Иронично е што собираат од ќошето пред влезот на паркингот кај Градска болница, но не и возилата на „чуварите“.
Тоа што не се користи, не значи дека смее да се паркира на нејзе. Пред некој ден во гужвите имаше случај, да нема каде да помине амбулантно возило поради тоа што „третата лента не се користи“.
Хинт: за ептен да се изолирате од било какво дирање од страна на „законот“ (шала, нема никој да ве чепка, безбедни сте таму, ама ипак), ставете си фрешнерче на ретровизор со „МВР“, „Полиција“, нешто црно-црвено (може и за AC Milan да е, ама нема везе, никој нема да примети), било каква форма на лав (слободно може знакче од Пежо) итн. Бидете креативни.