Сообраќајни знаци се: знаци за опасност; знаци за изречни наредби и
знаци за известување со дополнителна табла или без неа, која е составен дел
на сообраќајниот знак и која поблиску го определува значењето на
сообраќајниот знак; светлосни сообраќајни знаци; ознаки на коловозот, на
тротоарот и слично и светлосни и други ознаки на патот.
Ова го најдов и би требало тоа да е тоа. Според напишаното, казната на непочитување на сообраќаен знак е 25 евра или 15 поени.
(1) Јавните патишта се обележуваат со пропишани сообраќајни знаци, со
кои на учесниците во сообраќајот им се соопштуваат ограничувања, забрани и
обврски.
(2) Со сообраќајни знаци се обележуваат и опасностите од привремен
карактер.
(3) Учесниците во сообраќајот се должни да се придржуваат кон
ограничувањата, забраните и обврските изразени со поставените сообраќајни
знаци.
(4) На правното лицe надлежно за одржување на патот кое постапува
спротивно на одредбите од ставовите (1) и (2) на овој член ќе му се изрече глоба
во износ од 520 до1.350 евра во денарска противвредност.
(5) За прекршокот од ставот (4) на овој член глоба во износ од 550 евра во
денарска противвредност ќе му се изрече и на одговорното лицe во правното
лице.
(6) Глоба во износ од 25 евра во денарска противвредност во мандатна
постапка ќе му се изрече, односно ќе му се регистрираат 15 негативни бода
согласно со одредбите на овој закон, на учесник во сообраќајот кој постапува
спротивно на одредбата од ставот (3) на овој член