Автор Тема: Автомобилски Генерални Муабети  (Прочитано 467201 пати)

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5658
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2955 на: 22 Јануари 2024, 13:11:54 pm »
Готово  ;D

Отсутен grandemiki

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 273
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2956 на: 27 Јануари 2024, 15:41:23 pm »
Јас би рекол 60%.

Не е 60% на кола од 11.500 евра. Најголем дел од давачките одат во данокот за моторни возила кој е процентуален во однос на фактурната/каталошката вредност на возилото. За возила од 10 до 12к евра данок на моторни возила е 1%, од 12-14 е 2%. Со цените на половни возила во последниве 2 години не сум видел некое да се продава под каталошка вредност, така да ако возилото е 12к тогаш

(12000 * 1.05 (царина без ЕУР1) * 1.01 (ДМВ) + 500 евра (спрема калкулаторот на ДМВ на царина толку е ЦО2 данокот за дизел моторот 2.0 со 166g/km)) * 1.18 (ДДВ) = 15606 евра. 3606 се давачките што е околу 23% е сеа тука додај и транспорт трошоци и сигурно уште некои административни трошоци што има кај нас плус регистрација, околу 30ина-35% би рекол за да имаш луфта.

Калкулаторот за ДМВ е вратен во функција и личи дека ЦО2 вредностите им се ажурирани: https://ite.customs.gov.mk:8070/userForm

За оформување на крајна цена, на основната цена на колата се додава вкупната вредност на ДМВ и целата сума се множи со 1.18 за ДДВ.
Фала ти многу на инфо, уште едно прашање пример во германија Нето цена на колата е 10.000 евра со нивните , 19% MwSt. појма немам што се , јас ваљда треба да платам 11900евра таму, и сега на која цена ќе ми рачунаат тука на нетото 10.000 или на таа со данок 11900?
И плус некој ми кажува дека разликата од бруто до нето продавачот ќе треба да ми ја врати...?
« Последно менување: 27 Јануари 2024, 16:39:15 pm grandemiki »

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17441
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2957 на: 27 Јануари 2024, 17:32:04 pm »
Ти ќе ја платиш целата цена што ја бара продавачот, па откако ќе го увезеш возилото и регистрираш на наши таблици, ќе му испратиш документи да ти го врати ДДВ-то.

Иначе кај нас ќе ти ја царинат и даночат колата или според Шваке каталогот по кој ќе одредат моментална пазарна вредност на твоето возило, или по вредност на фактура доколку таа вредност е повисока од онаа што им излага по Шваке каталогот.

Во случај да те даночат и царинат по фактура, ќе те царинат на 11900.

Отсутен Lone

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 53
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2958 на: 05 Февруари 2024, 16:53:05 pm »
Кои мотори се подобри кај Голфови со ДСГ менувач? 2008-2010 годиште. 1.9 ТДИ, 2.0 ТДИ, 1.8 ТСИ? Генерално кој мотор е подобар од тие на голф 5 и 6

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54948
  • Махер
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2959 на: 20 Февруари 2024, 12:35:24 pm »

Многу убав гепек. Покрај се друго што е многу убаво.

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7055
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2960 на: 20 Февруари 2024, 16:14:19 pm »

Многу убав гепек. Покрај се друго што е многу убаво.

Прекрасно возило за збогување од овој свет, само црно да е.

Убав гепек, има место и за цвеќето.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2961 на: 04 Март 2024, 15:06:26 pm »
https://www.jutarnji.hr/autoklub/aktualno/kada-ce-najprodavaniji-auto-u-europi-prijeci-na-struju-za-nas-to-nema-smisla-15432710

Алооо Европјани, каде со тој памет ене ја 2030 тропа на врата (или се откажаа?, не сум во тек)

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4191
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2962 на: 04 Март 2024, 15:15:38 pm »
2035та е годината, ама се надевам ќе се откажат од таа регулатива и ќе донесат некоја посоодветна и поразумна.

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7055
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2963 на: 04 Март 2024, 15:18:31 pm »
или ќе си ги затворат вратите на фабриките пошто кинезите ги убија у појам со електричните.

Секој денес со пари и купени инженери може да стави два мотори у кола и да направи електрично возило, ела состави мотор со внатрешно сосгорување од 3-4.000 кубика, со 6 или 8 цилиндри.
Се што беше предноста на европскиве производители им падна у вода. Кина може само фала да им каже на овие одлуки.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2964 на: 04 Март 2024, 15:26:50 pm »
Кога прочитав 2027 ќе размислеле во Дачиа за електрични, си реков нешто не штима, ама 2035 било :)

А бидејќи најпродавана, се поочигледно е колку технократите се деконектирани од реалноста.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54948
  • Махер
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2965 на: 04 Март 2024, 15:33:31 pm »
или ќе си ги затворат вратите на фабриките пошто кинезите ги убија у појам со електричните.

Секој денес со пари и купени инженери може да стави два мотори у кола и да направи електрично возило, ела состави мотор со внатрешно сосгорување од 3-4.000 кубика, со 6 или 8 цилиндри.
Се што беше предноста на европскиве производители им падна у вода. Кина може само фала да им каже на овие одлуки.
Коа Мате Римац напраи кола што понатаму. Па ја купуеа, па Бугати па драми тука, па не знам што ти ја напраиле. На ОТП покомплицирани работи правевме на времето. И тоа со делови од раскостени колички на даљинско искршени зошто не постоеше Кина па се да си нарачаш да ти стигне до врата па ти само да заштрафиш и да продаваш со 10000% маржа.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29588
    • CARclub.mk
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2966 на: 23 Март 2024, 11:19:21 am »

Видов вакво низ Германија некаде пред неколку години, и уште тогаш изгледаше како да не е од оваа планета.

Отсутен Alk96

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 6
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2967 на: 04 Април 2024, 03:32:22 am »
Здраво
Дали некој знае колку би коштале давачки до регистрација за Опел Корса 2012 5 врати 1.2 бензин 85 коња еуро5 со повисоко ниво на опрема е. Немам број од шасија...

Отсутен Dodo

  • Бемвекријачко Пе*ерче
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2784
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2968 на: 07 Април 2024, 18:07:19 pm »
Здраво
Дали некој знае колку би коштале давачки до регистрација за Опел Корса 2012 5 врати 1.2 бензин 85 коња еуро5 со повисоко ниво на опрема е. Немам број од шасија...

Никој не би знаел со овие информации, а кога ќе имаш број на шасија, davackizavozila.mk ке знаат супер-точно.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2969 на: 09 Април 2024, 19:17:07 pm »
Лелеее!
Од неколку пати мотор на годината, до катастрофален мотор.