Не ја пишав ситуацијата со Егремни на Лефкада, па ако оди некој летово да види што го очекува:
Патот асфалтиран води без пречки и здрав до тука, само што поназад 500метра имаш знак да не доаѓаш со кола,
ама сепак ние дојдовме до тука, сабота беше и како што гледате не работеа.
Оградава е сериозно обиколено и заградено е секакво понатамошно движење, не е мајтап, и зависи од човекот,
јас без проблем преку капијава дирек се преминува, а со женски принцези фатени во рацете, па и машки да се,
тука запираш и се враќаш назад.
На еден италијанец женската не можеше преку ограда и се вратија.

После оградава се гледа работата од оваа година:




Земјата е многу ронлива, нема шанси да ставиш нога ете и на 45степени закосеност на терен а да не те лизни и да не застаниш,
јас се чудам дали и новиот пат ќе издржи посилен земјотрес, ама си има експерти кои знаат повеќе.

Ако можите да забележите десно горе има двајца италијани и тука е негде капијата, каде продолжуваш пеш, серизна висина совладуваш.

Ете ја и таверната и до тука е мачкина кашлица, нешто над неа е патот да речам во фаза на правење и комотно се слегува до неа

Потоа продолжуваат скалите, покриени со одронати камења, изместени од одрони ама се слегува по нив регуларно

И потоа доаѓаме до тука, едно ~20метра висински над плажа каде што скалите завршуваат и имаш јаже од 5-6 метра за слегување,
каде водеше јажето не пробав да видам а и стрмно е и лизга земјиштето, да не испадни потоа да не можам да се качам.
Од видео од лани на јутуб, има само мал технички дел од 10-тина метри тука лево да заобиколиш да се приджуваш за јажето,
ама лани беше прицврстено за карпите, а сега беше скинато, и тоа ја правеше потешка таа делница ама беше изводлива за вистинските луѓе

И ако си доволно спремен, тие двајца италијани од погоре, кога ние се откажавме и се разминавме по пат нагоре,
тие слегоа до долу и ја имаа цела плажа за себе, а баш и во тој момент пристигнаа и бродовите растовараа луѓе ама ептен погоре се,
се гледа на сликата, и за еден час максимум. Да слезиш одовде и да ја делиш потоа плажата само со една рака луѓе чувството е неописливо.

Штета, ама нареден пат се од мрза луѓе ги фрлам на катизма и слегувам до долу.