А ти сакаш верувај сакаш не.
Да спомнам дека патот беше влажен, температурата над 7 степени, кокошарникот беше со зимски Dunlop Wintersport 3D, a минито со летни Michelin Energy Saver. Може затоа.
*) слично вака ми направи кога ми го сврте муабетот демек ја викам дека 1.5 дци влечел исто како и Alfa GT - a не го реков баш тоа - или како кога ми го сврте муабетот дека 1.5 дци бил бољи од v6 бензинец - а не го реков баш тоа. Зашто така ми правиш сламени плашила?
Види Филип, нема што да ти верувам или не. Јас ти верувам дека твоите перцепции се такви какви што се. Нема да прифатам дека ти правам сламени плашила, затоа што твои се речениците „алфата влече слично како кашкаито до 3000 вртежи“(парафразирам, да не ја бркам сеа реченицата по стари постови, ама ако треба и ќе го направам пак тоа), и слично за V6 Витарата (нешто беше „ништо, тапа, полошо од кашкаито“), како и оваа последнава: „Лепи на патот, ама и кокошарникот лепи. Не влегував побрзо во кривините отколку со кокошарникот.“
Ако овие вакви реченици не се споредба и притоа изедначување на одредени перформанси помеѓу солидно супериорни возила со твоето возило, тогаш не знам што се. После мене ми кажуваш дека сум строу мен. А реченициве твои се пуни со заклучоци врз база на погрешни претпоставки: Во првиот и вториот случај, користејќи ограничен вртежен ранг на бензинските мотори, споредуваш перформанси со (скоро)полниот вртежен ранг на твојот мотор, во последниот случај споредуваш држење а притоа ни едното ни другото возило не си ги довел до лимитите кога тоа држење преминува во критично, притоа користејќи исти услови на тестирање за двете возила.
Ретко кој ти го проголта ни муабетот со Витарата В6, верувам и со Алфа ГТ, а со држењево на куперот, може да се кладам дека секој што ја прочита реченицата си рекол во себе „што му е на овој бе....“
Не е ти праам јас ништо, сам си правиш. Јас само ти покажувам што си направил.