Не, вака било тоа: рекле „слушај, дај ќе им ги напраиме апла неточни онборд мерачот на потрошња, и плус тајно ќе вградиме синтетизатор на нафта, па кога ќе пуни резервоар до врв он мисли дека 65 литри стаил ама синтетизаторот ќе створи од ваздух уште 15 литри. Он нека си мисли дека потрошил 65 на 1000 градска бухахаха... и друго, во кровот ќе инсталираме гпс демодулатор/модулатор, да го дупи секоја могуча навигација, он вози 160 а таа му покажува 190. Згора на тоа, под хаубата ќе инсталираме транс-темпорална релативистичка матракука една, он ќе патува 15 минути од патарина до патарина но неговиот часовник ќе покаже помалку ахахаха“. Ама, некој искусен инженер се сетил „чекајте бе дечки, може Симо од карклуб.мк - го знаете, така? - ќе не провали и ќе прифати кладба за минимална потрошња низ град“ ама помладите остроумни колеги му рекле „пфффт не е проблем, нашите шпиуни во Алфа во сите алфи ќе турат таен извор на специјална дрога која потсвесно ќе ги спречува сопствениците да се кладат со нашите муштерии, немаш гајле...“