Прошла недела се дружев со еден нормален, down to Earth кросовер / СУВ, односно Шкода Јети. Порано ми беше интересно возило, пошто онака, отскокнуваше од секојдневието, изгледаше интересно (пред да го униформираат со фејслифтот), и ми беше симпатично возило. Потоа, полицијата се опреми со такви, па не ми беше веќе толку симпатично

Како и да е, прошла недела поминав околу 700 км во него, па еве да споделам...
Се работи за 2.0 ТДИ со 110 КС, погон напред. Пошто немав појма што моторизација има, онака само седнав да возам, за малце веројатно ќе направев беља на мењачот, пошто у даден момент тргнав да мењам од 5та у 6та, а оно да ти немало 6та...
После поминатата горенаведена километража, по различни временски услови, сѐ уште не можам да ја најдам поентата на овој тип на возила. Единствено нешто што ќе го издвојам како позитивно, е што полесно можев да седнам во колата (имам проблеми со грбот). Истото го приметив и лани, кога ми беше скршена ногата, кога дојде брат ми на посета. Имаше рентано Форд Куга, па ете, во таа ситуација, полесно ми беше да седнам во таа кола, отколку во Пунтото на комшиката што ме носеше некад на лекар. Од друга страна пак, за ќерка ми, висината на возилото се испостави како отежнување на влегувањето и излегувањето од возилото.
Низ град, речиси и да не прави разлика повисокото седење (за кое толку се паѓа у несвест кога ќе се спомнат овој тип на возила). Јас барем не приметив никаква. На отворено, висината на возилото во многу поголем процент од времето е проблем отколку предност. Во речиси ниеден момент не видов ќар од повисокото седење, а од друга страна возилото е побучно, понестабилно, пољуљаво, и поосетливо на страничен ветар и бразди на патот.
Од аспект на практичност, не најдов никаква позитивна разлика во однос на било кое „нормално“ возило кое што сум го возел до сега.
Сума сумарум, Јетито не понуди практично ништо повеќе од обичен компактен хечбек.
Стварно не можам да си го објаснам глупиов тренд.