Бесцелна тема што прави само раздор меѓу клаберите.
Не би рекол дека раздор е правиот збор. Попрво би рекол дека го разигрува инаетот меѓу клаберите кој се одразува и во други теми. Потоа се жигосуваат некои членови и станува правило да се исмеваат секогаш кога се може. За раздор не би рекол пошто сепак, во понеделник сите пиеме пиво и муабетите од темите ги претвораме во смешки и фини муабети.
ОК си е темата, дискусијата е цело време помеѓу ист круг на клабери чат пат некој ќе ускокне, се врти константно, истите работи се докажуваат, никому ништо.
Мене ми смета што мора секоја друга да се засерува со тоа дизел вс бензин.
Јас мислам дека важам за мајтапџија и off-topic maestro на форумов, ама настрана од тоа иако во темата паѓаат заебанции нема поента веќе да се чита и учествува. Се што беше корисно се спомна. Сега останаа само глупости и критики на тема чиј стил на пишување каков е, кој користел факти, до кое ниво, на кој акцент и други глупости. Дури и да има нешто корисно на темата се засенува од глупости. Се ставаат глупави слики, се прават глупави споредби кои врска немаат со реалноста.
Јас би да се избришат тие 700 страни, да се ослободат неколку гигабајти меморија и темата СТРОГО да се модерира. Освен применливи муабети све друго да се брише. Да се смени смешното име и темата да биде булетин, односно некој да дојде и да прочита нешто корисно.