И Варбург е подобра кола. Отвори реклама5 или пазар3 и види колку тојоти има на продажба, после пиши Форд, Рено или било која од овие твоите во списокот па ке видиш која е подобра. тојота д4д е мотор со век од 1 000 000 километри. имам другар со 1.4д4д 300 000 само уље и филтри менува ништо друго ни сијаличка нема сменето.
1. Ако тоа колку коли од некој бренд се на продажба ти е индикатор за тоа колку некои коли се добри или лоши, секоја чест на логиката. По твојата логика, пошто више скоро и да нема Фичовци на продажба, значи Фичо ти е најдобра кола у свет. Само напред.
2. Ако веќе споредуваш колку коли се продаваат половни, направи есап колку коли се продадени од некој специфичен бренд, па после тоа споредувај ја продажбата на половњаци. Во Македонија VW се продава 10:1 во однос на Тојота, можеби и повеќе.
3. Да одиме чекор понатаму - во Македонија во прошливе ~20-тина години официјално се увезени и продадени околу 130.000 нови возила (мислам, не ме држи за збор, ама тука е бројката некаде. Ја знаев точната и ја имам напишано некаде на форумов, ме мрзи да барам). Само во прошливе 4 години се увезени околу 130-150.000 половњаци - огромен процент од нив не се Тојоти. Јебига.
4. Според тебе, луѓето продаваат коли само ако им се расипат?
После сето ова, каква очекуваш бројката на половни Тојоти да биде на Пазар3 и Реклама5?
Нејсе, јас не реков дека се лоши. Реков дека не се добри. Просечни се. Досадни, неинвентивни, невозбудливи фрижидери, без ама баш ништо што ги издвојува и издигнува над конкуренцијата. Point A to Point B возила. Ок се. Просечни. Онака.