Автор Тема: Автомобилски Генерални Муабети  (Прочитано 669567 пати)

Отсутен Diesel

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7003
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2580 на: 17 Јуни 2021, 10:37:32 am »
Дека го излажале, не го излажале, секако може да го заебаваат ако се затемнети стаклата, а тоа не е во сообраќајна запишано. Без разлика дали е фабрички или афтермаркет.

Работата е што од ништо-нешто се прави и се комплицира работата без потреба од институции кои не смеат да си дозволат да кажат "не можам предмет да најдам".

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2581 на: 17 Јуни 2021, 10:38:18 am »
@Mikius  Ако тебе некој те лаже од твои пријатели тогаш си имаш проблем поголем од мојот со стаклото. И тотално не ја гледам поентата дека некој ќе „лаже“ дека го казниле за затемнети стакла. Може па ти лажеш и затоа така размислуваш дека секој друг лаже... Како и да е

А за да се спасам од 200-300 еу казна ни крив ни должен, направив се што можев да направам.

Дизел си пиша од ништо се направи нешто, а јас ви дадов предупредување, кој има такви стакла, а не му се запишани во сообраќајна да си реагира на време, да не е после не сум ви кажал.
« Последно менување: 17 Јуни 2021, 10:43:42 am Inter1 »

Отсутен Leonid

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 916
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2582 на: 17 Јуни 2021, 10:52:51 am »
Во случајов кај мене, дадов документи за нова кола, не ми запишаа дека има фабрички темни во сообраќајна. После 2 години еден пријател ми кажа дека го казниле за фабрички темни, му рекле не знаеме дали се фабрички или не, нас не интересира што пишува во сообраќајната. Ради тоа одидов во МВР да прашам како да се запише стаклото, хомологација ми бараа, им викам ви дадов, па као не можеа предметот да го најдат и така пинг понг некое време.

После тоа ми текна преку технички преглед нешто да изиграм, тие ми викаат не може покрај нас, се подразбира дека се фабрички и имало некоја буква на стаклото Е или небитно и викаат се знае дека ова е фабрички и нема потреба од сообраќајна да ти стои. Па со нив се молев и со копии некакви што имав, слики им праќав од други градови дека во сообраќајна ставаат дека колата има фабрички стакла, па некако се согласија, па нешто лист а у ми дадоа небитно, после се молев со полицаецот да го прифати листот и на крај и тој прифати. Демек старата сум ја загубил, ми издаде нова...

И целава драма и пинг понг немаше да се деси, ако првиот пат запишеа одма или кога им го побарав предметот го најдеа во мвр, наводно не можеле да го најдат т.е. ги мрзеше :D
И кај мене не пишува, а купена е со затемнети задни во Порше. Да си збркам работа, да не го папам а?

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2583 на: 17 Јуни 2021, 10:58:34 am »
@Leonid  Во Куманово баш имам неколку души што купија нови коли овие 2-3 години, на сите им стои во забелешка фабрички затемнети. Јас се израчунав со себе, си викам додека се расправам со некој си неписмен што има налог десет казни во денот да пише, полесна опција ми беше да ги запишам стаклата во сообраќајна. Дали некој лажел/не лажел, дали другаров е единствен изолиран случај на казнет со затемнети или казнуваат се по ред не би знаел. Јас превентивно моето го завршив и споделив искуство. Види прашај, може ќе завршиш ти работа за 5 минути ако имаш среќа. Мене пинг понг ми се погоди ситоација, ама тоа е помина плус ете приказна за внуци :D

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2584 на: 17 Јуни 2021, 11:06:53 am »
Ајде бидејки имам проблем :)

Полицаец ти пишува казна за затемнети стакла, и понатаму како се одвива постапката?

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20397
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2585 на: 17 Јуни 2021, 11:14:01 am »
Ајде бидејки имам проблем :)

Полицаец ти пишува казна за затемнети стакла, и понатаму како се одвива постапката?

Не ти пишува казна, те праќа на технички и ти ја зима сообраќајната. Ги вадиш пред да отидеш на технички и не добиваш казна.

Отсутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7400
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2586 на: 17 Јуни 2021, 11:16:52 am »
Брачед има фабричка предна шофершајбна со бројки на неа 70/75% пропустливост, запишани му се во сообраќајната.

А фабрички фолии се вадат?

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2587 на: 17 Јуни 2021, 11:36:12 am »
Не знам како оди постапката и не сакам да дознаам, затоа превенирав. Инаку ова од нет:

„Во акцијата на МВР спроведена од 9 до 13 јуни, казнети се 45 лица, кои имале или затемнети стакла на возилата или посебни светлосни или звучни уреди. Дури 44 од казните биле за затемнувањето на стаклата, а една за уред за давање на посебни светлосни и звучни знаци во возилата.“

edit: линк и од мвр веста https://mvr.gov.mk/vest/16097

Ако сака некој да испита што како е постапката, нека застане до полицаец, нека му пишат казна па нека ја прераскаже процедурата тука за општо добро.
« Последно менување: 17 Јуни 2021, 11:48:40 am Inter1 »

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2588 на: 17 Јуни 2021, 11:52:19 am »
Ама нели зборуваме за фабрички затемнети стакла.

ПС лесно е да се каже дека казниле некого за фабрички затемнети стакла, но дај да видиме, како, што, кога итн.

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2589 на: 17 Јуни 2021, 11:55:18 am »
Ти кажав мое искуство плус споделив линк. Возрасен си, претпоставувам пензионер, имаш животно искуство, па како сакаш протолкувај и линкот и приказните и се. Од мене толку на оваа тема.

ПС Зошто лесно е да се каже дека некого казниле, баш затоа ти пишав да застанеш до полицаец, да те казнат, па да кажеш како оди после постапката. Или пак наместо да си готован, можеш да се јавиш до МВР да им побараш информации, слики, докази, па исто да пишеш инфо од твоето истражување, плус ќе си ценет овде дека со нешто си допринел. Ете ти дадов идеи, ама секогаш најлесната идеа бурек со јогурт победува.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20397
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2590 на: 17 Јуни 2021, 11:58:05 am »
Веста е за затемнети стакла. За фабрички затемнети стакла не може да се пише казна и нема што да се допишува во сообраќајкната. Тоа возило поминало хомологација.

Исто така “печени“ стакла може колку сакаш да се затемнети, регулациите се за фолии.

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2591 на: 17 Јуни 2021, 11:59:15 am »
Јас ви кажав што и како било, дали поминало или не поминало хомологација, секој за свој џеб и за своја кола си знае што е најдобро.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2592 на: 17 Јуни 2021, 12:24:09 pm »
Другар на другар на другарката дечкото му кажал на другар ми дека го грабнале вонземјанки и имал секс со нив, па поради тоа си купив кондоми за да бидам спремен ;D

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2593 на: 17 Јуни 2021, 12:32:39 pm »
Ти кажав, најголемиот бурекојадец тука. Свака част.
Исто така ти кажав дека си тежок пензионер. Фориве кај што си најпаметен и слично се од 49-та, макс ЈНА. Исто и за тоа браво. Ме „изнасмеа“. Ама се си оди со годините. Не ти замерувам ништо, топ си.

Отсутен Diesel

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7003
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2594 на: 17 Јуни 2021, 13:23:40 pm »
Веста е за затемнети стакла. За фабрички затемнети стакла не може да се пише казна и нема што да се допишува во сообраќајкната. Тоа возило поминало хомологација.

Исто така “печени“ стакла може колку сакаш да се затемнети, регулациите се за фолии.

Па, и не баш.

Како ќе му докажеш на пандурот дека фабрички се затемнети, а не афтермаркет?

Кој од тука има примерок од хомологацијата во колата?










*Јас имам, ама пошто ми ја утнаа шасијата во првата сообраќајна на Сузукито, па си направив еден примерок екстра.