Автор Тема: Ова лето, каде на одмор ???  (Прочитано 1524389 пати)

Отсутен DENDE - ARTEONED

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5662
  • Formerly Lancered recently Arteoned!
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #5295 на: 07 Август 2017, 18:18:04 pm »
Go imam vozeno sega mi tekna koj pat e. Tnx.

Отсутен Bumb

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1196
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #5296 на: 08 Август 2017, 07:56:13 am »
Зелен картон можам да извадам сам, без татко ми? Пошто на негово име е колата...уште не сум се договорил конечно што како кај ќе одам а он заминува утре на одмор.

Sent from my SM-G935F using Tapatalk


Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6812
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #5297 на: 08 Август 2017, 08:03:22 am »
Можиш, зелениот е за возилото, a за пари земање не е проблем. Само полномошно ќе ти треба тебе за странство, да ти потпиши татко ти ако немаш дури е тука.

Отсутен Bumb

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1196
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #5298 на: 08 Август 2017, 08:27:01 am »
Муабетот ми беше дали јас сам без негово присуство можам да си извадам зелен картон, да не треба личен негов потпис... за пари не е проблем... пари нема хххх

Sent from my SM-G935F using Tapatalk


Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9226
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #5299 на: 08 Август 2017, 08:43:08 am »
за зелен картон можеш сам слободно

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6812
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #5300 на: 08 Август 2017, 08:47:37 am »
Го заборавив потписот на зелениот,  ::)
дали мора лично... пак мислам ќе зависи од агентот и агенцијата, некој можеби ќе бара, некој не,
за патничко осигурување за сите потпишувам или ми потпишуваат во триглав, воопшто не е битно, тој што плаќа само да мани потпис.

Јави му се за најсигурно каде што ви е осигурана колата, да не одиш џабе.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6812
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #5301 на: 08 Август 2017, 14:49:01 pm »
Не ја пишав ситуацијата со Егремни на Лефкада, па ако оди некој летово да види што го очекува:

Патот асфалтиран води без пречки и здрав до тука, само што поназад 500метра имаш знак да не доаѓаш со кола,
ама сепак ние дојдовме до тука, сабота беше и како што гледате не работеа.

Оградава е сериозно обиколено и заградено е секакво понатамошно движење, не е мајтап, и зависи од човекот,
јас без проблем преку капијава дирек се преминува, а со женски принцези фатени во рацете, па и машки да се,
тука запираш и се враќаш назад.
На еден италијанец женската не можеше преку ограда и се вратија.



После оградава се гледа работата од оваа година:









Земјата е многу ронлива, нема шанси да ставиш нога ете и на 45степени закосеност на терен а да не те лизни и да не застаниш,
јас се чудам дали и новиот пат ќе издржи посилен земјотрес, ама си има експерти кои знаат повеќе.



Ако можите да забележите десно горе има двајца италијани и тука е негде капијата, каде продолжуваш пеш, серизна висина совладуваш.



Ете ја и таверната и до тука е мачкина кашлица, нешто над неа е патот да речам во фаза на правење и комотно се слегува до неа


Потоа продолжуваат скалите, покриени со одронати камења, изместени од одрони ама се слегува по нив регуларно



И потоа доаѓаме до тука, едно ~20метра висински над плажа каде што скалите завршуваат и имаш јаже од 5-6 метра за слегување,
каде водеше јажето не пробав да видам а и стрмно е и лизга земјиштето, да не испадни потоа да не можам да се качам.
Од видео од лани на јутуб, има само мал технички дел од 10-тина метри тука лево да заобиколиш да се приджуваш за јажето,
ама лани беше прицврстено за карпите, а сега беше скинато, и тоа ја правеше потешка таа делница ама беше изводлива за вистинските луѓе



И ако си доволно спремен, тие двајца италијани од погоре, кога ние се откажавме и се разминавме по пат нагоре,
тие слегоа до долу и ја имаа цела плажа за себе, а баш и во тој момент пристигнаа и бродовите растовараа луѓе ама ептен погоре се,
се гледа на сликата, и за еден час максимум. Да слезиш одовде и да ја делиш потоа плажата само со една рака луѓе чувството е неописливо.



Штета, ама нареден пат се од мрза луѓе ги фрлам на катизма и слегувам до долу.

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7230
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #5302 на: 08 Август 2017, 15:06:19 pm »
@Power to the people  - Секоја чест на деталниот опис и на тоа што си сликал како се изгледа сега. Сигурно на сите што планираат посета на Лефкада ќе им биде од корист.

Порано беше ем многу поедноставно да се стигне, ем плажата беше многу поширока ми се чини.

Штета што не си стигнал до самата плажа, ама ако си уште таму да ти пишам координати од друга плажа, не толку импресивна како Егремни ама полесно достапна, каде што можеш да бидеш (скоро) сам :)

Отсутен Lucinefer

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 18
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #5303 на: 08 Август 2017, 16:07:04 pm »
Дечки годинава или прошлата има некој отидено до Кефалонија? Сакам да одам деновиве, па убаво би било да чујам некои импресии од вас 😀

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8218
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #5304 на: 08 Август 2017, 17:35:20 pm »
да ти пишам координати од друга плажа, не толку импресивна како Егремни ама полесно достапна, каде што можеш да бидеш (скоро) сам :)
Е пиши де :)

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6812
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #5305 на: 09 Август 2017, 07:34:05 am »
AUUU кој ќе си чита форум ќе биди награден, кој не ќе оди наслепо :D , инаку ова беше на враќање од кефалонија пред две недели негде,
планирам уште еден викенд да се направи една тура грција, не ми се верува лефкада да одам ама не се знае сигурно.

Наредно одење во план ми се Megali Petra, Gialos и Avali и светилникот на југ.

Дечки годинава или прошлата има некој отидено до Кефалонија? Сакам да одам деновиве, па убаво би било да чујам некои импресии од вас 😀
Пријателе ти изгледа не читаш убаво или те мрзи нешто, јас бев сега брзо и по втор пат ти пишувам, па ако го прочиташ ова, неколку страни назад имам нешто напишано и слики постирано, па ако го најдиш и го прочиташ јас со задоволство ќе ти одговорам на сите прашања во детали. Можам и линк да ти ставам од мојот пост, ама ај да видам и малку труд од твоја страна, да не ти дојди се џвакано.

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8218
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #5306 на: 09 Август 2017, 10:57:35 am »
Gialos можеш слободно да ја прескокнеш.
Св. Наум е автопат во споредба. А и плажата и водата не се нешто атрактивни. Водата како да не е на Лефкада, зелена. Има некои хипици таму и така...

На Мегали Петра жалам што не отидов.

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #5307 на: 09 Август 2017, 11:27:13 am »
Патот до Мегали Петра е доста стрмен и тесен, на околу километар пред крај имаш знак Narrow road - Danger, јас си продолжив и дојдов до едно место каде што не можам да поминам (како пропаѓање на патот беше, не е проблем за кола со нормална висина) и морав во рикверц да се враќам на угорница од 80% ;D за да најдам место каде да се развртам.

Инаку има долу паркинг до плажата Kalamitsi и мислам беше 5 евра за цел ден (како и на сите плажи што бев). Од Kalamitsi до Мегали Петра треба да одиш пешки преку едно шумско стрмно патче (не е долго колку она до Milos Beach, со пцуење побрзо се поминува) али кога ќе стигнеш на плажата забораваш на патот.

Kalamitsi





Megali Petra




Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7230
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #5308 на: 09 Август 2017, 12:31:33 pm »
да ти пишам координати од друга плажа, не толку импресивна како Егремни ама полесно достапна, каде што можеш да бидеш (скоро) сам :)
Е пиши де :)

Моја препорака е плажата Каламитси и Каламитси 2.
И до двете се иде по мало и стрмно патче (не знам во каква состојба е после земјотересот и дали се достапни)
Едната е од приколката лево низ шума, ама вреди за целиот пат, ако ти се свиѓаат плажи без многу гужва.
Втората е од приколката десно возиш до крајот на патот, таму имаш уште помалце луѓе.
Паркинг нема баш, па се снаоѓаш со оставање покрај пат.

За јадење и пиенје носиш обавезно, на времето во приколката (кантина) служеа и скара и не беше лоша.

Еве го линкот (пак) со плажите и со коментари за секоја.

http://farm4.staticflickr.com/3806/9097465043_32bbeb441c_o.jpg

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2170
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #5309 на: 09 Август 2017, 13:31:58 pm »
Кај почнува тој нов автопат на прв крак? Не сум бил добри 5 години.