Автор Тема: Автомобилски Генерални Муабети  (Прочитано 559711 пати)

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6989
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #3195 на: 24 Ноември 2025, 10:00:50 am »
Имаме, можиме.

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2310
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #3196 на: 24 Ноември 2025, 11:50:06 am »
Секој втор ''претприемач'' добива генијална идеја да увезе кола и да ја продаде бидејќи ''има пари во тоа''.

Лично познавам луѓе кои увезуваат коли и ги продаваат, од што не знаат што да прават со себе и со парите. Познавам и такви кои увезуваат коли од 1000 евра со цел да ги продадат за 5000 и да се збогатат.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15005
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #3197 на: 24 Ноември 2025, 12:32:03 pm »
Секој втор ''претприемач'' добива генијална идеја да увезе кола и да ја продаде бидејќи ''има пари во тоа''.

Лично познавам луѓе кои увезуваат коли и ги продаваат, од што не знаат што да прават со себе и со парите. Познавам и такви кои увезуваат коли од 1000 евра со цел да ги продадат за 5000 и да се збогатат.

Сите играат на таа карта:

- Мали градски количиња купени за 1500 евра од Германија, ќе плати тука 1000 евра давачки, 500 за шминкање (полирање, закрпување седишта, волан) ќе бара 5500 евра после.

Да иначе 150 000км а реално е 350 000км.


Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2310
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #3198 на: 24 Ноември 2025, 13:09:17 pm »
Со оглед на тоа колку батал народ е останат во ќумезов, не ни очекувам поголема инвентивност.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6080
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #3199 на: 24 Ноември 2025, 13:22:18 pm »
Колата избегана од гилотиња тсму, плус ќе товариш уштњ три четворица во истата за назад до Мк, ќар колку сакаш :D
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20277
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #3200 на: 24 Ноември 2025, 15:06:44 pm »
Можно е да бројат и возила кои не се веќе во употреба.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30257
    • CARclub.mk
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #3201 на: 24 Ноември 2025, 15:21:09 pm »
Абе добар дел од тој народ вози сеа во Италија и Германија. Испразната е Источна.

Друга работа, од Јануари 2020 ги воведоа тие давачките за CO2, даноци на луксуз и шо ти не.

Покрај толку давачки, уште 200 000 возила плус.

Да не праиме муабет и колку има испоумрено. Ама бројката на возила се зголемува. Еве што сум пишувал годинава во Јануари.

А сето тоа е поради нелогичните давачки кои директно стимулираат купување (многу) стари возила. Возниот парк ни е поразително стар. Просечна старост на патничко возило во Македонија е 20 години.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15005
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #3202 на: 24 Ноември 2025, 15:54:34 pm »
Никогаш законите за увоз не ги направија како што треба.


Се што е Euro 6c треба да е ослободено од секакви давачки освен ете ДДВ, на крај на денот и намалено ДДВ.

Луѓето ќе бидат стимулирани да купуваат понови возила.

Вака посекако те репаат 40% данок, зошто да даваш пари за понова кола?

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30257
    • CARclub.mk
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #3203 на: 24 Ноември 2025, 16:18:30 pm »
Јас би стимулирал возење нови возила. Сум го зборел ова и порано. За нови возила (претходно нерегистрирани, и со поминати помалку од 20 километри), нека има flat rate данок од 5%. Ако треба, импортерите нека ги задржат истите маржи, нема проблем, па нека има и инспекција што ќе проверува дали ги задржале истите маржи и намалувањето на цената добиено од намалените давачки го пренеле на купувачите. Ако треба дури нека биде условено од потврда за рециклирано возило постаро од 15 години.

За користените возила, давачките нека останат исти. Дури и поголеми ако треба. Без лимит на еуро стандард. Колку постаро возило, толку повисоки и давачки за увоз, и годишни давачки за регистрација. Ако си мераклија, плати си.

Поентата е дека треба да биде поевтино и да се купи и да се одржува и да се вози ново возило. И со тие увозни давачки нека биде едно 5 години. Пак ќе ги земат истите пари, само што сериозно ќе се намали бројката на стари возила.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15005
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #3204 на: 24 Ноември 2025, 16:27:44 pm »
Буквално никаков стимуланс не даваат за купување на ново возило. За електрични, да не правиме муабет.

Цел свет се откажа од ДДВ на електрични возила, кај нас абер немаат.

Отсутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3386
  • Доктор наукa по светско признато знаење Џемс PhD
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #3205 на: 24 Ноември 2025, 16:43:50 pm »
Проблемот лежи во монополот што го имаат газдите-увозници. Практично, еден човек држи минимум десет различни брендови, а кога сето тоа ќе се сведе реално цените ги диктираат 3–4 луѓе. Тие си ги кројат цените како што сакаат, независно од брендот, а кога ќе треба да се правдаат, секогаш се вадат на трошоци, давачки и перцепција на купувачот-Се создава слика дека државата е единствениот виновник, а не е баш така.

Не бранам никој — јас прв сум за тоа да се возат нови возила, па дури и поевтини кинески модели, како што е примерот во Казахстан: ново е ново. Но кај нас е друга игра. Како купувач, не сум лут толку на државните давачки, колку на газдите кои го држат бизнисот. Возилата кај нас се прескапи: колку и да е крив системот со даноците, толку и тие дополнително ставаат цена. Плус, тие земаат поврат од државата, а ние купувачите — ништо.

Кога човек ќе погледне малку подлабоко, сфаќа дека, иако не бранам политика, не се баш само тие „горе“ виновни; многу од цените се диктираат од неколку поединци што работат на грбот на купувачите. Не знам искрено колку уште треба да ги поскапат новите возила за конечно да сфатиме што се случува. Во регионот сме убедливо меѓу најскапите по цена на ново возило и не е само државата причина, туку и луѓето кои ја контролираат играта.Кога ке има колективна свест за бојкот на ново возило не зависно кеш,лизинг тогаш ке им дојде памет како пред 15години што беше еден период буквално молеа,гуми гратис у стање беа и да се ебат да продадат кола само.Поголем процент се откажува на ново возило бидејки знае дека одма у старт 3 ,5,10 илјади евра лапа некој,па си вели половно немачка тука па држава има профит...
Доктор наукa по светско признато знаење Џемс PhD

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6613
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #3206 на: 24 Ноември 2025, 16:50:17 pm »
Јас би стимулирал возење нови возила. Сум го зборел ова и порано. За нови возила (претходно нерегистрирани, и со поминати помалку од 20 километри), нека има flat rate данок од 5%. Ако треба, импортерите нека ги задржат истите маржи, нема проблем, па нека има и инспекција што ќе проверува дали ги задржале истите маржи и намалувањето на цената добиено од намалените давачки го пренеле на купувачите. Ако треба дури нека биде условено од потврда за рециклирано возило постаро од 15 години.

За користените возила, давачките нека останат исти. Дури и поголеми ако треба. Без лимит на еуро стандард. Колку постаро возило, толку повисоки и давачки за увоз, и годишни давачки за регистрација. Ако си мераклија, плати си.

Поентата е дека треба да биде поевтино и да се купи и да се одржува и да се вози ново возило. И со тие увозни давачки нека биде едно 5 години. Пак ќе ги земат истите пари, само што сериозно ќе се намали бројката на стари возила.

Ерес.

Отсутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3386
  • Доктор наукa по светско признато знаење Џемс PhD
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #3207 на: 24 Ноември 2025, 16:50:21 pm »
Купуваме автомобили, плаќаме високи цени, а што ние купувачите добиваме назад од увозниците? Ништо. Тие прават огромни заработки секоја година, се објавуваат милионски суми и бројки на продадени возила, а прашањето е: што тие компании вратија назад за општеството? Каде инвестираа? Кое општествено добро го направија со тие пари? Реалноста е – ништо.

Разочаран сум, затоа што свеста кај нас е на поразително ниво. Тие ги изнесуваат парите надвор, а ние како купувачи мизеруваме и молчиме. Сѐ додека не се свестиме дека треба да постојат механизми за да се оданочат нивните профити – нема да има напредок.

Ако една компанија направи, да речеме, 2 милиони евра профит, логично е дел од тие пари да се вратат во заедницата – да се изгради инфраструктура, кружни текови, нешто корисно за граѓаните на кои им продаваат. Но реалноста е дека тие стануваат побогати на сите можни основи, а не придонесуваат воопшто за општото добро на сите нас.

Молам ова да биде разберено едукативно и интелктулано не да исправаме криви дрини, јас ке купам порше каде да го возам? од што тие направиле милиони што направиле последни 20 години во општеството... и етцц
Доктор наукa по светско признато знаење Џемс PhD

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1973
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #3208 на: 24 Ноември 2025, 17:03:59 pm »
Јас би стимулирал возење нови возила. Сум го зборел ова и порано. За нови возила (претходно нерегистрирани, и со поминати помалку од 20 километри), нека има flat rate данок од 5%. Ако треба, импортерите нека ги задржат истите маржи, нема проблем, па нека има и инспекција што ќе проверува дали ги задржале истите маржи и намалувањето на цената добиено од намалените давачки го пренеле на купувачите. Ако треба дури нека биде условено од потврда за рециклирано возило постаро од 15 години.

За користените возила, давачките нека останат исти. Дури и поголеми ако треба. Без лимит на еуро стандард. Колку постаро возило, толку повисоки и давачки за увоз, и годишни давачки за регистрација. Ако си мераклија, плати си.

Поентата е дека треба да биде поевтино и да се купи и да се одржува и да се вози ново возило. И со тие увозни давачки нека биде едно 5 години. Пак ќе ги земат истите пари, само што сериозно ќе се намали бројката на стари возила.

Не треба давачките на увоз да бидат повисоки за постари возила. Увоз на возило треба да има царина и ДДВ и толку. Офсетот треба да биде секоја година на регистрација да се плаќа еко такса во зависност од староста и еуро стандардот на возилото како што е во поголемиот дел на европски земји. На тој начин ќе се извади повеќе пари за време на животниот век на едно возило.

Сакаш да увезеш Еуро 2/Еуро 3 кола? Нема проблем, ама секоја година на регистрација по 2000 евра плус.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30257
    • CARclub.mk
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #3209 на: 24 Ноември 2025, 18:54:38 pm »
И така нека биде. Нема проблем. Иако мислам така нема да биде Доволно. Сè додека е многу, многу, многу поевтино да се вози стар крш, ќе се возат стари кршеви. Плус, кај нас се гледа само иницијалната сума, многу малку луѓе размислуваат колку би ги чинела колата долгорочно.