Автор Тема: Автомобилски Генерални Муабети  (Прочитано 568676 пати)


Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20834
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2161 на: 22 Октомври 2019, 15:53:57 pm »
Прошла недела се дружев со еден нормален, down to Earth кросовер / СУВ, односно Шкода Јети. Порано ми беше интересно возило, пошто онака, отскокнуваше од секојдневието, изгледаше интересно (пред да го униформираат со фејслифтот), и ми беше симпатично возило. Потоа, полицијата се опреми со такви, па не ми беше веќе толку симпатично :) Како и да е, прошла недела поминав околу 700 км во него, па еве да споделам...

Се работи за 2.0 ТДИ со 110 КС, погон напред. Пошто немав појма што моторизација има, онака само седнав да возам, за малце веројатно ќе направев беља на мењачот, пошто у даден момент тргнав да мењам од 5та у 6та, а оно да ти немало 6та...
После поминатата горенаведена километража, по различни временски услови, сѐ уште не можам да ја најдам поентата на овој тип на возила. Единствено нешто што ќе го издвојам како позитивно, е што полесно можев да седнам во колата (имам проблеми со грбот). Истото го приметив и лани, кога ми беше скршена ногата, кога дојде брат ми на посета. Имаше рентано Форд Куга, па ете, во таа ситуација, полесно ми беше да седнам во таа кола, отколку во Пунтото на комшиката што ме носеше некад на лекар. Од друга страна пак, за ќерка ми, висината на возилото се испостави како отежнување на влегувањето и излегувањето од возилото.
Низ град, речиси и да не прави разлика повисокото седење (за кое толку се паѓа у несвест кога ќе се спомнат овој тип на возила). Јас барем не приметив никаква. На отворено, висината на возилото во многу поголем процент од времето е проблем отколку предност. Во речиси ниеден момент не видов ќар од повисокото седење, а од друга страна возилото е побучно, понестабилно, пољуљаво, и поосетливо на страничен ветар и бразди на патот.
Од аспект на практичност, не најдов никаква позитивна разлика во однос на било кое „нормално“ возило кое што сум го возел до сега.
Сума сумарум, Јетито не понуди практично ништо повеќе од обичен компактен хечбек.

Стварно не можам да си го објаснам глупиов тренд.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2307
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2162 на: 22 Октомври 2019, 16:34:36 pm »
Не си пробал на тротоар да го паркираш :)
Ај да има 4х4 погон и да има некој реална потреба од такво возило да се вози по терен би имало смисла. Инаку бев со џипо само останва муабето.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6624
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2163 на: 22 Октомври 2019, 19:12:27 pm »
Го разбирам Веле до некаде ама сепак збориме за Јети :) и воопшто не се рачуна како сув. Не сум сигурен дека ќе го пишеше истово доколку ги поминеше истите тие км во Кодиак на пример.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10338
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2164 на: 22 Октомври 2019, 20:02:03 pm »
Бетер, како во камион ;D

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1903
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2165 на: 22 Октомври 2019, 21:26:38 pm »
Кој сака да се вози и да гледа од високо, има доста двокатни автобуси на ЈСП.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20834
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2166 на: 23 Октомври 2019, 10:16:55 am »
Го разбирам Веле до некаде ама сепак збориме за Јети :) и воопшто не се рачуна како сув. Не сум сигурен дека ќе го пишеше истово доколку ги поминеше истите тие км во Кодиак на пример.

А како што се рачуна тогаш? Не се малтене исто ѓубре (концептуално) измишљотините како Grandland X, 3008, Ateca, Karoq, T-Roc, Qashqai, Kuga, Kadjar и ред редом другите?

Порано, пред да станат необјаснив „феномен“ кросовери / СУВ, имав поминато извесен број километри во нешто поголемите од овие, односно, Outlander, GLK, C-Crosser (Outlander у тренерки), Touareg, X5 и други што нема да ми текнат у моментов. Тие можат да имаат поента, само доколку имаат соодветна моторизација, подвозје и пренос. Арно ама, со Џери со набиена турбина у гс под хауба и погон само на една оска, се апсолутно бесмислени.

Ѓубрињата од типот Crossland X, Arona, Kamiq, T-Cross, Q2, X2, GLA и ним сличните треба да се спалат на клада, заедно со тие што го одобриле нивното производство.

Не би рекол дека ако ја поминам истата километража во Кодиак, ќе беше нешто поразлично. Можда уште полошо, пошто Јетито колку толку се осеќа како кола, а не како комбе или доставно возило. Јас лично, ако веќе остануваме во „светот на Шкода“, во секое време би преферирал Суперб наместо Кодиак, особено ако треба да извозам поголема километража.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55153
  • Махер
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2167 на: 23 Октомври 2019, 10:24:06 am »
Морам да се сложам со Веле. Начиност на седење како во трпезарија е ужасен.

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3314
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2168 на: 23 Октомври 2019, 10:33:37 am »
Капитализам. Побарувачка. Понуда. Маржа. Профит.

Никој не му чуе, што ние мислиме.

Народ плаќа, фабрика испорачува. Профит се калапи.

СУВ, телефон со 3 камери, електричен тротинет, ѓеврек со сланина.

Побарувачката го диктира трендот на пазарот.

Едноставно е.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5186
  • The Spartan General
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2169 на: 23 Октомври 2019, 10:36:55 am »
Интересно е пред некоја недела читав напис во ЗјудДојчеЦајтунг дека 55-60% од буџетот за маркетинг и реклами од германската автоиндустрија е наменет за рекламирање ексклузивно за СУВ возила. Другите се поделени за сите останати продукти од авто индустријата (лимузини/каравани, нови оддржливи технологии, патенти, технолошки иновации, нови позиции за вработување, финансиски услуги, итн.).   :-X
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44595
  • Il Moderatore
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2170 на: 23 Октомври 2019, 10:37:51 am »
Геврек со сланина е една од подобрите работи во овој милениум. У Белград видов како масовно се продава „празан бурек“, е тоа не можам да го разберам...1/4 празан бурек..... WTF?! Гарант градски СУВ возат тие..
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20834
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2171 на: 23 Октомври 2019, 10:43:38 am »
Капитализам. Побарувачка. Понуда. Маржа. Профит.

Никој не му чуе, што ние мислиме.

Народ плаќа, фабрика испорачува. Профит се калапи.

СУВ, телефон со 3 камери, електричен тротинет, ѓеврек со сланина.

Побарувачката го диктира трендот на пазарот.

Едноставно е.


Stating the obvious, никој не рече дека не е така, и верувам дека на сите им е јасно дека е така.

Јас само кажав дека јас не можам на самиот себе да си го објаснам тој глуп тренд, ваљда пошто тежнеам да најдам рационалност и логика во нештата, а не дека не знам зошто постои.

БТВ, ти се молам немој да сквернавиш ѓеврек со сланина ставајќи го у исто купче со другиве глупости.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3314
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2172 на: 23 Октомври 2019, 10:57:39 am »
Капитализам. Побарувачка. Понуда. Маржа. Профит.

Никој не му чуе, што ние мислиме.

Народ плаќа, фабрика испорачува. Профит се калапи.

СУВ, телефон со 3 камери, електричен тротинет, ѓеврек со сланина.

Побарувачката го диктира трендот на пазарот.

Едноставно е.


Stating the obvious, никој не рече дека не е така, и верувам дека на сите им е јасно дека е така.

Јас само кажав дека јас не можам на самиот себе да си го објаснам тој глуп тренд, ваљда пошто тежнеам да најдам рационалност и логика во нештата, а не дека не знам зошто постои.

БТВ, ти се молам немој да сквернавиш ѓеврек со сланина ставајќи го у исто купче со другиве глупости.

Не го разбирам ниту јас трендот, и се согласувам со тоа што го кажа претходно.

Ѓеврек со сланина е убав за нас, на истиот начин како што СУВ-то е убаво на тој што го купува.

Модерниот капитализам создава психолошка потреба кај пазарот за одреден производ. Потрошувачот е маѓепсан и слеп сакајќи да го поседува тој производ.

Јас и ти ќе лапаме ѓеврек со сланина, и ќе имаме порив да го купиме кога ќе поминеш покрај продавницата.

Друг ќе сака СУВ и ќе сака да го купи затоа што чувствува потреба дека МОРА да го има.


Еве еден пример:
Во секој маркет се продава пакувана свежа салата, спремна за консумација. Отвараш и јадеш.

Продажбата на таа салата е секогаш ниска и занемарлива во споредба со други артикли.

Во летно време се продава повеќе, во зимно време се продава помалку.

Најчесто салатата ја купуваат луѓе кои што сакаат да внимаваат на телесна тежина и се бават со некаква канцелариска работа. Мајстор кој што работи на скеле, салатата нема никогаш да ја купи.


НО!!!!


Што ако додадеш заедно со салатата една чашка ракија. Спакувана на ист начин како што е спакувано јогуртче.

Нудиш на пазарот свежа салата со чашка ракија, спремна за инстант консумација.

Нудиш производ што секој ќе сака да го купи, проба, замези. Истиот производ претходно бил неатрактивен, сега е супер посакуван и тренди.

Истата салата ќе се продава 10 пати повеќе од претходно.

Овој пат ќе се јави некој live coach personal trainer која ќе каже, не ја купујте салатата со ракија, купете ја таа без ракија, поздрава е.


Епа јас и ти сме истите "live coach" типови кои што викаат "Што ќе ти е СУВ, глупост е тоа".

Ама народ си купува СУВ, и си мези ракиичка со салатичка. И си плаќа за тоа.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6624
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2173 на: 23 Октомври 2019, 11:12:55 am »
Златко ама зошто настапуваш ти и многу други од позиција на некакви судии и само вие знаете што е вистинското, пошто ако возиш кола што не е сув ти си на некој начин имун на капитализмот?! Или вие сте на некој начин по-паметни, по-рационални, имате капаците да размислувате логично? Ти не си маѓепсан и слеп а возиш Мерцедес Б класа? Како што пред 10-20 години авто индустријата трошела пари по маркетинг за седани, хечбекови и моноволуменски возила така сега истото се случува со СУВ.

Затоа, еиткети од типот ГЛУП, СЛЕП, МАЃЕПСАН итн итн едноставно не соодвествува со реалноста туку многу субјективно се гледаат работите, а од друга страна напорно се фурате дека сте на некој начин објективни.

Сите ваши материјални предмети со висока вредност што ги поседувате дома или пред гаража на некој ќе му бидат логични, на некој не. Затоа, барање некаква си логика зошто некој сакал сув а некој хечбек е тотална беспредметна дискусија.

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3314
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2174 на: 23 Октомври 2019, 11:24:36 am »
Златко ама зошто настапуваш ти и многу други од позиција на некакви судии и само вие знаете што е вистинското, пошто ако возиш кола што не е сув ти си на некој начин имун на капитализмот?! Или вие сте на некој начин по-паметни, по-рационални, имате капаците да размислувате логично? Ти не си маѓепсан и слеп а возиш Мерцедес Б класа? Како што пред 10-20 години авто индустријата трошела пари по маркетинг за седани, хечбекови и моноволуменски возила така сега истото се случува со СУВ.

Затоа, еиткети од типот ГЛУП, СЛЕП, МАЃЕПСАН итн итн едноставно не соодвествува со реалноста туку многу субјективно се гледаат работите, а од друга страна напорно се фурате дека сте на некој начин објективни.

Сите ваши материјални предмети со висока вредност што ги поседувате дома или пред гаража на некој ќе му бидат логични, на некој не. Затоа, барање некаква си логика зошто некој сакал сув а некој хечбек е тотална беспредметна дискусија.

Нити судев ниту сум судија.

Не ги судам тие што возат СУВ.

Моите материјални предмети не се со висока вредност.

Мерцедес Б класа не е некое фантастично возило.

Поентата ми беше една, тоа што си разбрал друго.

Дискусијата ми беше насочена кон тоа дека понудата на пазарот се дефинира според побарувачката.

Ако пазарот сака СУВ, тоа ќе се нуди и продава.

Ако пазарот сака салата со ракија тоа ќе се продава.

Ама ако пазарот незнае дека сака салата со ракија, треба да му созадеш потреба на потрошувачот и да му ја продадеш.

Незнам каде ме разбра погрешно и ја утна поентата, ама се надевам сега ти е појасно, Влатко - љубител на Голф 7 караван, неофарбан во бела боја исто како мојот Мерцедес Б класа.