Како бе да не ти смета Зеро?!?
Тоа е јавен простор, без никаки згради, комерцијални објекти..ништо во радиус од 1 км. Не сфаќам зошто би ги платил тие 25 денари?
Тоа што треба да е уредено и чисто, е основна дејност на некои јавни претпријатија/општини пример Паркови и зеленило и Град Скопје. За тоа веќе плаќаме преку сметките и даноците.
Абе и на Водно е јавен простор, без згради, па ете има зонско. Ова плус е во релативно централно градско подрачје, и поентата е да се одржи некаква контрола, не да се бутаат гз преку глава милион коли и да не може да се помине (како што се случувало, да бидеме искрени). Поентата е да се охрабри одење до таму пешки, или со точак, или нешто слично - ако веќе живееш reasonably блиску.
А комерцијални објекти има - ете ти го Маргер, ете ги ја Балканика, на 300 метра е АБЦ (кој има паркинг, ама често е преполн, иако и тој е зонски), итн..
Поентата е да се собере дополнителен приход за да после се напикаат некои што трчкараат по митинзи.
И за паркингот на Водно не се сложувам дека треба да се плаќа. Треба едноставно да функционира системот на казнување. Еве ако се жалат дека „немаат доволно луѓе“ за се да покријат, не ли може да направат една веб страна каде едноставно ти откако ќе сликнеш дека некој идиот паркирал на диво, им ја атачираш и нека процесира систем по регистрација, па казна на адреса. Ако не плати, нема поново регистрирање на кола. Самите ние да бидеме контролори.
Вака, верувај вчера имаше повеќе луѓе на тревник паркирано отколку на самиот обележан.
Ме нервира леснотијата со која се наметнуваат некои давачки што им текнале на некои мочкодиректори.
@AllMightyMe каде е тоа стара Балканика поточно? Да не паркирам некогаш знаејќи дека е бесплатно и да не пратам порака.
Стара Балканика, по ново Рустикана (ама не онаа Рустикана 2 што е после влезот на ЗОО)