Автор Тема: Ова лето, каде на одмор ???  (Прочитано 1379534 пати)

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3042
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #3765 на: 24 Јуни 2015, 10:11:08 am »
^Центар на ноќниот живот на Халкидки, особено првиот крак. Јас ќе идам там, од она што го дознав поскапо од останатите места, водата кристал, плажата песок (бел мислам). Пред две години бев на два дена и ми остави супер впечаток!

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7685
  • Хорска Секција
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #3766 на: 24 Јуни 2015, 10:13:28 am »
Со среќа да си најдеш квадратен дециметар на плажа, опинци да собуеш.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7080
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #3767 на: 24 Јуни 2015, 10:16:18 am »
Некој што бил скоро на Крф да кажи колку пари е траектот од Игуменица до Крф и назад со кола? Двајца патници во колата ќе има ако се плаќа плус за патниците. Колку пати дневно има траект што сообраќа на оваа релација?
Немам никогаш одено на Крф па секоја информација плус би била добредојдена. Дали би било подобро да одам со автобус па таму да рентам кола, скутер или да терам со колата?

Јас само можам да те советувам да го фатиш тој траектот што е до јужното пристаниште на островот Port of Lefkimmi. Пократок и поефтин е. Немој да одиш до главниот град со траект.

Што се однесува до превозот, мотор од 50 цц нема да врши работа, освен ако секој сам не вози :)

Патиштата се одлични со исклучок на некои ептен неурбанизирани плажи. Ако одиш со твоја кола, гледај да ламелата ти е супер и кочниците, пошо северот на Крф е доста весел за возење, до некои плажи по доста стрмни надолнини се симнуваш.

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3042
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #3768 на: 24 Јуни 2015, 10:16:39 am »
Со среќа да си најдеш квадратен дециметар на плажа, опинци да собуеш.
Пред две години бев на средина на јули, на викенд и најдов место без проблем. Али очекувам да е гужва, ама каде не е ?

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9107
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #3769 на: 24 Јуни 2015, 10:32:39 am »
^Центар на ноќниот живот на Халкидки, особено првиот крак. Јас ќе идам там, од она што го дознав поскапо од останатите места, водата кристал, плажата песок (бел мислам). Пред две години бев на два дена и ми остави супер впечаток!

озбилен си ова....
центар на свеотот да не е..за тие пари...

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3042
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #3770 на: 24 Јуни 2015, 10:50:10 am »
Мртов сериозен.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7685
  • Хорска Секција
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #3771 на: 24 Јуни 2015, 12:35:34 pm »
Со среќа да си најдеш квадратен дециметар на плажа, опинци да собуеш.
Пред две години бев на средина на јули, на викенд и најдов место без проблем. Али очекувам да е гужва, ама каде не е ?
Од другата страна на кракот, на втор и на трет.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5839
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #3772 на: 24 Јуни 2015, 13:11:19 pm »
И јас го слушнав истото како и Бојан.

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7121
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #3773 на: 24 Јуни 2015, 14:03:10 pm »
Калитеа е единствено место на краците каде што ќе најдете дискотеки, дефинитивно е со најмногу ноќен живот.

За искачање спремете си повеќе европски новчаници, не е Скопје да се разбереме.

За одмор и плажи - втор крак, ако збориме за краците.

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3042
Одг:
« Одговори #3774 на: 24 Јуни 2015, 14:05:59 pm »
10 eur влез.

Присутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7437
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #3775 на: 24 Јуни 2015, 14:34:54 pm »
^- Па и не барам баш дискотеки јас.. годинава полабав одмор сакам ;D :D Е сеа, да не е некое мртво место, да нема никој и ништо.. средина :D

Отсутен DejzY

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1004
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #3776 на: 24 Јуни 2015, 14:48:33 pm »
Калитеа бев лани во средината на јули. На плажа секогаш наоѓавме место или на лежалки (има по 3.5 евра кафе со гратис лежалка, има само лежалка за толку пари ако се зафркниш) или на свои столчиња и шатор. Што значи дека се најдува место какво и да сакаш на плажа. Но, можи да се случи да е гужвесто во некој период од денот, што мене воопшто не ми засмета. Можам да речам дека Ханиоти имаше повеќе гужва на плажа од Калитеа. Мислам дека тоа нема да ви биди никаков проблем посебно на млади. Плажата е песочна и е плитка. Во центарот има неколку улички за шетање навечер, има кафулина кои работат до кај 2-3 часот секој ден па гледајте да бидите сместени малку понастрана оти трешти музика и нема да можи да спијате дури не престани музиката. Цените се поскапи отколку други места во Грција, па поскапи и од Ханиоти што се наоѓа на 15тина км. Гиро со цаѕики беше 3.1евра ама беше едно од најдобрите и најголемите гира што ги имам јадено ;D
Не сум по ноќен живот па не појдов во ниедна од дискотеките и не знам ништо од прва рака. Знам дека се блиску кога одиш накај криопиџи и се оди и пешки, но цени влезници појма немам како се.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7685
  • Хорска Секција
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #3777 на: 25 Јуни 2015, 13:25:26 pm »
Криопиџите со пиџами беа?
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен AlenSK

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 641
  • Honda - The Power of Dreams.
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #3778 на: 27 Јуни 2015, 15:04:33 pm »
Бил некој во Ердек, Турција ?

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6862
  • Бенве сие бенве
Одг:
« Одговори #3779 на: 27 Јуни 2015, 17:58:52 pm »
Предлог за некое место со убави плажи, без многу гужва за околу 7-8 дена пензионерски одмор. Сума до кај 1200еур за двајца, со кола, друг превоз не.