Годинава, дестинација за летен одмор беше Бугарија.
Конкретно Свети Влас. 656км од Скопје, возење околу 8 саата (ако возиш по знаци, плус - минус 1 саат во зависност од гужва на граница и по пат). Возев од Скопје, низ Крива Паланка, Ќустендил, Перник, периферија на Софија, па од Софија се до Бургас магистрала Тракија (нешто повеќе од 300км), се минува низ Бургас, покрај Несебар, одма после Сончев Брег.
Генерално мнение - местото е одлично. Супер луксузно уредено и цивилизирано. Руси во најголем број како туристи и сопственици на капацитетите за сместување. Плажа - една од најубавите во Бугарија - ги руши сите стереотипи за Црно Море (прљаво, темно, многу бранови, ладно). Клима прекрасна, температурите не беа повисоки од 33 степени, сите изминати 7 дена додека бев таму. Освен морето, целото место е во подножје на Стара Планина, што самото место го прави добро и за луѓе со белодробни заболувања, свеж воздух цело време, пријатно ветренце. Цени - нормален смештај, без некои претерани луксузи од 20 - 50Е дневно (апартман). Вклучени сите основни потребни работи (комплетно опремена кујна со цел прибор, машина за перење алишта, алатки од типот на фен, пегла, правосмукалка, клима во секоја соба од апартманот, кабелска телевизија, WiFi, по потреба креветче за бебе и што уште не). Намирници во поголемите маркети со цени исто како нашите, за некои работи и драстично поевтини. Цигари изгор скапи, поскап дизел и иста цена на бензин. Кафани и ресторани какви сакаш, од нормални до ултра скапи цени. Во зависност од тоа и на која плажа си, цените на лежалки и чадори варираат, од 5 до кај 15 евра. Има и плажи со слободни зони за сопстевни чароди, лежалки или што и да сакаш.
Од мене толку за сега, ако некој се двоуми или го интересира уште нешто друго, нека праша.
У текот на денов, ако успеам ќе стаам и некое сликиче.
За CARclub, Сијка Пиштолова.