Автор Тема: Автомобилски Генерални Муабети  (Прочитано 568645 пати)

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44595
  • Il Moderatore
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2175 на: 23 Октомври 2019, 11:29:06 am »
„Ако пазарот сака...“
Не е дека пазарот баш сака... Лошо го разбирате капитализмот. Играта е: „Сеа ќе го напраиме СУВ најпосакуваното возило на пазарот, пошто може да лапаме паричка тука, а да го продаваме како нешто што на секој му треба, пошто во седани и хечеви веќе нема пари, огромна е конкуренцијата и гаќите нѝ се симнати до даске со профитите“.
Не дека има некоја разлика во цената на производство на градски СУВ и хеч, ама коа ќе му кажеш на купувачот „еееј, за само 3000е повеќе СУВ ќе добиеш, шо хеч.. хеч е мал, нема простор, не се качува по тротоари лесно“...  ти текнуе?!
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10338
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2176 на: 23 Октомври 2019, 11:34:10 am »
Згора, со надуваните цени на сув, ја повлекуваат малку понагоре и цената на хеч.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5186
  • The Spartan General
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2177 на: 23 Октомври 2019, 11:36:58 am »
Само комунизам и само турбо бензин.  ;D ;D ;D


И бенве нормално.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2178 на: 23 Октомври 2019, 11:38:00 am »
Комунизам иде со карбуратор во комбинација :)
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5186
  • The Spartan General
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2179 на: 23 Октомври 2019, 11:40:17 am »
Комунизам иде со карбуратор во комбинација :)

БМВ 2002Tii. Бенве, турбо, бензин и карбуратор.  ;D
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44595
  • Il Moderatore
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2180 на: 23 Октомври 2019, 11:41:41 am »
Комунизам иде со карбуратор во комбинација :)

БМВ 2002Tii. Бенве, турбо, бензин и карбуратор.  ;D
Ти да го штелаш кугелфишерот! За мене ДелОрто дупли двогрли ако може. https://youtu.be/WCR9wsiR2YQ?t=85
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2181 на: 23 Октомври 2019, 11:46:05 am »
Јас ќе го штелувам, ако ништо друго ќе го гледам карбураторот во 2002тии! ;D
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44595
  • Il Moderatore
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2182 на: 23 Октомври 2019, 11:47:03 am »
Јас ќе го штелувам, ако ништо друго ќе го гледам карбураторот во 2002тии! ;D
А бе каков карбуратор во 2002Тii, освен ако не го извадиш од Алфа и го стаиш на задно седиште ;D

https://youtu.be/WCR9wsiR2YQ?t=85
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6624
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2183 на: 23 Октомври 2019, 11:48:36 am »
Муабетиве сега повторно се како треба да измислиме топла вода. Имате сопствен бизнис? Вртите паричка од свој џеб? Ако да, тоа го правите вршејќи ја истата услуга без никакви промени? Ќе продавате производ што му опаѓа продажба и ќе седите немо или ќе седнете да размилувате што треба да направите следно за да направите екстра приход?

Сигурно корпорација како автомобилските гиганти нема да седат како трупови и да продаваат автомобили ако гледаат дека продажбата полека им опаѓа. Дел од ова беше поради финансиската криза пред 10 години, дел зошто пазарот се засити. Почнаа малку по малку да вадат сите по некој кросовер и сув и тука видоа шанса дека пазарот реагираше многу добро. Веќе полека кризата се надмина и почнаа да се трошат пари. И ЛОГИЧНО е дека целата инвестиција ќе иде натаму зошто пред се целта на корпорацијата е профит а профит доаѓа само со одржливост. Поентата е следна - на некој не му треба ни кола воопшто поради икс причини, и сега замисли тој да кења цело време како ние сме нерационални што поседуваме автомобили. Така и муабетов со сувови, пошто ептен има напнати членови кои глумат објективност а уствари воопшто не ја разбирам целата нервоза кој што вози и зашто вози. Ние знаеме, вие не знаете.

Златко ама зошто настапуваш ти и многу други од позиција на некакви судии и само вие знаете што е вистинското, пошто ако возиш кола што не е сув ти си на некој начин имун на капитализмот?! Или вие сте на некој начин по-паметни, по-рационални, имате капаците да размислувате логично? Ти не си маѓепсан и слеп а возиш Мерцедес Б класа? Како што пред 10-20 години авто индустријата трошела пари по маркетинг за седани, хечбекови и моноволуменски возила така сега истото се случува со СУВ.

Затоа, еиткети од типот ГЛУП, СЛЕП, МАЃЕПСАН итн итн едноставно не соодвествува со реалноста туку многу субјективно се гледаат работите, а од друга страна напорно се фурате дека сте на некој начин објективни.

Сите ваши материјални предмети со висока вредност што ги поседувате дома или пред гаража на некој ќе му бидат логични, на некој не. Затоа, барање некаква си логика зошто некој сакал сув а некој хечбек е тотална беспредметна дискусија.

Нити судев ниту сум судија.

Не ги судам тие што возат СУВ.

Моите материјални предмети не се со висока вредност.

Мерцедес Б класа не е некое фантастично возило.

Поентата ми беше една, тоа што си разбрал друго.

Дискусијата ми беше насочена кон тоа дека понудата на пазарот се дефинира според побарувачката.

Ако пазарот сака СУВ, тоа ќе се нуди и продава.

Ако пазарот сака салата со ракија тоа ќе се продава.

Ама ако пазарот незнае дека сака салата со ракија, треба да му созадеш потреба на потрошувачот и да му ја продадеш.

Незнам каде ме разбра погрешно и ја утна поентата, ама се надевам сега ти е појасно, Влатко - љубител на Голф 7 караван, неофарбан во бела боја исто како мојот Мерцедес Б класа.

Извинување од мене што сум те разбрал погрешно.

Ова болдираново е уствари целата работа. Ако на клиент му се создаде потреба за нешто што тој претходно не го согледал или не го знаел, тоа не значи дека корпорациите гледаат на тебе само да те исцицаат. Финтата е и тие да го испотат гзот и тоа е резултат и убавината на иновицијата, зошто имаме поттик да креираме нови вредности. А овдека, тоа се гледа како нешто злобно, неетички или неморално. Напротив.



Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9025
  • Возач без обзир. Безобзирен возач.
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2184 на: 23 Октомври 2019, 12:03:24 pm »
Од аспект на практичност, не најдов никаква позитивна разлика во однос на било кое „нормално“ возило кое што сум го возел до сега.
Сума сумарум, Јетито не понуди практично ништо повеќе од обичен компактен хечбек.

Колку си висок?
Еве, јас сум 196 и сè од влегување до излегување ми е совршено наредено, а и не барам нешто екстра во таа кола.

Висок hatch - точно тоа што реално и е - не е СУВ :)

Високо седење:
Ми требаше некое време да го соџвакам ова, додека не сконтав дека седиштето треба да оди комплетно до долу и да седиш нормално како во седан.
Единствената предност на тоа високо седење е прегледност во странични ретровизори и ништо друго. Сите други работи се отежнати.

Барањето разум во вакви возила е едноставно: бирање возило спрема висина на човек. Ако најголемиот во фамилија е 160цм, нема што да купува X5...
Арно ама, не е така во реалноста. Постојано ги гледам: доаѓа накај тебе како тенк, а во кабина гледаш некое главче само, не знаеш дали е жена или дете зад волан :)))

Практичност:
Одличен избор за Скопје, а особено ако акаш по угорници со големи дупки како мене.
Ако си возел 17-ки, а не 16-ки тркалца многу е покруто, а и бучно.

На отворено:
Не се правени за брзина, факт е дека ветар се чувствува и на помала брзина. Тргни Велес-Штип и на 100-ка ветарот е толку силен што ќе те занесе.

Фејслифт:
Го усраа тотално. Првиот е поубав.

Лоши страни:
Во сообраќајна си пишува убаво: лимузина.
Во перална: го викаат џип, ти земаат повеќе денари.
Пајак: Ти вика џип е, му покажуваш сообраќајна, ти вика: Ааа, не, тешка е оваа остај ти... :)))
Министерство за транс, поп и виски.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20834
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2185 на: 23 Октомври 2019, 12:07:29 pm »
Златко ама зошто настапуваш ти и многу други од позиција на некакви судии и само вие знаете што е вистинското, пошто ако возиш кола што не е сув ти си на некој начин имун на капитализмот?! Или вие сте на некој начин по-паметни, по-рационални, имате капаците да размислувате логично? Ти не си маѓепсан и слеп а возиш Мерцедес Б класа? Како што пред 10-20 години авто индустријата трошела пари по маркетинг за седани, хечбекови и моноволуменски возила така сега истото се случува со СУВ.

Затоа, еиткети од типот ГЛУП, СЛЕП, МАЃЕПСАН итн итн едноставно не соодвествува со реалноста туку многу субјективно се гледаат работите, а од друга страна напорно се фурате дека сте на некој начин објективни.

Сите ваши материјални предмети со висока вредност што ги поседувате дома или пред гаража на некој ќе му бидат логични, на некој не. Затоа, барање некаква си логика зошто некој сакал сув а некој хечбек е тотална беспредметна дискусија.

Не знам дали е за мене наменето ова или не, ама еве сепак...

Нити сум судија, ни сакам да бидам. Океј, малце во афект ги спалив на клада ѓубрињата од мини-компакт-СУВ класата и тие што го одобриле нивното производство, али оправдано е, пошо немаат поента :P

Не ми е гајле дали некој сака да вози СУВ или не, негово право е.

Дали е некој глуп, слеп, маѓепсан или што знам, не знам, не е мое поле на експертиза да проценувам.

Не знам зашто да е беспредметна дискусија нешто што е актуелно во светот на автомобилите. Ако ти е тебе беспредметна дискусија, едноставно не учествувај во истата.

Јас го споделив моето искуство и мојата перцепција за нешто што од пред неколку години е во тренд. Да не ќе смени тоа нешто во целата работа? Ма јок.

Мене лично, ме иритира дволичноста околу целата работа...
Ај сеа ќе влечеме потези во насока на заштита на планетата, климата, околината итн. Како? Епа ќе направиме возила со намалена аеродинамика во однос на „обичните“ возила, ќе туриме нисколитражни пренавиени турбо-бензинци, кои ќе трошат и загадуваат (многу) повеќе отколку што е декларирано, ама нема да смееме да ставаме дизели, пошто дизелот е чедо на Сатаната, иако за поголемо возило, со некакви, макар и маргинални оф-роуд потенцијали, логичниот избор би бил дизелски агрегат.

Е сеа, еве нешто за дискусија, доколку некој сака да учествува...

Што троши и загадува повеќе, нисколитражен турбодизел кој ќе има подобра автономија и вртежен момент (кој е потребен во дадени ситуации, пошто сепак е СУВ) но ќе загадува повеќе ама поретко, или нисколитражен турбобензинец, кој ќе троши повеќе, па ќе загадува почесто?

Дополнително, доколку СУВ возилата се користат согласно нивното име, тогаш прашање е колку би издржал тој нисколитражен турбо бензинец? На пример, ако товариме еден СУВ со ствари за кампување, точаци и слично, колку ќе троши и загадува? Повеќе или помалку во однос на истото возило ама со турбо дизел под хауба? Па уште и приколка да му закачиме, кај ќе му биде крајот?
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44595
  • Il Moderatore
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2186 на: 23 Октомври 2019, 12:10:01 pm »
Да се потсетиме на легендарната реакција за овој популарен сегмент:

Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6624
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2187 на: 23 Октомври 2019, 12:37:32 pm »
Златко ама зошто настапуваш ти и многу други од позиција на некакви судии и само вие знаете што е вистинското, пошто ако возиш кола што не е сув ти си на некој начин имун на капитализмот?! Или вие сте на некој начин по-паметни, по-рационални, имате капаците да размислувате логично? Ти не си маѓепсан и слеп а возиш Мерцедес Б класа? Како што пред 10-20 години авто индустријата трошела пари по маркетинг за седани, хечбекови и моноволуменски возила така сега истото се случува со СУВ.

Затоа, еиткети од типот ГЛУП, СЛЕП, МАЃЕПСАН итн итн едноставно не соодвествува со реалноста туку многу субјективно се гледаат работите, а од друга страна напорно се фурате дека сте на некој начин објективни.

Сите ваши материјални предмети со висока вредност што ги поседувате дома или пред гаража на некој ќе му бидат логични, на некој не. Затоа, барање некаква си логика зошто некој сакал сув а некој хечбек е тотална беспредметна дискусија.
Што троши и загадува повеќе, нисколитражен турбодизел кој ќе има подобра автономија и вртежен момент (кој е потребен во дадени ситуации, пошто сепак е СУВ) но ќе загадува повеќе ама поретко, или нисколитражен турбобензинец, кој ќе троши повеќе, па ќе загадува почесто?

Дополнително, доколку СУВ возилата се користат согласно нивното име, тогаш прашање е колку би издржал тој нисколитражен турбо бензинец? На пример, ако товариме еден СУВ со ствари за кампување, точаци и слично, колку ќе троши и загадува? Повеќе или помалку во однос на истото возило ама со турбо дизел под хауба? Па уште и приколка да му закачиме, кај ќе му биде крајот?

Овој коментар мислам дека покажува колку е беспредметна дискусијата.

Што троши и загадува повеќе, твојот опел инсигниа или кога идеш со точак на работа?

Затоа постојат еуро стандарди и според тие целта им е се помалце да загадува. Дали моторот бил вграден во хечбек или сув разликите секако дека постојат, но ниту приближно слично како што сакаш веројатно да доловиш. Исто така, загадувањто од аспект на модерен дизел и бензинец со еуро 6д стандард е многу многу сличен, но дизелот сепак како таков има честички што ги произведува и се многу полоши за човековото здравје, па ти ако сакаш дпф ад блу што сакаш ставај. Се додека фосилното гориво се користи како главен двигател на економијата, незнам што правиме муабети за тоа дали некој сув бил со турбо бензин или дизел?!

На крај краева, сите ние плаќаме даноци, регистрација, осигирувуње од наш џеб и во зависност од тежината на возилото (нели потешко повеќе загадува), цо2 вредности, кс итн. и тие пари идат после кај државата и они со тие пари треба да мислат како во иднина ќе ги замениме целокупниот транспорт што користат фосилно гориво со нешто што нема да загадува или помалку ќе загадува. И сето тоа се случува на некој начин и ден денес.

Иначе, ти опелот според согласното име (караван) секогаш кога возиш го полниш ѓепекот до крај? Пошто претпостауввам имаш караван токму поради желбата за поголем простор позади и самиот простор е по-практично уреден поради самата форма. Или па го искористуваш тој благодет само кога имаш потреба и сигурно не секогаш? Се надевам дека сфаќаш ако имам СУВ особно не модерен сув треба да го возам стриктно на планина. Со класичен СУВ, секогаш имам подобра прегледност на сообраќајот пред мене, секогаш седнувањето и станувањето од кола ќе ми биде полесно, секогаш кога ќе ставам бебе во седиште ќе ми биде полесно, и секогаш ќе преовладува тоа чувство на простор што обична кола неможе да го понуди.  И што има лошо во тоа не разбирам. Тоа што некаде СУВ е репер за да се покаже некаков си статус, не значи дека сите други што имаат сув заради икс други причини може да ги ставиш во таа категорија на луѓе што сакаат да се курчат. Едноставно на некој му е мерак.

Прочитај си го твојот личен тест на Опел Грандланд особено во делот за просторот  :)

http://forum.carclub.mk/index.php/topic,22430.msg1012441.html#msg1012441

Цитат
По отворањето на вратите, понудата на простор во кабината едноставно плени. Има навистина многу место, како на предните, така и на задните седишта. Како кај надворешноста, така и кај внатрешноста на Grandland X, преовладува смиреност и култивираност, без непотребни експерименти.

Цитат
Имајќи ја предвид височината на возилото и неговиот габарит, за пофалба е држењето во кривини.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10338
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2188 на: 23 Октомври 2019, 13:11:25 pm »
Ова што го кажа Влатко држи вода.

Ќе тргнам од себе кога барав ново возило.

СУВ, сувче, како год, навистина нуди полесно седни/стани, нешто поголем простор во кабина, прегледност, проодност без секирации низ раскопани улици (Скопје), и нормално, чувство дека си во тренд (и јас не сум имун).

Но, бидејки сум за нијанса попрагматичен, тргнувајки од тоа дека само неколку пати во годината имам потреба од поголем гепек разгледував и ситадинчиња како Клио и сл.

На крај преовлада економската рационална логика.

Денес кога би барал возило, и да имам буџет до 20.000, не би го отпишал Киа Спортаж. Иако не би можел сам себе да се разберам ;D


Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20834
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2189 на: 23 Октомври 2019, 13:28:02 pm »
Што троши и загадува повеќе, нисколитражен турбодизел кој ќе има подобра автономија и вртежен момент (кој е потребен во дадени ситуации, пошто сепак е СУВ) но ќе загадува повеќе ама поретко, или нисколитражен турбобензинец, кој ќе троши повеќе, па ќе загадува почесто?

Дополнително, доколку СУВ возилата се користат согласно нивното име, тогаш прашање е колку би издржал тој нисколитражен турбо бензинец? На пример, ако товариме еден СУВ со ствари за кампување, точаци и слично, колку ќе троши и загадува? Повеќе или помалку во однос на истото возило ама со турбо дизел под хауба? Па уште и приколка да му закачиме, кај ќе му биде крајот?

Овој коментар мислам дека покажува колку е беспредметна дискусијата.

Што троши и загадува повеќе, твојот опел инсигниа или кога идеш со точак на работа?

Иначе, ти опелот според согласното име (караван) секогаш кога возиш го полниш ѓепекот до крај? Пошто претпостауввам имаш караван токму поради желбата за поголем простор позади и самиот простор е по-практично уреден поради самата форма. Или па го искористуваш тој благодет само кога имаш потреба и сигурно не секогаш? Се надевам дека сфаќаш ако имам СУВ особно не модерен сув треба да го возам стриктно на планина. Со класичен СУВ, секогаш имам подобра прегледност на сообраќајот пред мене, секогаш седнувањето и станувањето од кола ќе ми биде полесно, секогаш кога ќе ставам бебе во седиште ќе ми биде полесно, и секогаш ќе преовладува тоа чувство на простор што обична кола неможе да го понуди.  И што има лошо во тоа не разбирам. Тоа што некаде СУВ е репер за да се покаже некаков си статус, не значи дека сите други што имаат сув заради икс други причини може да ги ставиш во таа категорија на луѓе што сакаат да се курчат. Едноставно на некој му е мерак.

Прочитај си го твојот личен тест на Опел Грандланд особено во делот за просторот  :)

http://forum.carclub.mk/index.php/topic,22430.msg1012441.html#msg1012441

Цитат
По отворањето на вратите, понудата на простор во кабината едноставно плени. Има навистина многу место, како на предните, така и на задните седишта. Како кај надворешноста, така и кај внатрешноста на Grandland X, преовладува смиреност и култивираност, без непотребни експерименти.

Цитат
Имајќи ја предвид височината на возилото и неговиот габарит, за пофалба е држењето во кривини.

А зашто мислиш дека е беспредметна, тоа не ми е јасно... Остај сеа точаци и тие работи, еве кажи ми твое мислење, без да философираш, па глобални економии, маркетинг стратегии и што ти ја знам, туку еве, едноставно, што ти мислиш во врска со болдираното?

Точно дека сум го кажал тоа за Grandland X, пошто така сум го увидел и доживеал. Тоа не значи дека компактниот хеч на кој е базиран има сиромашна понуда на простор, па сега ова е откровение на векот.

Ете мојот караван ги прави сите можни работи кои ги прави горенаведениот СУВ, без никаков проблем. Зошто тогаш би ми бил СУВ? Со класичен, секојдневен СУВ, секогаш ќе бидеш поголема препрека во сообраќајот према другите учесници во сообраќајот, често ќе бидеш кнап во паркинг местото (мада добро тоа не е само за СУВ, туку за било која поширока кола и нормално, под претпоставка дека другите се паркирале како што треба), секогаш ќе ги заслепуваш тие пред тебе, и во не дај Боже, несреќа, секогаш драстично ќе ги намалуваш шансите за преживување на другите учесници во сообраќајот, кои не се во СУВ. Зошто?
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.