Искрено ќе кажам...преку таквото ми дојде од таа темата бензин дизел, па уште и да добивам „опомени“ од типот никој не те тера да читаш. Кога е таква работата, пријатно, се гледаме, јавете се кога ќе се подобри ситуацијата
Јас не знам кој те „опоменал“, ама реалноста е таа - форум е, и секогаш ќе има разно-разни дискусии. И да, стварно е толку лесно - ако некоја ствар не те интересира или те нервира, не ја читај.
Ок, така нека е...
Но штрумф е во право, а со Џиџи потполно се согласувам, сите да престанеме да читаме ко така... се тупи во другите теми, се губи на конструктивност на целиот форум. Посебно таа тема, ко жените на чешма...три страни конструктивен муабет нема! И незнам јас дали понеделнички сте пиеле пиво, возеле картинг или што уште не, јас, а и голем дел од луѓето тука тоа не го знаат и не го гледаат! И сеа јас се уклучувам на таа тема, го читам истиот муабет 654ти пат на 9876 страни и коментирам, „досадни сте со муабетов“ или што и да напишав нема врска форумот е за цела македонија, а не само за луѓето од Скопје
Ако мене никој не ме тера да читам, тогаш и јас никој не терам да се објаснува за истата работа по 1000-ти пат!