Златко ама зошто настапуваш ти и многу други од позиција на некакви судии и само вие знаете што е вистинското, пошто ако возиш кола што не е сув ти си на некој начин имун на капитализмот?! Или вие сте на некој начин по-паметни, по-рационални, имате капаците да размислувате логично? Ти не си маѓепсан и слеп а возиш Мерцедес Б класа? Како што пред 10-20 години авто индустријата трошела пари по маркетинг за седани, хечбекови и моноволуменски возила така сега истото се случува со СУВ.
Затоа, еиткети од типот ГЛУП, СЛЕП, МАЃЕПСАН итн итн едноставно не соодвествува со реалноста туку многу субјективно се гледаат работите, а од друга страна напорно се фурате дека сте на некој начин објективни.
Сите ваши материјални предмети со висока вредност што ги поседувате дома или пред гаража на некој ќе му бидат логични, на некој не. Затоа, барање некаква си логика зошто некој сакал сув а некој хечбек е тотална беспредметна дискусија.
Не знам дали е за мене наменето ова или не, ама еве сепак...
Нити сум судија, ни сакам да бидам. Океј, малце во афект ги спалив на клада ѓубрињата од мини-компакт-СУВ класата и тие што го одобриле нивното производство, али оправдано е, пошо немаат поента

Не ми е гајле дали некој сака да вози СУВ или не, негово право е.
Дали е некој глуп, слеп, маѓепсан или што знам, не знам, не е мое поле на експертиза да проценувам.
Не знам зашто да е беспредметна дискусија нешто што е актуелно во светот на автомобилите. Ако ти е тебе беспредметна дискусија, едноставно не учествувај во истата.
Јас го споделив моето искуство и мојата перцепција за нешто што од пред неколку години е во тренд. Да не ќе смени тоа нешто во целата работа? Ма јок.
Мене лично, ме иритира дволичноста околу целата работа...
Ај сеа ќе влечеме потези во насока на заштита на планетата, климата, околината итн. Како? Епа ќе направиме возила со намалена аеродинамика во однос на „обичните“ возила, ќе туриме нисколитражни пренавиени турбо-бензинци, кои ќе трошат и загадуваат (многу) повеќе отколку што е декларирано, ама нема да смееме да ставаме дизели, пошто дизелот е чедо на Сатаната, иако за поголемо возило, со некакви, макар и маргинални оф-роуд потенцијали, логичниот избор би бил дизелски агрегат.
Е сеа, еве нешто за дискусија, доколку некој сака да учествува...
Што троши и загадува повеќе, нисколитражен турбодизел кој ќе има подобра автономија и вртежен момент (кој е потребен во дадени ситуации, пошто сепак е СУВ) но ќе загадува повеќе ама поретко, или нисколитражен турбобензинец, кој ќе троши повеќе, па ќе загадува почесто?
Дополнително, доколку СУВ возилата се користат согласно нивното име, тогаш прашање е колку би издржал тој нисколитражен турбо бензинец? На пример, ако товариме еден СУВ со ствари за кампување, точаци и слично, колку ќе троши и загадува? Повеќе или помалку во однос на истото возило ама со турбо дизел под хауба? Па уште и приколка да му закачиме, кај ќе му биде крајот?