел да ги нема на ниедно друго место и на ниедна друга телевизија освен на нивниот онлајн сервис. Воедно, плаќа и на оние серии кои не се снимани кај нив за дозвола да ги прикажува на сервисот.
Ако се сеќаваш имаше шпекулации дека новото шоу со Кларксон, Хемонд и Меј ќе го спонзорираат од Нетфликс, и тоа ќе значеше дека шоуто ќе ја лимитира публиката само таму, со цел повеќе месечни претплати и повеќе профит.
Што значи Нетфликс за Македонија? Во моментов ништо. Законите се толку толерантни кон торенти во моментов што се што ќе ти притреба можеш да си симнеш. Кога ќе влеземе во ЕУ ќе биде друга приказна и луѓето што не сакаат да гледаат телевизија веројатно ќе се претплатат на Нетфликс.
Actually, не. Нетфликс не е студио. Нетфликс почна како Content Delivery Service, односно додека немаше доволно брзи интернет конекции, пуштаа DVD-ја по пошта. Бизнис моделот успеа, ама полека-полека почнаа да се ориентираат кон стриминг.
Пред 3-4 години, кога станаа доволно големи и доволно профитабилни, почнаа да размислуваат самите да продуцираат/дистрибуираат свои содржини, без притисокот и ограничувањата од големите студија и продукциските/дистрибуциски куќи. Скоро све што имаат направено до сега е одлично, баш заради тоа. Би ги издвоил House of Cards, Jessica Jones, Daredevil, Making a Murderer, Orange is The New Black, Narcos, Sense8 итн.
Netflix во Македонија значи
легален пристап до многу содржини, особено содржини кои можеби и не можат да се најдат по торенти. Плус, значи, видео со добар квалитет (во услови на добра конекција, секако), а значи и поддршка за луѓето кои ги снимаат работите кои ги гледам. Огромен фан сум на House of Cards, Daredevil, итн. Со задоволство ќе одвојам 10 евра месечно за да ги поддржам во тоа што го прават и за да продолжат да го прават.