Не е точно тоа дека плаќаш рекетари. Тешка мафија е во сани бич ама никој не те чепка. Не знам тебе шо ти се десило.
Јас бев пред 2 години и не бев задоволен и пак не би одел. Бев во шпицот од 24 јули. Не можев да сфатам зошто и не е така голема гужва слушајќи муабети од типот, леле журки не знам што. Везе нема значи. Морето не ни вреди да го коментирам уопште иако како за чудо цело време имаше зелено знаменце по плажите што е реткост во Бугарија. Само 2-3 пати влегов, водата е прљава и матна, темна. Јадевме само стекови

По маркетите не се високи цените ама ноќниот живот и не е така ефтин. Имате поелитни дискотеки( таму искачаат бугарките инаку на друго место речиси и ги нема). По најголемите дискотеки како Лазур и слични одат 12-годишни девојчиња, да 12 годишни и од дома не ги знаат. Ако одите пазете да не заглавите во амбасада пошто личат на постари

;) Има полициски контроли претежно од околу, не влегуваат по локалите. Во Мексо е добро и одат така од 20-30 години. На секој чекор има девојки кои нудат карти влезници за по дискотеки, внимавајте да не ве поебат бидејќи знаат и лажни влезници да продаваат. Нудат пример карти за 3 дена по ред како некој пакет 30-40 лева од прилика. Пари менувајте само во банка! Гледајте ако одите во хотелче да има базенче пошто ќе го барате со боринче веруј и таму барајте немојте преку агенција бидејќи дупло повеќе ќе платите. Ако одите со кола не се глупирајте да искачате со кола пошто многу стопира тоа жандармеријата нивна, значи многу. А и секаде можете да одите пешки не ви треба. Ние бевме близу до хотелот Тракиа. Се поминува со 250 евра џепарлак, да не претерам ама без стискање поопуштено, ние искачавме буквално секој ден до сабајле. Вака на кратко тоа е. Ако те интересира нешто прашај.
Мој совет оди подобро во златни песоци ако веќе одиш во Бугарија.