Проблемот лежи во монополот што го имаат газдите-увозници. Практично, еден човек држи минимум десет различни брендови, а кога сето тоа ќе се сведе реално цените ги диктираат 3–4 луѓе. Тие си ги кројат цените како што сакаат, независно од брендот, а кога ќе треба да се правдаат, секогаш се вадат на трошоци, давачки и перцепција на купувачот-Се создава слика дека државата е единствениот виновник, а не е баш така.
Не бранам никој — јас прв сум за тоа да се возат нови возила, па дури и поевтини кинески модели, како што е примерот во Казахстан: ново е ново. Но кај нас е друга игра. Како купувач, не сум лут толку на државните давачки, колку на газдите кои го држат бизнисот. Возилата кај нас се прескапи: колку и да е крив системот со даноците, толку и тие дополнително ставаат цена. Плус, тие земаат поврат од државата, а ние купувачите — ништо.
Кога човек ќе погледне малку подлабоко, сфаќа дека, иако не бранам политика, не се баш само тие „горе“ виновни; многу од цените се диктираат од неколку поединци што работат на грбот на купувачите. Не знам искрено колку уште треба да ги поскапат новите возила за конечно да сфатиме што се случува. Во регионот сме убедливо меѓу најскапите по цена на ново возило и не е само државата причина, туку и луѓето кои ја контролираат играта.Кога ке има колективна свест за бојкот на ново возило не зависно кеш,лизинг тогаш ке им дојде памет како пред 15години што беше еден период буквално молеа,гуми гратис у стање беа и да се ебат да продадат кола само.Поголем процент се откажува на ново возило бидејки знае дека одма у старт 3 ,5,10 илјади евра лапа некој,па си вели половно немачка тука па држава има профит...