1.5 турбо бензин со 150кс и 240Нм во 1300кг шасија троши околу литар помалку на 100км отколку 2.0атмо бензин со 150кс и 200Нм во 1300кг шасија. Турбобензинот е дури повеќе динамично “малтретиран“ и најчесто побрзо возен од атмо моторот. Двата се возени најчесто на истите релации (и кратките низ Германија и долгите низ Европа), полнети од истите бензински, големина на гуми иста марка и димензија (205/55/16). Пресметката/споредбата е за околу 30к километри.