Автор Тема: Автомобилски Генерални Муабети  (Прочитано 534066 пати)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30074
    • CARclub.mk
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2280 на: 27 Ноември 2019, 18:02:25 pm »
Јас не знам ни за кои други форуми се праи муабет, ни за изјавите таму. Секако, многу е важно да знаеме и за какви релации правиме муабет. Дали правиме муабет за некој што седи и вози до работа 5 километри, или до скоро било кое друго место низ градов (како што правиме ние), или правиме муабет за некој што седнува во кола и вози на отворено 50-тина километри до работа, каде што вози 100-120, на 2000 вртежи во минута и соодветно на тоа просечната потрошувачка му паѓа.

Да не се лажеме, 95% од нашите километри тука во Македонија (барем на просечниот возач) се направени во град, во гужви, и на кратки релации. Затоа ми се порелевантни луѓе како Симо, Бушав и Микси со нивните градски потрошњи, отколку некој „друг форум“ за кој што нит знам како возат, нит па ги знам луѓето за да знам дали кажуваат вистина или не.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20212
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2281 на: 27 Ноември 2019, 19:12:21 pm »
Реално ни за овие не знаеш како возат ако не си пишат самите затоа и не е битно кој ќе ја пише потрошувачката, битно е само да си пишат нормално, агресивно, манијачко во град или на отворено.

Затоа ако прочитам едно мислење со ниска потрошувачка можеби и не е вистина, ама ако прочитам 50+ за различни модели и марки со 2.0 турбо мотори ќе ги земам за релевантни тие мислења.
« Последно менување: 27 Ноември 2019, 19:18:44 pm DarthJe5us »

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44370
  • Il Moderatore
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2282 на: 27 Ноември 2019, 20:31:13 pm »
Јас замолувам @Simo - Carrier159, @miksi и @Bu$aV MeGaNe да си кажат колку им трошат колите со нормално, човечко, не-кукумјавчење-ко-баба возење и возење во нормални, градски услови и гужви.

Едит: Да ги поканам и @InSides и @igor_xxxx - иако @InSides повеќето од километрите ги поминува на отворено.

Сигурен сум дека ниту еден од нив не е просечно под 12, градска. За на отворено не би навлегувал, пошто прашање е кој колку често вози на отворено и колку километри (во проценти) поминува на отворено со својата кола.
Кај Алфа и фабричкиот податок за градска не е така оптимистички како кај „еко френдли“ пријателите од конкуренцијата ;)
11.8l/100km е фабрички податок за потрошувачка. Јас сум над 12, под 13 во просек во град. Со клима, без клима, помалку гужва повеќе гужва... тука е некаде..

Имам другар, F30 330i 248hp мотор носи. Градските потрошувачки, а богами и оние на отворено нѝ се многу слични.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Sephiroth

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 412
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2283 на: 27 Ноември 2019, 23:14:32 pm »
Битното е тука дека можеш да увезеш Тесла (нова или половна) од Имачка без да платиш царина и данок. Па уште и ако ти врати германецот ддв.....

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7514
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2284 на: 27 Ноември 2019, 23:31:09 pm »
Симо не знаеш да возиш, на 250 коња ти троши 12.5. А тек па 400 коња. ;D :D

Отсутен miksi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1538
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2285 на: 27 Ноември 2019, 23:31:17 pm »
Мене на Шкодата општа потрошувачка за 36.000 километри ми е 11. Од прилика 50/50 град/автопат. Можеби и нијанса повеќе автопат. Најмалата потрошња на автопат ми била 7,5 Охрид - Скопје, што не е фер зашто од 700m идеш на 250m, значи удолница. Најголемата па била окулу 10 па така може да се земе автопат 8,7 реално. Градска се движи од 9,5 до 16,5. Значи просек 13.
Не знам како се бројките по каталог но мене ете како ми излегоа за една година возење како што треба. Не како буљаш баба и не како буљаш манијак.
Значи:
Град = 13
Автопат = 8,7
Општа потрошувачка по сметки за гориво = 11л/100км.

Инаку новиве мотори не трошат помалку затоа што се турбо туку затоа што имаат подобри и пософистицирани сензори за мерење параметри, подобри и побрзи компјутери кои што носат подобри одлуки каква смеса ќе направат во моментот, подобри услови за тестирање при нивниот развој, подобри материјали и подобри и полесни материјали на целата кола.
Така што турбо троши помалку од атмосферец не е точно!

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20212
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2286 на: 28 Ноември 2019, 02:45:45 am »
Јас никаде не реков дека троши помалце затоа што е турбо, реков дека сега имаме пристап до 2.0 турбаши со големи коњажи и релативно ниски потрошувачки, нормално ради усовршувањето на моторите. Затоа и реков:

Ekonomicnost - dobivas, no ne sekogas. Pomoknite motori (osobeno benzinci nad 150 ks) si trosat i denes, kako sto trosele i porano i pokraj bajkovidnite manufacturer claims.


Било кој 2.0 турбаш со 400 коња моментално троши околу 10. Која кола со 400 коња од минатото троши 10?


А пошто јас бев многу оптимистички настроен еве и од микси напишано дека имал и он потрошувачка од 10 некогаш. Според мене е ок кола со 300кс да има просечна градска 10-12л низ сообраќај.

Било кој 2.0 турбаш со 400 коња моментално троши околу 10. Која кола со 400 коња од минатото троши 10?
Бирај каде да те ставам:

1. http://forum.carclub.mk/index.php/topic,6784.11025.html

2. http://forum.carclub.mk/index.php/topic,974.3375.html

3.http://forum.carclub.mk/index.php/topic,170.6120.html


Јас замолувам @Simo - Carrier159, @miksi и @Bu$aV MeGaNe да си кажат колку им трошат колите со нормално, човечко, не-кукумјавчење-ко-баба возење и возење во нормални, градски услови и гужви.

Едит: Да ги поканам и @InSides и @igor_xxxx - иако @InSides повеќето од километрите ги поминува на отворено.

Сигурен сум дека ниту еден од нив не е просечно под 12, градска. За на отворено не би навлегувал, пошто прашање е кој колку често вози на отворено и колку километри (во проценти) поминува на отворено со својата кола.
Кај Алфа и фабричкиот податок за градска не е така оптимистички како кај „еко френдли“ пријателите од конкуренцијата ;)
11.8l/100km е фабрички податок за потрошувачка. Јас сум над 12, под 13 во просек во град. Со клима, без клима, помалку гужва повеќе гужва... тука е некаде..

Имам другар, F30 330i 248hp мотор носи. Градските потрошувачки, а богами и оние на отворено нѝ се многу слични.

Стави ги микси, симо и другар му сега во легендарни.

Микси да направи ремап ќе има 350кс+ и пак ќе му остане истава потрошувачка, не ми текнува мене атмосферец што ќе има ваква потрошувачка било ремапирана било фабричката мапа.
« Последно менување: 28 Ноември 2019, 03:05:54 am DarthJe5us »

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20212
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2287 на: 28 Ноември 2019, 03:00:47 am »
Нема повеќе акциза ама ќе има нов данок за нови и половни возила:

Со новиот Закон за акцизите (,,Службен весник на Република Северна Македонија,, бр.108/19, 143/19 и 225/19) патничките автомобили не се предмет на оданочување и од таа причина досегашната акциза на патнички автомобили ќе се регулира со нов посебен Закон за данок на моторни возила во кој ќе се уреди оданочувањето на моторните возила.

Данокот на моторните возила покрај вредноста на моторните возила ќе се пресметува и врз основа на износот на просечната емисија на јаглерод диоксид - CO2 изразена во грамови по километар.

(1)   Предмет на оданочување со данок на моторни возила се нови и употребувани моторни возила кои се увезуваат и/или за прв пат се ставаат во слободен промет и/или за прв пат се регистрираат во Република Северна Македонија и за кои не е пресметан и платен данокот на моторни возила, и тоа:
1)   патнички автомобили и останати моторни возила конструирани првенствено за превоз на лица, вклучувајќи моторни возила за комбиниран превоз на лица и стоки од типот караван, комби и слично, спортски автомобили прилагодени за употреба на патиштата од тарифните ознаки од Номенклатурата на Царинската тарифа: 8703 21, 8703 22, 8703 23, 8703 24, 8703 31, 8703 32, 8703 33 и 8703 90, освен амбулантни возила, доставни “van“ возила и погребни возила;

2)   патнички возила кои се движат на хибриден електричен погон (комбинација на мотор со внатрешно согорување и со електричен мотор како погонски мотор) и тоа:
   со можност да бидат полнети со приклучување на надворешен извор на електрична струја “plug-in“, од тарифните ознаки 8703 60 и 8703 70 и
   без можност да бидат полнети со приклучување на надворешен извор на електрична струја, од тарифните ознаки 8703 40 и 8703 50 .
(По исклучок на одредбите од став (1) на овој член, данокот на моторните возила од член 6 став (1) точка 2) алинеја 1 од овој закон се пресметува во износ намален за 50% од пресметаниот во став (2) на овој член).

(3)   Моторни возила кои не се предмет на оданочување со данок на моторни возила се:
1)   патнички возила кои се движат само со електричен погонски мотор, од тарифната ознака 8703 80;
2)   мотоцикли и скутери само со електричен мотор за погон од тарифните ознаки 8711 60 и
3)   трицикли и четирицикли само со електричен мотор за погон независно од нивната тарифна ознака во Номенклатурата на Царинската тарифа.

Пресметка на данокот
(1)   Данокот на моторните возила од член 6 став (1) точки 1), 2) и 4) од овој закон и одобрените моторни возила на кои е извршена преправка од друг вид во моторни возила од член 6 став (1) точки 1), 2) и 4) од овој закон се пресметува врз основа на податокот за износот на просечната емисија на јаглерод диоксид - CO2 изразен во грам по километар, податокот за износот на данокот на моторни возила за 1 грам јаглерод диоксид - CO2 за соодветна категорија во зависност од видот на горивото кое се користи за погон на возилото искажан во денари, податокот за продажната вредност на возилото без вклучен данок на додадена вредност искажан во евра во денарска противвредност според средниот курс на еврото на денот на пресметката или при увоз податокот за царинската вредност на возилото утврдена согласно царинските прописи и податокот за износот на царината, искажани во евра во денарска противвредност пресметани според курсот на еврото за утврдување на царинската вредност на денот на увозот, како и податокот за износот на процентот од вредноста на возилото за соодветна категорија.
(2)   Данокот на моторните возила од став (1) на овој член се пресметува како збир од вредносна и специфична компонента. Вредносната компонента е производ од вредноста на моторното возило наведена во став (1) на овој член и процентот од вредноста на возилото за соодветна категорија на вредноста, а специфичната компонента е производ од износот на просечната емисија на јаглерод диоксид - CO2 и вредноста за 1 грам јаглерод диоксид - CO2 за соодветна категорија во зависност од видот на горивото кое се користи за погон на возилото.



Колку се процентите за пресметување по категорија и колку се цените на цо2?

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2288 на: 28 Ноември 2019, 07:20:55 am »
Просечна ти вика му е 11 и тоа на на 50/50 отворено.
На Симо исто.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6579
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2289 на: 28 Ноември 2019, 07:48:11 am »
Хонда Акорд 2.4 атмо и скромни 200кс троши како од шала 15че во град овие запнале 13 било многу за шкода со 280кс и 2.0 мотор. Свашта.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2615
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2290 на: 28 Ноември 2019, 08:15:22 am »
@DarthJe5us
Член 11
Утврдување на податоци за пресметка на данок на моторни возила


(1)   На барање на надлежниот царински орган, обврзникот за плаќање на данокот на моторни возила е должен да достави фактури, испратници, купопродажни договори, потврда за сообразност за ЕУ одобрување на возилото (certificate of conformity - COC), комерцијални, трговски, службени или други документи и докази со кои располага, а кои се потребни за правилно и точно утврдување на податоците за пресметка на данокот на моторни возила.
(2)   На барање на надлежниот царински орган, производителот, претставништвото или трговецот кој е генерален застапник или увозникот на одредена марка моторни возила во Република Северна Македонија, е должен да даде стручна помош при утврдување на податоците важни за пресметка на данокот на моторни возила, а за таа цел треба да одредат контакт лице за комуникација со Царинската управа.
(3)   За цели на утврдување на данокот на моторни возила надлежниот царински орган во текот на постапката има право да побара информации потребни за правилно и точно утврдување на податоците за пресметка на данокот на моторни возила од институции во Република Северна Македонија и други земји кои се надлежни за обезбедување на потребните информации со цел правилно пресметување на данокот на моторни возила.
(4)   Доколку по утврдување на данокот на моторни возила надлежниот царински орган утврди дека податоците врз основа на кои бил утврден данокот за моторното возило не биле вистинити, во тој случај со решение ќе ја утврди разликата на данокот што треба да се плати.

Член 12
Потребна документација за утврдување на просечна емисија на јаглерод диоксид CO2 и ниво на емисија на издувни гасови


(1)   Износот на просечната емисија на јаглерод диоксид - CO2 и нивото на емисија на издувни гасови се утврдува врз основа на потврда за сообразност за ЕУ одобрување на возило (Certificate of conformity- COC), согласност за регистрација на возилото, потврда од производителот или негов овластен застапник или надлежен орган за идентификација и оцена на техничка состојба на возилото, износ на просечната емисија на јаглерод диоксид - CO2 во комбинирано возење изразена во согласност со новиот европски циклус на возење (New European Driving Cycle-NEDC) или согласно корелираниот NEDC, ако моторното возило е хомологирано во согласност со глобално усогласената испитна постапка за лесни возила (Worldwide Harmonised Light Vehicle Test Procedure), а за моторните возила кои се увезуваат од Соединетите Американски Држави, освен потврдата за сообразност (СОС) се бара Доказ за исполнетост на стандардот за емисија на издувни гасови ТИЕР 2 од 1999 година, кој го издава Агенцијата за заштита на животната средина (ЕРА).
(2)   Кога износот на просечната емисија на јаглерод диоксид - CO2 за моторното возило не може да се утврди согласно став (1) на овој член, во тој случај за цели на пресметка на данокот на моторни возила се смета дека износот на емисија на јаглерод диоксид - CO2 ќе изнесува 400 гр./км.
(3)   Кога нивото на емисија на издувни гасови на возилото не може да се утврди согласно став (1) на овој член, во тој случај за цели на пресметка на данокот на моторни возила се смета дека нивото на емисија на издувни гасови на возилото е во рамки на граничните вредности предвидени за Еуро 1 нормата.
(4)   Доколку во постапките што се водат поради незаконска употреба на моторно возило, странката не располага со валидна потврда за износот на просечната емисија на јаглерод диоксид - CO2 или податок за нивото на емисија на издувните гасови на возилото,надлежниот царински орган од овластено лице согласно одредбите од член 11 став (2) и (3) од овој закон ќе ги побара податоците за пресметка на данокот на моторни возила. Ако овластеното лице не може да ги утврди и достави бараните податоци, во тој случај за цели на утврдување и пресметка на данокот на моторни возила ќе се постапува согласно ставови (2) или (3) на овој член.

Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44370
  • Il Moderatore
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2291 на: 28 Ноември 2019, 08:19:22 am »
Не го спинувајте муабетот. Муабетот почна од овде:


Ekonomicnost - dobivas, no ne sekogas. Pomoknite motori (osobeno benzinci nad 150 ks) si trosat i denes, kako sto trosele i porano i pokraj bajkovidnite manufacturer claims.

I denes (kako i porano) ako sakas kola so (barem)  respektibilni performansi treba uubavo da se ispruzis nad modelot koj ti se nudi kako osnoven i koj seuste (kako i porano) zabrzuva do 100 ka nad  9 sekundi ili posporo, odnosno za 7 ili pomalku sekundi do 100 ka i denes, kako i porano se plaka debelo.. nezavisno dali gi postignuvas vo Polo GTI od 2019 ili Golf GTI od 2008.

Било кој 2.0 турбаш со 400 коња моментално троши околу 10. Која кола со 400 коња од минатото троши 10?


Ова тврдење не е точно. Околу 10 троши, само ако ако возиш како „sedated noun".
Во секоја останата прилика, троши над 13, повеќе накај 15-16. Што лесно се постигнува со модерен шетцилиндарец од 3200 кубици.

Ни Mикси, ни Insides ни јас, а верувам ни другите што земале турбо бензинец за перформанси, не рачунале на потрошња од 10л, во спротивно, дебело се заебале.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен igor_xxxx

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 440
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2292 на: 28 Ноември 2019, 08:20:24 am »
Јас замолувам @Simo - Carrier159, @miksi и @Bu$aV MeGaNe да си кажат колку им трошат колите со нормално, човечко, не-кукумјавчење-ко-баба возење и возење во нормални, градски услови и гужви.

Едит: Да ги поканам и @InSides и @igor_xxxx - иако @InSides повеќето од километрите ги поминува на отворено.

Сигурен сум дека ниту еден од нив не е просечно под 12, градска. За на отворено не би навлегувал, пошто прашање е кој колку често вози на отворено и колку километри (во проценти) поминува на отворено со својата кола.

Бордов вели 8 литри просечна за последните 3000км, ама кај мене е возењето скоро 80% од времето на отворено.

Низ Битола "градска" ми е просек 8,5-9 литри, а во Скопје кога сум е секогаш накај 11-12 (викенд возење)

Ова е "примерно" возење, ама далеку од влечкање, сепак 230+ коња треба да се искористат за забава :D

Поточно не можам да кажам, не ме интересирало до толку.Ионака знам дека со полн резервоар повеќе од 550-600км нема шанси да поминам.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44370
  • Il Moderatore
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2293 на: 28 Ноември 2019, 08:24:46 am »
Фино напишано, ама koko parye за кола со 99g/km а koko parye за кола со 250g/km и 400g/km?

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22224
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2294 на: 28 Ноември 2019, 08:25:38 am »
Не знам зошто воопшто водите дискусија и се докажувате за ова....
Да прочита некој од страна ќе се смее.