Кими, какви фрапантни бисери пролеа на темава, просто ме остави без реплики...
Ама неможам да не прокоментирам за шлагот на сите бисери и најсериозен кандидат за Бисер #1 на сите времиња од сите бисери на CarClub напишани до сега: „во споредбата преден против заден погон дека предниот погон ако еднаш ти избега од траекторија еби си мајката а овде има простор за корекции“.
Неискуството си го прави своето, ама неискуството само по себе ни малку не е доволно за да се напише ваков бисер. Покрај тоа и длабоката инспирација, потребно е и да се нема никаква логика, да се има широки непознавања на физиката, механиката и останатите научни дисциплини. Кими, ова е за поздрав! Секоја чест!
Што се однесува до тоа дека аудио/видео не било потребно во кола, се согласувам со Кими. Ако поминуваш годишно 14km од кои најдолга релација е 200m нема никаква потреба од аудио/видео. А посебно е и безсмислено ако си глув и/или слеп возач.
Покрај ова, пробав да си замислам како ќе влезам во седан со задња вуча и бензински мотор, т.е. Кадетчето од татко му на кими од Втора Светска Војна, а потоа како би изгледало кога би пробал да го возам моето четиричлено семејство + сиот пропратен багаж и тоа на релација од неколку стотини километри. Не успеав! Навистина не можам да си замислам...
Генерално имам проблем кога некој, некоја кола која не му е достапна секојдневно, ја нарекува своја.
На пример Мицубиши Лансер, а потоа Алфа 147?
