Автор Тема: Автомобилски Генерални Муабети  (Прочитано 568402 пати)

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6624
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2190 на: 23 Октомври 2019, 13:43:39 pm »
Што троши и загадува повеќе, нисколитражен турбодизел кој ќе има подобра автономија и вртежен момент (кој е потребен во дадени ситуации, пошто сепак е СУВ) но ќе загадува повеќе ама поретко, или нисколитражен турбобензинец, кој ќе троши повеќе, па ќе загадува почесто?

Дополнително, доколку СУВ возилата се користат согласно нивното име, тогаш прашање е колку би издржал тој нисколитражен турбо бензинец? На пример, ако товариме еден СУВ со ствари за кампување, точаци и слично, колку ќе троши и загадува? Повеќе или помалку во однос на истото возило ама со турбо дизел под хауба? Па уште и приколка да му закачиме, кај ќе му биде крајот?

Овој коментар мислам дека покажува колку е беспредметна дискусијата.

Што троши и загадува повеќе, твојот опел инсигниа или кога идеш со точак на работа?

Иначе, ти опелот според согласното име (караван) секогаш кога возиш го полниш ѓепекот до крај? Пошто претпостауввам имаш караван токму поради желбата за поголем простор позади и самиот простор е по-практично уреден поради самата форма. Или па го искористуваш тој благодет само кога имаш потреба и сигурно не секогаш? Се надевам дека сфаќаш ако имам СУВ особно не модерен сув треба да го возам стриктно на планина. Со класичен СУВ, секогаш имам подобра прегледност на сообраќајот пред мене, секогаш седнувањето и станувањето од кола ќе ми биде полесно, секогаш кога ќе ставам бебе во седиште ќе ми биде полесно, и секогаш ќе преовладува тоа чувство на простор што обична кола неможе да го понуди.  И што има лошо во тоа не разбирам. Тоа што некаде СУВ е репер за да се покаже некаков си статус, не значи дека сите други што имаат сув заради икс други причини може да ги ставиш во таа категорија на луѓе што сакаат да се курчат. Едноставно на некој му е мерак.

Прочитај си го твојот личен тест на Опел Грандланд особено во делот за просторот  :)

http://forum.carclub.mk/index.php/topic,22430.msg1012441.html#msg1012441

Цитат
По отворањето на вратите, понудата на простор во кабината едноставно плени. Има навистина многу место, како на предните, така и на задните седишта. Како кај надворешноста, така и кај внатрешноста на Grandland X, преовладува смиреност и култивираност, без непотребни експерименти.

Цитат
Имајќи ја предвид височината на возилото и неговиот габарит, за пофалба е држењето во кривини.

А зашто мислиш дека е беспредметна, тоа не ми е јасно... Остај сеа точаци и тие работи, еве кажи ми твое мислење, без да философираш, па глобални економии, маркетинг стратегии и што ти ја знам, туку еве, едноставно, што ти мислиш во врска со болдираното?

Точно дека сум го кажал тоа за Grandland X, пошто така сум го увидел и доживеал. Тоа не значи дека компактниот хеч на кој е базиран има сиромашна понуда на простор, па сега ова е откровение на векот.

Ете мојот караван ги прави сите можни работи кои ги прави горенаведениот СУВ, без никаков проблем. Зошто тогаш би ми бил СУВ? Со класичен, секојдневен СУВ, секогаш ќе бидеш поголема препрека во сообраќајот према другите учесници во сообраќајот, често ќе бидеш кнап во паркинг местото (мада добро тоа не е само за СУВ, туку за било која поширока кола и нормално, под претпоставка дека другите се паркирале како што треба), секогаш ќе ги заслепуваш тие пред тебе, и во не дај Боже, несреќа, секогаш драстично ќе ги намалуваш шансите за преживување на другите учесници во сообраќајот, кои не се во СУВ. Зошто?
Eпa aj ако не да забраниме автобуси, шлепери, комбиња пошто намалуваат видливост за нас обичните смртници што возиме коли. Бегаш од тоа што го напишав очигледно, но што е тоа е нема потреба да се напрегаме. Имаш толку конзервативни ставови кон СУВ зошто биле високи и тешки, па загадување мајко моја, а од друга страна ти што пред паркинг возиш караван поради некои твои лични потреби, тоа е ОК.

Инаку, искрено тоа што си го болдирал немам претстава кон што целиш. Твојот караван поради тежината загадува повеќе од ист таков опел седан. Да ти го забраниме сега тоа?! Тој што вози в8 мустанг не е СУВ а загадува колку 3 каравани, 2 сувови и  4 хечбеци заедно. Веќе муабетот се тера кон некакво си ограничување во изборот зошто едново загадувало 2 цо2 на км повеќе од друго.

Иритира глумењето познавање на нешто што е личен избор и неможе да да дискутира од аспект ова нечини, тоа нечини. Од форумов можеш да сфатиш дека ако имаш сув ти си глуп, нерационален, сакаш да се курчиш, не си логичен пошто за истите пари се зима xyz. Секој си има свои потреби и причини за нивниот избор.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20834
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2191 на: 23 Октомври 2019, 14:20:25 pm »
Убаво те замолив за мислење во врска со ова

Што троши и загадува повеќе, нисколитражен турбодизел кој ќе има подобра автономија и вртежен момент (кој е потребен во дадени ситуации, пошто сепак е СУВ) но ќе загадува повеќе ама поретко, или нисколитражен турбобензинец, кој ќе троши повеќе, па ќе загадува почесто?

и пак џабе... Отиде да забрануваш автобуси, шлепери и комбиња... Зошто, ваљда ти си знаеш...

Толку ти е проблем да направиш муабет без да се натегаш и напињаш?

Моите ставови за СУВ се такви, поради тоа што сум возел некои од нив, и не сум успеал да си објаснам зашто толку се паѓа во несвест по нив, поради тоа што според мене, не нудат толку повеќе во однос на обично возило, а од друга страна, факт е дека
Со класичен, секојдневен СУВ, секогаш ќе бидеш поголема препрека во сообраќајот према другите учесници во сообраќајот, често ќе бидеш кнап во паркинг местото (мада добро тоа не е само за СУВ, туку за било која поширока кола и нормално, под претпоставка дека другите се паркирале како што треба), секогаш ќе ги заслепуваш тие пред тебе, и во не дај Боже, несреќа, секогаш драстично ќе ги намалуваш шансите за преживување на другите учесници во сообраќајот, кои не се во СУВ.

И сеа што?
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6624
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2192 на: 23 Октомври 2019, 14:41:31 pm »
Не се паѓа по несвест воопшто по сувови тоа е целата работа, туку хејтерите дигаат непотребна галама. Кај си прочитал дека некој што купил СУВ да се курчи по форуми како он знае а ние другите што возиме коли сме глупи? Или малце е обратна ситуацијата? Или па имате трауми некој со х5 ви се убутал пред вас без жмигавец. Значи, да го тргнеме субјективното на страна. Јебига, и мене ми смета што гледам млади и стари теткици што немаат појма од автомобили, а возат Порше Кајен ама неможам да го хејтам џипот, јебига.

Во врска со твоето прашање, треба да бидеш многу по-конкретен. За каков сув се работи, каков мотор. На пример Тојота Рав-4 хибрид е СУВ а загадува помалце од 99.9% од возниот парк во Македонија.

Фактот што го опиша за СУВ и дешаванките дека повеќе сметаш, па било тешко за паркирање, па си препрека за другите итн. истите тие работи важат и за комбенца, фургони, шлепери, автобуси. На крај краева тој што вози сув плаќа повеќе осигурување, данок, регистрација, гумите се поскапи итн.

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3314
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2193 на: 23 Октомври 2019, 15:27:14 pm »
Пробав на салата и ракија да ја свртам работата, ама ја затеравте у друга насока.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10338
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2194 на: 23 Октомври 2019, 15:29:18 pm »
Многу бибер тури, затоа ;D

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7368
  • French diamond
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2195 на: 23 Октомври 2019, 15:42:50 pm »
Јас радо би драјвал едно вакво

Инаку кратко време возев Дастер од работа и многу е подруг и подобар филингот од возење на  високо, за разлика од кола. И јас би СУВ, на пример нека ми падни X1 на грепка од Мини Макси со ќеф ќе го возам   ;D

Отсутен Angel Skopje

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 272
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2196 на: 23 Октомври 2019, 15:48:45 pm »
Не се паѓа по несвест воопшто по сувови тоа е целата работа, туку хејтерите дигаат непотребна галама. Кај си прочитал дека некој што купил СУВ да се курчи по форуми како он знае а ние другите што возиме коли сме глупи? Или малце е обратна ситуацијата? Или па имате трауми некој со х5 ви се убутал пред вас без жмигавец. Значи, да го тргнеме субјективното на страна. Јебига, и мене ми смета што гледам млади и стари теткици што немаат појма од автомобили, а возат Порше Кајен ама неможам да го хејтам џипот, јебига.

Во врска со твоето прашање, треба да бидеш многу по-конкретен. За каков сув се работи, каков мотор. На пример Тојота Рав-4 хибрид е СУВ а загадува помалце од 99.9% од возниот парк во Македонија.

Фактот што го опиша за СУВ и дешаванките дека повеќе сметаш, па било тешко за паркирање, па си препрека за другите итн. истите тие работи важат и за комбенца, фургони, шлепери, автобуси. На крај краева тој што вози сув плаќа повеќе осигурување, данок, регистрација, гумите се поскапи итн.

тој што вози сув плаќа повеќе осигурување, данок, регистрација, гумите се поскапи итн. ? ? ?

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20281
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2197 на: 23 Октомври 2019, 16:00:43 pm »
Не се паѓа по несвест воопшто по сувови тоа е целата работа, туку хејтерите дигаат непотребна галама. Кај си прочитал дека некој што купил СУВ да се курчи по форуми како он знае а ние другите што возиме коли сме глупи? Или малце е обратна ситуацијата? Или па имате трауми некој со х5 ви се убутал пред вас без жмигавец. Значи, да го тргнеме субјективното на страна. Јебига, и мене ми смета што гледам млади и стари теткици што немаат појма од автомобили, а возат Порше Кајен ама неможам да го хејтам џипот, јебига.

Во врска со твоето прашање, треба да бидеш многу по-конкретен. За каков сув се работи, каков мотор. На пример Тојота Рав-4 хибрид е СУВ а загадува помалце од 99.9% од возниот парк во Македонија.

Фактот што го опиша за СУВ и дешаванките дека повеќе сметаш, па било тешко за паркирање, па си препрека за другите итн. истите тие работи важат и за комбенца, фургони, шлепери, автобуси. На крај краева тој што вози сув плаќа повеќе осигурување, данок, регистрација, гумите се поскапи итн.

Отвори ја темата на кавадарската Г класа да видиш во која насока се паѓа во несвест. :D

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2316
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2198 на: 23 Октомври 2019, 17:36:28 pm »

кавадаречката.

он топик, киа спортаж е многу добро ауто, поготово спуштањето на задните седишта.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17845
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2199 на: 23 Октомври 2019, 19:25:35 pm »
Се зборува тука за зголемена прегледност на сообраќајот... Што ќе се деси со тој бенефит кога сите возила на патиштата ќе бидат СУВ? ;D

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9035
  • Пичлеме
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2200 на: 23 Октомври 2019, 19:31:01 pm »
Пробав на салата и ракија да ја свртам работата, ама ја затеравте у друга насока.
Бујрум, на салата и ракија... после која насока ќе ја фатиме и не е многу битно :)

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20281
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2201 на: 23 Октомври 2019, 22:16:21 pm »
Се зборува тука за зголемена прегледност на сообраќајот... Што ќе се деси со тој бенефит кога сите возила на патиштата ќе бидат СУВ? ;D

Исто што и кога сите биле седани/хечови, ќе гледаш напред низ стаклата на тој пред тебе :D

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16765
  • Keep it 100
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2202 на: 23 Октомври 2019, 23:22:45 pm »
Се зборува тука за зголемена прегледност на сообраќајот... Што ќе се деси со тој бенефит кога сите возила на патиштата ќе бидат СУВ? ;D

Сите ќе бидат побезбедни кога ќе влезат директ внатре во продавница.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6998
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2203 на: 24 Октомври 2019, 08:03:31 am »
„Ќе си возам зад камионов“
- рече никој.

А вчера за празникот беше соборен рекордот на Големо Езеро на Баба планина, со Дачија Сандеро/Логан што беше не знам, се каче едно бате.
1:0 за Седан вс СУВ

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55153
  • Махер
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2204 на: 24 Октомври 2019, 08:11:38 am »
Нека спомне класниот со Тојо Џипот на Шара. Мислиш си стигнал на врвот на светот, тоа таму Голф 4 веќе те чека...
« Последно менување: 24 Октомври 2019, 08:40:36 am Deni »