И така нека биде. Нема проблем. Иако мислам така нема да биде Доволно. Сè додека е многу, многу, многу поевтино да се вози стар крш, ќе се возат стари кршеви. Плус, кај нас се гледа само иницијалната сума, многу малку луѓе размислуваат колку би ги чинела колата долгорочно.
Па мислам дека годишна такса е баш поскапа специфично за кршевите. Дури и 100% да се увозни давачки од цената на колата, на кола од 4-5к тоа се пак 4-5к. Со високи еко такси тие пари ќе ги плати во 2-3 години регистрации, а просечна сопственост е сигурно подолга од 3 години.
Да, повеќето не гледаат колку ќе ги чини долгорочно од аспект на сервиси и гориво и такви работи, ама убеден сум дека сите знаат регистрација колку им е. Ако знаат дека регистрација ќе ги кошта 1500-2000 евра годишно прилично сум сигурен дека ќе купат нешто поново.
Само што, ова се идеи што одат многу контра на популистичките политики на двете најголеми партии во државава. Односно со ваков пристап се губат гласови и никогаш нема да се случи.

Плус, мислам дека вака би се привлекле луѓе што сакаат да увезат квалитетни класици, а моментално или не можат или не им се плаќаат увозните давачки одеднаш. И тоа ќе биде константен прилив на пари од скапите еко такси/регистрации (кои што овие сопственици би можеле да си ги дозволат).