Не за џабе си возам пакет вода во гепек. За недај Боже. 
Земи си и ѓезве, па успут може и чај да си сварите со водата што ја возиш во гепек.
5 евра 2009 година ми наплатија на спуст од Морача (Црна Гора). Немавме грам вода со нас ...5 сабајле...покрај автопат продавничка.
Охридска работа...Јас во ЦГ последен пат бев на одмор во 2007, кога си дадов збор на себе дека во наредни 20 години нема да стапнам повеќе во ЦГ, освен ако морам службено или од друга виша сила. Во ЦГ има поохридско понашање и од охриѓани...Рекет во секое кафанче и кафич, улиците се поправаат во екот на шпицот од сезоната, паркинг нема ама се наплаќа и т.н.
Во Албанија исто така, во наредни 20 години немам намера да стапнам. Пред две или три години бевме, преспавме една ноќ и назад во Грција. Бадијала се измалтретирав јас и фамилија да возам до Ксамил, т.е. Кабул на море...
Во Охрид, исто така не би стапнал да немам куќа таму...Вака сум врзан, едно ради одржавање, друго стариве се таму па има каде да ги тупнам децата за викенд за да можам да се изживљавам...Инаку годинава охриѓани нешто се опаметени со цени, ама синдромот на охриѓанец од Дебарца е непоправлив. Треба една цела генерација да се промени за да има и промена на менталитетот.
Па така додека децава се мали најдобра варијанта без никаква конкуренција на плажа/море во регионов е Грција. За подалеку(Турција, Шпанија, Италија) не се ипслати затоа што нема да добиеме ништо повеќе од аспект на плажа/море, а ќе се измалтретираме и ќе потрошиме доста повеќе пари.
Инаку летово мене ми почна троа порано, комбинирав море и прошетки. Бев 6 дена во Лисабон без жена и без деца, па со жена и деца бевме 8 дена во Сивири на прв крак, па 8 дена во Франкфурт. Утре одиме со жената на 4 дена некаде на втор крак, па во Август одиме комплет со деца на уште една недела во Грција некаде на прв или втор крак. Потоа планирам да одам неколку дена во Барселона, па Будимпешта. Па здравје ако има можности во Спетмеври пак на неколку дена по краците. Во меѓувреме за викенди стандардно одиме во Охрид.