Автор Тема: Паркинзи / Паркинг места низ нашите градови.  (Прочитано 253056 пати)

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29667
    • CARclub.mk
Одг: Паркинзи / Паркинг места низ нашите градови.
« Одговори #1530 на: 14 Октомври 2020, 10:29:31 am »
Не сум приметил. Знам дека е поставен нов асфалт таму и стварно е среден паркингот.

Не ми смета да е зонско, ако е веќе уредено и чисто.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7057
Одг: Паркинзи / Паркинг места низ нашите градови.
« Одговори #1531 на: 14 Октомври 2020, 10:35:09 am »
Како бе да не ти смета Зеро?!?

Тоа е јавен простор, без никаки згради, комерцијални објекти..ништо во радиус од 1 км. Не сфаќам зошто би ги платил тие 25 денари?
Тоа што треба да е уредено и чисто, е основна дејност на некои јавни претпријатија/општини пример Паркови и зеленило и Град Скопје. За тоа веќе плаќаме преку сметките и даноците.
« Последно менување: 14 Октомври 2020, 10:41:57 am AllMightyMe »

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Паркинзи / Паркинг места низ нашите градови.
« Одговори #1532 на: 14 Октомври 2020, 10:42:44 am »
Еден од најчудните и најдивите паркинзи е во самото срце на градот, буквално позади Собрание каде што се паркираат сите од околните министерства. Тука има знаци за службени возила, но се паркира кој стигне, кола врз кола едноставно. Ако ја оставиш тука, заборави ја во текот на денот, врати се вечер да си ја земеш.

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29667
    • CARclub.mk
Одг: Паркинзи / Паркинг места низ нашите градови.
« Одговори #1533 на: 14 Октомври 2020, 11:03:15 am »
Како бе да не ти смета Зеро?!?

Тоа е јавен простор, без никаки згради, комерцијални објекти..ништо во радиус од 1 км. Не сфаќам зошто би ги платил тие 25 денари?
Тоа што треба да е уредено и чисто, е основна дејност на некои јавни претпријатија/општини пример Паркови и зеленило и Град Скопје. За тоа веќе плаќаме преку сметките и даноците.

Абе и на Водно е јавен простор, без згради, па ете има зонско. Ова плус е во релативно централно градско подрачје, и поентата е да се одржи некаква контрола, не да се бутаат гз преку глава милион коли и да не може да се помине (како што се случувало, да бидеме искрени). Поентата е да се охрабри одење до таму пешки, или со точак, или нешто слично - ако веќе живееш reasonably блиску.

А комерцијални објекти има - ете ти го Маргер, ете ги ја Балканика, на 300 метра е АБЦ (кој има паркинг, ама често е преполн, иако и тој е зонски), итн..

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7062
  • хаУс мајстор
Одг: Паркинзи / Паркинг места низ нашите градови.
« Одговори #1534 на: 14 Октомври 2020, 11:12:33 am »
Тие на Пантелејмон во Горно Нерези направија зонско каде местото и паркингот се на манастирот, па во центар немало да направат.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20114
Одг: Паркинзи / Паркинг места низ нашите градови.
« Одговори #1535 на: 14 Октомври 2020, 12:44:01 pm »
Еден од најчудните и најдивите паркинзи е во самото срце на градот, буквално позади Собрание каде што се паркираат сите од околните министерства. Тука има знаци за службени возила, но се паркира кој стигне, кола врз кола едноставно. Ако ја оставиш тука, заборави ја во текот на денот, врати се вечер да си ја земеш.

ПОЦ е таму.

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1789
Одг: Паркинзи / Паркинг места низ нашите градови.
« Одговори #1536 на: 14 Октомври 2020, 13:18:33 pm »
@AllMightyMe каде е тоа стара Балканика поточно? Да не паркирам некогаш знаејќи дека е бесплатно и да не пратам порака.

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Паркинзи / Паркинг места низ нашите градови.
« Одговори #1537 на: 14 Октомври 2020, 13:30:36 pm »
@Silvester  по описов ми се чини некаде позади АБЦ накај Маргер кон летниковецот, ама можеби грешам, и мене ме интересира.

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1789
Одг: Паркинзи / Паркинг места низ нашите градови.
« Одговори #1538 на: 14 Октомври 2020, 13:38:48 pm »
Аха, епа не ме носи патот таму, не сум засегнат засега :)

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7057
Одг: Паркинзи / Паркинг места низ нашите градови.
« Одговори #1539 на: 14 Октомври 2020, 13:38:56 pm »
Како бе да не ти смета Зеро?!?

Тоа е јавен простор, без никаки згради, комерцијални објекти..ништо во радиус од 1 км. Не сфаќам зошто би ги платил тие 25 денари?
Тоа што треба да е уредено и чисто, е основна дејност на некои јавни претпријатија/општини пример Паркови и зеленило и Град Скопје. За тоа веќе плаќаме преку сметките и даноците.

Абе и на Водно е јавен простор, без згради, па ете има зонско. Ова плус е во релативно централно градско подрачје, и поентата е да се одржи некаква контрола, не да се бутаат гз преку глава милион коли и да не може да се помине (како што се случувало, да бидеме искрени). Поентата е да се охрабри одење до таму пешки, или со точак, или нешто слично - ако веќе живееш reasonably блиску.

А комерцијални објекти има - ете ти го Маргер, ете ги ја Балканика, на 300 метра е АБЦ (кој има паркинг, ама често е преполн, иако и тој е зонски), итн..

Поентата е да се собере дополнителен приход за да после се напикаат некои што трчкараат по митинзи.
И за паркингот на Водно не се сложувам дека треба да се плаќа. Треба едноставно да функционира системот на казнување. Еве ако се жалат дека  „немаат доволно луѓе“ за се да покријат, не ли може да направат една веб страна каде едноставно ти откако ќе сликнеш дека некој идиот паркирал на диво, им ја атачираш и нека процесира систем по регистрација, па казна на адреса. Ако не плати, нема поново регистрирање на кола. Самите ние да бидеме контролори.
Вака, верувај вчера имаше повеќе луѓе на тревник паркирано отколку на самиот обележан.

Ме нервира леснотијата со која се наметнуваат некои давачки што им текнале на некои мочкодиректори.

@AllMightyMe каде е тоа стара Балканика поточно? Да не паркирам некогаш знаејќи дека е бесплатно и да не пратам порака.

Стара Балканика, по ново Рустикана (ама  не онаа Рустикана 2 што е после влезот на ЗОО)

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20114
Одг: Паркинзи / Паркинг места низ нашите градови.
« Одговори #1540 на: 14 Октомври 2020, 13:47:29 pm »
Државата прави ли повеќе пари од ДДВ него паркинзи што прават од коли? :D

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43712
  • Il Moderatore
Одг: Паркинзи / Паркинг места низ нашите градови.
« Одговори #1541 на: 14 Октомври 2020, 13:59:10 pm »
Државата прави ли повеќе пари од ДДВ него паркинзи што прават од коли? :D
Тешко богами.... ГП и ПОЦ се златни кокошки, Веројатно и по другине градови е исто...

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7057
Одг: Паркинзи / Паркинг места низ нашите градови.
« Одговори #1542 на: 14 Октомври 2020, 14:43:20 pm »
Државата прави ли повеќе пари од ДДВ него паркинзи што прават од коли? :D

?!?

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10960
  • 430i
Одг: Паркинзи / Паркинг места низ нашите градови.
« Одговори #1543 на: 14 Октомври 2020, 16:08:30 pm »
додека сме пред Балканика, до пред короната имаше најдобра пастрмајлија во Скопје, се надевам сеуште е така

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20114
Одг: Паркинзи / Паркинг места низ нашите градови.
« Одговори #1544 на: 14 Октомври 2020, 17:10:00 pm »
Државата прави ли повеќе пари од ДДВ него паркинзи што прават од коли? :D
?!?

100.000 граѓани да казнат во ист ден со просечна казна од 50е,тоа се 5.000.000 евра.
Во 1 (еден) ден се наплатуваат толку пари од ддв, акцизи, персонален данок. Неданочните приходи се капка во морето.