Автор Тема: Автомобилски Генерални Муабети  (Прочитано 492775 пати)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43926
  • Il Moderatore
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #225 на: 18 Јули 2013, 10:42:10 am »
Па и неговата косилица може (на удолница) преку 200 да ја натера - што е чудно тука?  :D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #226 на: 18 Јули 2013, 19:42:19 pm »
Го читаат форумот.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6670
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #227 на: 13 Август 2013, 13:27:15 pm »
Најпопуларните автомобили во СФРЈ (I дел)


СФР Југославија претставуваше своевиден спој на културите на Истокот и Западот, што се огледуваше во повеќе сегменти на друштвениот живот. Со тој атрибут можеше да се пофали и југословенскиот автомобилски пазар – имавме прилика да поседуваме збирка на разновидни модели од многу произведувачи, но секако, највеќе се купуваа возила од домашното производство. Меѓутоа, ни автомобилите од другите европски држави не беа ретки на нашите патишта. Палетата на производителите ги опфаќаше земјите како што се Франција, Италија, Источна и Западна Германија, Чехословачка, СССР итн. Поедини странски типови на автомобили беа дури и произведувани кај нас, што беше резултат на одлична стопанска соработка помеѓу Југославија и некои од наброените земји. Тоа беше случај со големиот италијански произведувач „Фиат“, кој соработуваше со „Црвена Застава“ од Крагуевац, францускиот „Рено“, кој имаше монтирано погони во фабриката IMV, во Ново Место или германскиот „Фолксваген“, чие производство беше сместено во фабриката TAS во Сараево.

Ќе ве подсетиме на најпопуларните модели од тоа време, а некои од нив можеме и денес да ги видиме на патиштата. Меѓу оние луѓе кои сеуште ги поседуваат овие, за денешни прилики можеби малку необични автомобили, се вистински вљубеници во олдтајмери, ентузијасти кои љубоморно ги чуваат своите железни миленици, редовно ги сервисираат и ги чуваат од забот на времето. Но, за жал, многу поголем е бројот на оние сопственици, кои заради финансиска неможност да купат некој од поновите модели, секојдневно ги користат овие возила, што е реална последица на суровата економска ситуација во која живееме.

Еден од најпопуларните автомобили во големата држава беше Zastava 750, нагалено наречен „Фиќо“. Производството започнало во 1962 година, во погоните на „Црвена Застава“, а првата верзија беше блиска копија на „Фиат 600“, со карактеристични врати кои се отвараа од напред. Цели генерации растеа со овој автомобил и многу возачи ги имаа своите први искуства и часови на возење, токму со овој легендарен југословенски мини. Производството траеше се до 1986 година. Во стандардната верзија развиваше 25кс, што беше доволно за најголема брзина од 110км/ч.




Покрај „Фиќото“, „Црвена Застава“ произведуваше и поголеми модели, како што беа „Застава 101“ – популарниот „Стојадин“, „Застава 1300“ – тристач, автомобил кој масовно беше испорачуван на милициските сили и воените пошти, за да, од 1981 година, „Застава“ започне производство на возила со името „Југо“, со моделите 45, 55 и 65, номенклатура која означуваше верзија и коњски сили на моторот, истовремено.





За овој популарен автомобил беше склопен ветувачки договор за извоз во САД, но голем успех на тој аранжман изостана и покрај поволните цени.
Автомобили кои ја облежаа една епоха и на кои со радост се сеќаваме.

http://www.visokioktani.mk/?p=5330
« Последно менување: 13 Август 2013, 21:59:55 pm Filomkd »

Отсутен Vlatzki

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2069
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #228 на: 13 Август 2013, 16:06:54 pm »
Свака част брат за постов... Имаш Скопско 0.5л од мене. ;D Стави уште некоја слика од Југо, да се знае што е кола. :D

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6670
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #229 на: 13 Август 2013, 17:36:49 pm »
Бујрум ;D











Доста се ? :D

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6670
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #230 на: 13 Август 2013, 21:59:12 pm »
Најпопуларните автомобили во СФРЈ (II дел)


Од странските автомобили, можеби најмногу внимание предизвикуваше „Мерцедес“, а најпопуларен меѓу нив беше моделот 200 D, од серијата 123. Претставуваше симбол на успех, ветуваше сигурно и удобно возење и ги мамеше воздишките на минувачите. Со него највеќе се гордееа нашите работници на привремена работа во странство, кои за време на годишните одмори доаѓаа во родните краишта и со него се обидуваа да го покажат „посебниот“ статус во тогашното општество.




Сепак, „Мерцедес“ не беше се што индустријата на Западна Германија го испорачуваше на потрошувачите во Југославија. Популарни беа и Prinz од фабриката NSU, а за легендарната „Буба“ не е потребно многу да се говори. Факт е дека тој автомобил се сметаше како вечен, благодарение на квалитетната каросерија и издржливиот мотор.




Потоа се појави „Голф“ – автомобилот со „ијада лица“. Неверојатно популарен и баран, како на почетокот со моделот Golf I, така и со „грбавецот“, неговиот наследник Golf II. Се верува дека во втората половина на 80-ите, на друмовите на „Југа“, секој втор автомобил беше возило со марка Golf.




Покрај наведените, не би било фер да го изоставиме еден друг бренд – „Опел“, а посебно неговите претставници – „Рекорд“ и „Кадет“. Беа интересни и омилени кај народот заради својата удобност и доверливост, но и конфорот – на патот за синиот Јадран нудеа доволно место за повеќечлена фамилија и комплетен багаж.




Француските производители во текот на 70-ите години на минатиот век ни „подарија“ неколку култни автомоили, пред се незаборавниот „Рено 4“, а со него мораме да ги споменеме и возилата на марката „Цитроен“, како што се Ami 8, „Спачек“, Dijana и DS19 – „Ајкула“.





http://www.visokioktani.mk/?p=5339

Извинете за дабл пост. :)


Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #231 на: 14 Август 2013, 15:43:31 pm »



Голема грешка што поновите модели се фејслифтирани. Ова било ремек дело.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6670
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #232 на: 14 Август 2013, 16:34:43 pm »
Има и трет дел од приказнава, за варбург, трабант, шкода, лада, ама од работа сум, кочи компјутеров и ке ми треба пола саат дур го склопам постот. Синока од работа го постирав вториот дел, едвај, првиот пат ми се укочи компјутерот, па рестарт и се одново.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #233 на: 14 Август 2013, 16:37:36 pm »
А да се префрлат овде :
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,6197.990.html

:)

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Kimi R

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3009
  • "Just leave me alone, I know what I'm doing"
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #234 на: 23 Август 2013, 00:41:02 am »
Пред некој ден видов нова Е класа. Морам да кажам дека бев пријатно изненаден од изгледот на истата, бидејќи во живо изгледа навистина убаво, но не поубаво од претходната. Муабетот ми е дека на слики изгледа одвратно, додека во живо е сосема друга приказна.

Отсутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2839
  • Слобода или смрт
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #235 на: 23 Август 2013, 23:28:26 pm »
Постојат коли кои изгледаат убаво на слики а во реалност не се. Постојат коли кои се убави и на слики и во живо. Има и такви кои се убави ама на слики не изгледаат баш нај нај. Само голф е одвратен секако.

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29791
    • CARclub.mk
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #236 на: 24 Август 2013, 09:37:56 am »
Пред некој ден видов нова Е класа. Морам да кажам дека бев пријатно изненаден од изгледот на истата, бидејќи во живо изгледа навистина убаво, но не поубаво од претходната. Муабетот ми е дека на слики изгледа одвратно, додека во живо е сосема друга приказна.

Ја па не можам да ја сварам новата Е-класа. И на слики, и низ град кога ќе ја видам (а веќе редовно гледам една бела). Не, не и не. Као кинеска копија на Е класа ми изгледа.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55051
  • Махер
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #237 на: 24 Август 2013, 09:41:20 am »
Пред некој ден видов нова Е класа. Морам да кажам дека бев пријатно изненаден од изгледот на истата, бидејќи во живо изгледа навистина убаво, но не поубаво од претходната. Муабетот ми е дека на слики изгледа одвратно, додека во живо е сосема друга приказна.

Ја па не можам да ја сварам новата Е-класа. И на слики, и низ град кога ќе ја видам (а веќе редовно гледам една бела). Не, не и не. Као кинеска копија на Е класа ми изгледа.
Баш така делува. Еден куп видов до сега Е класи и сите беа за никаде. Страшно лоша предница. Ретко лоша.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34155
  • Таков е животот... јебига
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #238 на: 24 Август 2013, 17:15:56 pm »
A new conspiracy theory

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29791
    • CARclub.mk
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #239 на: 04 Септември 2013, 23:23:37 pm »


Интересно и корисно.