Автор Тема: Автомобилски Генерални Муабети  (Прочитано 534356 пати)

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20804
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2235 на: 30 Октомври 2019, 14:47:44 pm »
Не разбирам што се замараш со мојата личност или карактер. Културно објавив тест како твојот и почна како требало вака, требало така. Слободно пиши им на аутобилд да ја исправат неправдата што ти е нанесена. Бог да чува...

Не си ласкај, не си ми толку битен. Ни на крај памет не ми е да се замарам со твојата или било чија личност и/или карактер.

Како што ти културно објави тест, така јас културно објавив дека (во барем еден случај) споредбата е несоодветна. Кажав и зошто мислам дека е несоодветна.

Арно ама, како што реков претходно


Зошто било кој би споредил XC60 со V90? Или Q2 со А3? Или Х2 со 3ка? Претпоставувам за да може вештачки да се доближат со цените, па да има поента споредбата, иначе у нормална споредба, би требало V90 со XC90, A3 со Q3 и X3 со 3ка, ама така на некој нема да му биде по мерак.


Нема потреба до толку да паѓаш у несвест, у реду е.
« Последно менување: 30 Октомври 2019, 17:14:50 pm velestrumf »
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30074
    • CARclub.mk
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2236 на: 30 Октомври 2019, 14:56:35 pm »
Вчера се појавија посериозни гласини, а денес беа потврдени преговорите за спојување меѓу двата автомобилски гиганти – Fiat Chrysler Automobiles и Groupe PSA.

Иако првите гласини се појавија уште пред неколку месеци, до денес немаше никава официјална потврда околу преговори и потенцијално спојување на двата автомобилски гиганти. Сепак, во две посебни изјави, двете компании денес потврдија дека има „тековни разговори“ кои би можеле да водат кон спојување.

https://www.carclub.mk/2019/10/30/oficijalizirani-pregovorite-megju-fca-i-psa/

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6580
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2237 на: 30 Октомври 2019, 15:31:56 pm »
Се сложувам со кажаното од Влатко.

Но, доколку не би била експанзијата на СУВ и во исто време на нивно место би се купувале "нормални" коли, загадувањето би било помало.
Со резерва го земам податокот дека сув загадува повеќе.

Човештвото секогаш има потреба да впери прст кон некого како потенцијален виновник за состојбите.
Сосема си во право. Нормално дека СУВ ќе испушти повеќе цо2 во споредба со автомобил со ист агрегат, поради тежината и аеродинамиката. Проблемот е што, хејтерите на СУВ го користат ова да покажат дека они уствари многу се грижат за планетава и требало да возат само седани.

Hyundai i30 1.6 crdi 136
How ECO is the car?   116 g/km CO2
EURO VId - TEMP

Kia Sportage 1.6 crdi 136
How ECO is the car?   126-132 g/km CO2
EURO VId - TEMP

И овие 10 грама се вистинската причина на хејтериве да се прават "загрижени" по животната средина?  ;D

Зборот ми е, индустријата веќе полека но сигурно оди кон вадење хибрид модели и слична технологија, а нешто што само Тојота го имаше како технологија само до пред 5 години, денеска сме сведоци дека сите имаат модели со хибридна технологија. Самата форма на транспортното средство станува маргинална во однос на загадувањето. Најпрост пример ти е Тојота РАВ 4 хибрид.


Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2238 на: 30 Октомври 2019, 16:03:27 pm »


доколку не би била експанзијата на СУВ и во исто време на нивно место би се купувале "нормални" коли, загадувањето би било помало.

Човештвото секогаш има потреба да впери прст кон некого како потенцијален виновник за состојбите.
Така е. Чиста вистина. Тие се понеаеродинамични, поголема челна површина, поголема маса, повеќе rolling resistance, пошироки пневматици, помала прегледност, лоша дистрибуција на ударот, склони кон превртување, влошени перформанси, влошено управување, понеудобен начин на седење, поголемо влијание од странични ветрови...


...каде ќе ни крајот ако продолжиме со набројување.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44369
  • Il Moderatore
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2239 на: 30 Октомври 2019, 16:45:48 pm »
@vlatko.klp Овој график како ќе го оправдаме?


(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Дали разбираш англиски? Ако да, што подразбираш под поимот change in global emission by sector?

Или ја виде сликичката, и заклучи "ааха тешката индустрија загадува помалце од СУВ".

Ако утре се измисли нова форма на автомобил таа и се нарекува XYZ и се продадат 10.000.000 примероци, тогаш задутре ќе излезе ист ваков графикон на кој што XYZ ќе биде на прво место. Дали тоа значи дека XYZ е најголем загадувач?

Знам дека го знаеш одговорот ама не разбирам зошто се сила се правите на тошо. Тоа што го постираш е ништо повеќе од констатирајќи го очигледното што дете од 3 години ќе го разбере. Ако имаш огромен удел на СУВ во последниве 10тина години, тогаш нормално е и они да земат голем дел од колачот на обичните автомобили кога станува збор за загадување. Затоа и убаво си стои таму Other cars -75. Сигурно тие што купиле СУВ порано возеле обична кола а не камион или авион ебате беља.


Не не не, не е баш така. За дообјаснување, погледни го долниот график, каде вели „SUV sales are growing despite overall stagnation in the car market“.
Кога ќе се вратиш пак на горната табела имаш:
Стагнација во глобална продажба на автомобили, а зголемен импакт на околината во однос на испуштен CO2.
Кога би имало стагнација во продажба на секој сегмент автомобили, би имало и стагнација во испуштениот CO2 од СИТЕ возила (или во најмала рака би го прател трендот на продажбата, ако не и помал, заради построгите еко норми и поголемата застапеност на хибриди и EV). Но не, бидејќи се намали бројот на другите возила, а се зголемил бројот на SUV, се зголемил импактот кон животната средина за 544-75=469 милиони тони CO2, затоа што луѓето решиле наместо своите нормални коли да ги возат, да го сменат животниот стил и да гледаат од повисоко.




Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен mkm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1305
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2240 на: 30 Октомври 2019, 17:03:48 pm »
Муабетов меѓу другото е од една страна претерана грижа за човековата средина и чист воздух, миљон рестрикции во однос на издувни гасови, забранети зони за сообраќај развој на неизвесни технологии за погон на патнички и товарни превозни средства, а од друга страна гедонизам, се поголеми порастрошни и понеекономични коли т.е. СУВ-ови и џипови. Апсурд

Отсутен mkm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1305
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2241 на: 30 Октомври 2019, 17:05:58 pm »
Се сложувам со кажаното од Влатко.

Но, доколку не би била експанзијата на СУВ и во исто време на нивно место би се купувале "нормални" коли, загадувањето би било помало.
Со резерва го земам податокот дека сув загадува повеќе.

Човештвото секогаш има потреба да впери прст кон некого како потенцијален виновник за состојбите.
Сосема си во право. Нормално дека СУВ ќе испушти повеќе цо2 во споредба со автомобил со ист агрегат, поради тежината и аеродинамиката. Проблемот е што, хејтерите на СУВ го користат ова да покажат дека они уствари многу се грижат за планетава и требало да возат само седани.

Hyundai i30 1.6 crdi 136
How ECO is the car?   116 g/km CO2
EURO VId - TEMP

Kia Sportage 1.6 crdi 136
How ECO is the car?   126-132 g/km CO2
EURO VId - TEMP

И овие 10 грама се вистинската причина на хејтериве да се прават "загрижени" по животната средина?  ;D

Зборот ми е, индустријата веќе полека но сигурно оди кон вадење хибрид модели и слична технологија, а нешто што само Тојота го имаше како технологија само до пред 5 години, денеска сме сведоци дека сите имаат модели со хибридна технологија. Самата форма на транспортното средство станува маргинална во однос на загадувањето. Најпрост пример ти е Тојота РАВ 4 хибрид.



-Споредбата ти е меродавна во лабораториски а не во реални услови
-Хибридот е делумно решение во урбана средина, а не и на отворен пат

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2242 на: 30 Октомври 2019, 18:25:58 pm »


доколку не би била експанзијата на СУВ и во исто време на нивно место би се купувале "нормални" коли, загадувањето би било помало.

Човештвото секогаш има потреба да впери прст кон некого како потенцијален виновник за состојбите.
Така е. Чиста вистина. Тие се понеаеродинамични, поголема челна површина, поголема маса, повеќе rolling resistance, пошироки пневматици, помала прегледност, лоша дистрибуција на ударот, склони кон превртување, влошени перформанси, влошено управување, понеудобен начин на седење, поголемо влијание од странични ветрови...


...каде ќе ни крајот ако продолжиме со набројување.
Коментарот ми беше единствено во поглед на поголемото загадување од возењето СУВ.

Парадоксално е некој што вози Дизел лимузина од 200 коња на релација од 2км да кажува дека Спортажот бензинец загадува повеќе на релација од 7 км. И во двата случаи нека станува збор за возила од 2019та.

Да не се разбереме погрешно, и јас не можам да ги сварам Сувовите како концепт, особено не за цената.

Муабетот ми е да не отидеме во лов на вештици со муабетите.

Отсутен was

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 379
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2243 на: 04 Ноември 2019, 07:06:02 am »
The end of Honda reliability 🤔
https://youtu.be/rc1_rvMZAg0 - Scotty Kilmer

Отсутен marmlad

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4220
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2244 на: 04 Ноември 2019, 15:08:17 pm »

Отсутен mkm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1305
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2245 на: 15 Ноември 2019, 21:42:16 pm »
Кога излезе ова чудо, ич не ми се допаѓаше

Ова па ептен ме бендиса


А уствари стана тренд




И на крај Шкода



Значи сепак се визионери


Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34295
  • Таков е животот... јебига
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2246 на: 15 Ноември 2019, 22:29:38 pm »
Шкодиве веќе заборавија каде тргнаа

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8893
  • Малерозен дрводарец
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2247 на: 15 Ноември 2019, 22:35:23 pm »
Сите личат како недовршено дело.

Фазонов е сè уште во процес.

Го чекам денот кога некој тоа ќе го направи саглам, да личи на нешто.

Шкодилакот - нема да го напаѓам само заради тоа што возам еден, инаку леле леле...
Министерство за транс, поп и виски.

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7231
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2248 на: 15 Ноември 2019, 22:39:22 pm »
Сите личат како недовршено дело.

Фазонов е сè уште во процес.

Го чекам денот кога некој тоа ќе го направи саглам, да личи на нешто.

Шкодилакот - нема да го напаѓам само заради тоа што возам еден, инаку леле леле...

Твојот шкодилак ми е ептен кул и радо би поседувал еден со 4х4, а ова е одвратно у најмала рака.

Изгледа дека вирусот Мултипла е поопасен од Ебола.

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8893
  • Малерозен дрводарец
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2249 на: 15 Ноември 2019, 22:50:08 pm »
Министерство за транс, поп и виски.