Од каде па да знам што се треба дополнително да има впишано во сообраќајната освен основните податоци.
Си купил нова кола, си ја регистрирал, ти издале сообраќајна, си ја возиш и толку.
Не може да бидеш казнет за незапишан податок. Доколку мора да биде запишано ќе ти се укаже на потребата за исправање на пропустот и толку.
Точно, не сум должен да студирам едно чудо закони и да учам како и кои податоци службеникот треба да ги внесе во сообраќајна.
При пишување на казна во ваков случај, мислам дека лесно може да падне на суд. Бидејќи сепак, за ваков пропуст е крив службеникот.
Во мојот случај е впишано фабричкото затемнување во сообраќајна, а појма немав дека треба. Знаев само за модификации, плин/затемнување, треба атест и запишување во сообраќајна.