Автор Тема: Автомобилски Генерални Муабети  (Прочитано 476713 пати)

Отсутен Dodo

  • Бемвекријачко Пе*ерче
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2785
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #1110 на: 11 Април 2015, 19:03:16 pm »
Забрането е преминување преку полна линија, побарај што вели законот за тоа и колкава е казната. Јас ова би го третирал како претекнување на полна линија, а можеби и построго.

Отсутен DejzY

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1004
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #1111 на: 11 Април 2015, 19:07:27 pm »
Е ај фило е по закониве, ако не го мрзи нека побара и нека пиши. Јас барав и не најдов ништо, но не велам дека не е некаде пишано. Можеби ги утнувам термините при пребарувањето :)


Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #1112 на: 11 Април 2015, 19:10:12 pm »
Зависи од моменталното расположение на полицаецот. Значи конкретно кај Ситимол парче се прави за полукружно свртување или вртење лево кај што несмее.

 Ако не му е многу до казнување
Цитат
Член 25- Член 25-а
(1) Возачот не смее со возилото да врши полукружно свртување на
преслап, кривина, патен премин преку железничка пруга во ниво, на мост,
надвозник, подвозник, тунел или на други места на патот каде што нема
доволна прегледност.
(2) Глоба во износ од 45 евра во денарска противвредност во мандатна
постапка ќе му се изрече, односно ќе му се регистрираат 25 негативни бода
согласно со одредбите на овој закон, на возачот кој постапува спротивно на
одредбата од ставот (1) на овој член.

А ако сака да те утепа, полна линија 300еур и 3 месеци.

Отсутен Dodo

  • Бемвекријачко Пе*ерче
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2785
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #1113 на: 11 Април 2015, 19:12:02 pm »
Еј да бе, сега ме подсети, лани ме казнија кај сити мол за дупла пуна! Тоа беше казната 300 евра и 3 месеци возачка, али ме пушти само со поени.

П.С. Одтогаш никаде немам свртено нит полукружно ни пуна ни дупла пуна ни трупла пуна

Отсутен DejzY

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1004
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #1114 на: 11 Април 2015, 19:17:08 pm »
Колку што знам не можи 300 евра да бидат заменети со поени. Тоа е до 45 евра ако е казната. Или за друго ти ја пиша во то испратницата?

Дени јас полукружно вртам (ретко ама вртам) кај што е шајка права улицата, ни преслап ни кривина ни бутур. Да, и полна линија има и тоа ме буни. Бидејќи ја сечам и правам прекршок, но не знам колку е казната.

Се извинувам за офф, ако можи префрлете во случки со полиција...

Отсутен DejzY

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1004
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #1115 на: 11 Април 2015, 19:19:09 pm »
Муабетите за пресекување полна линија (Бог да чува и тоа стигнавме да го дискутираме) се тука.
Па подобро да се информираме овде за тоа и да сподели некој искуство, отколку да се пофалиме какви гајчи и чорапи си купивме (на автомобилски форум).

Отсутен Dodo

  • Бемвекријачко Пе*ерче
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2785
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #1116 на: 11 Април 2015, 19:19:48 pm »
Ми пиша друго нешто за 20-25 поени, најверојатно мобилен или незнам што.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #1117 на: 11 Април 2015, 19:26:37 pm »
Што да се информираме бе чоек?? Дали смееш да пресечеш полна факинг линија, пошто нигде ја немало во законот?? Нигде не пишува дали смееш со прекрстени нозе да возиш, па ај сеа треба да возиме така пошто немаат законска основа да не казнат?? Да му ебам мајката, ако до тоа стигнавме.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен DejzY

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1004
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #1118 на: 11 Април 2015, 19:52:59 pm »
Абе чоек, ако го нема (пак ќе речам можеби го има) во законот тоа како ќе ми ја пиши казната???

Со прекрстени нозе не можам да возам, а и сум немал потреба. За да свртам полукружно на улица кај што имам целосна прегледност и нема коли, можам и понекогаш имам потреба. Џабе се натегаме, ако знај некој нека кажи.

Отсутен Dodo

  • Бемвекријачко Пе*ерче
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2785
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #1119 на: 11 Април 2015, 19:56:07 pm »
Па ти кажавме де, ја газиш полната линија, а за тоа сигурно има закон. Кога веќе пробуваш егзотични маневри, пробај закочи со лева нога, ако имаш некој со тебе, замоли го да не биде врзан и направи го некаде на плац, кајшто нема сообраќај. Забавно е.

Едит, ај и ова во темата кајшто треба да биде

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #1120 на: 11 Април 2015, 19:59:04 pm »
Е ај фило е по закониве, ако не го мрзи нека побара и нека пиши. Јас барав и не најдов ништо, но не велам дека не е некаде пишано. Можеби ги утнувам термините при пребарувањето :)



Барав и ја, ја пишува како ''полната надолжна линија'', ама нигде нема за пресекување на истата и слично.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43710
  • Il Moderatore
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #1121 на: 11 Април 2015, 20:18:24 pm »
Од `75 е дефинирана надолжната полна линија во Службен весник на СФРЈ број 20 ;)

Член. 43
Надолжните ознаки на коловозот се употребу-ваат и значат:
1) полна надолжна линија на површината на коловозот означува забрана за возилата да преми-нуваат,преку таа линија или забрана за возилата да се движат по таа линија (цртеж V-1);


Тоа ти што го прашуваш е аналогно со : “Паркирав пред знак:



И ме казни полицаец. Во кој член пишува дека ваков знак значи дека не смејам да паркирам“

« Последно менување: 11 Април 2015, 20:24:33 pm Simo - Carrier166 »

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен DejzY

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1004
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #1122 на: 11 Април 2015, 20:47:30 pm »
 Сообраќајни знаци се: знаци за опасност; знаци за изречни наредби и
знаци за известување со дополнителна табла или без неа, која е составен дел
на сообраќајниот знак и која поблиску го определува значењето на
сообраќајниот знак; светлосни сообраќајни знаци; ознаки на коловозот, на
тротоарот и слично и светлосни и други ознаки на патот.

Ова го најдов и би требало тоа да е тоа. Според напишаното, казната на непочитување на сообраќаен знак е 25 евра или 15 поени.

(1) Јавните патишта се обележуваат со пропишани сообраќајни знаци, со
кои на учесниците во сообраќајот им се соопштуваат ограничувања, забрани и
обврски.
(2) Со сообраќајни знаци се обележуваат и опасностите од привремен
карактер.
(3) Учесниците во сообраќајот се должни да се придржуваат кон
ограничувањата, забраните и обврските изразени со поставените сообраќајни
знаци.
(4) На правното лицe надлежно за одржување на патот кое постапува
спротивно на одредбите од ставовите (1) и (2) на овој член ќе му се изрече глоба
во износ од 520 до1.350 евра во денарска противвредност.
(5) За прекршокот од ставот (4) на овој член глоба во износ од 550 евра во
денарска противвредност ќе му се изрече и на одговорното лицe во правното
лице.
(6) Глоба во износ од 25 евра во денарска противвредност во мандатна
постапка ќе му се изрече, односно ќе му се регистрираат 15 негативни бода
согласно со одредбите на овој закон, на учесник во сообраќајот кој постапува
спротивно на одредбата од ставот (3) на овој член

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #1123 на: 12 Април 2015, 02:43:21 am »
Абе чоек, ако го нема (пак ќе речам можеби го има) во законот тоа како ќе ми ја пиши казната???

Со прекрстени нозе не можам да возам, а и сум немал потреба. За да свртам полукружно на улица кај што имам целосна прегледност и нема коли, можам и понекогаш имам потреба. Џабе се натегаме, ако знај некој нека кажи.

можеш бе со прекрстени нозе да возиш... како неможеш.. .поготово автоматик возило...


а инаку колку што знам термин за пресекување на полн алинија нема.. има термин ПРЕМИНУВАЊЕ преку полна линија...

да ти подраздробам малку, па ти голтни:

возиш по улица некоја. од твојата лева страна им аполна линија... не смееш:

-да престигнуваш
-да вртиш полукружно
-да се престројуваш

т.е. не смееш никако да поминеш преку таа линија. ај сега побарај во законот под овие термини колкави се казните...

ете, престигнување на полна линија, или веројатно ке најдеш престројување во друга лента преку полна линија и полицаец би те казнил како престројување ако завртиш полукружно...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Присутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7826
  • Плинаш!!!
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #1124 на: 13 Април 2015, 11:02:24 am »
Просто кажано, полната линија преставува "ѕид" помеѓу две коловозни ленти!