Кој бил само до Грција, Егремни ќе му биде најубава плажа. Ама некои луѓе биле и на Малдиви (не јас да не се разбереме погрешно) и кога читаат дека Егремни била најубава ...
Кој рече дека Егремни била најубава плажа на светот? Најубава беше на Лефкада и беше една од поубавите плажи во Грција, но има многу плажи кои се поубави од неа по светот, па и во Грција.
Како и да е, да пропаднеше некоја плажа на Малдиви ќе ме заболеше Ѓоко затоа што не одам таму, не сум бил и не знам кога ќе одам(ама ќе одам некад), па нема ни да ми недостасува. Ама во Грција окапувам. Летово бев еднаш 8 дена, еднаш 11 дена и уште 7 викенди(последниот во средина на Октомври) од кои 3 продолжени по 4 дена, и сигурно уште 5-6 пати кога ќе ме стегнеше глава наутро бев да се избањам во Неа Флогита и се вратив во истиот ден. Така да не ми е сеедно кога ќе ми снема убава плажа на места каде што одам...