Автор Тема: Ова лето, каде на одмор ???  (Прочитано 1379478 пати)

Присутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3083
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #3735 на: 18 Јуни 2015, 13:17:24 pm »
У Переа има топ кафанчиња на обала, ефтини и со супер храна.

Со 1 бус стигаш до Икеа, а за до центар мислам дека треба да се менува автобус (т.е. да се возиш со два).

Плажата не е баш одморска, но врши работа.

Отсутен Kikac

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2734
  • Шалабајзер
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #3736 на: 18 Јуни 2015, 16:47:15 pm »
Некој бил на Парга, моите се предомислиле за на Лефкада, закаже во Парга...


Вака ко што глеав на јутјуб е ок место, блиску до Крф
No turbo, no fun :)

Отсутен Gabau

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 489
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #3737 на: 18 Јуни 2015, 16:57:40 pm »
Супер е Парга, едино место каде што не ми сметаше што треба да пешачам до плажа, водата малце е поладна ама нема везе брзо се привикнуваш, има една плажа лихнос во близина на Парга е и нека не се изненадат ако видат нудисти.

Отсутен DejzY

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1004
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #3738 на: 18 Јуни 2015, 17:29:46 pm »
Супер местенце е Парга. Има каде да се шетни навечер, има многу ресторани и кафичи. Јас одев на плажата валтос и е многу голема и убава. Нескафе на плажа 2 евра за носење. Да седниш во кафичите мислам беше 3 евра нагоре. Има дел каде што можиш и без лежалки, а на најголемиот дел си има лежалки и цените се од 5-7 евра за две со шатор. Но ако одите во сезона не знам дали ќе има место каде да ја оставате колата на валтос. Јас бев во септември и колата си ја оставав скрос на плажа на бесплатен паркинг.

Отсутен Kikac

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2734
  • Шалабајзер
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #3739 на: 18 Јуни 2015, 18:01:03 pm »
Идеме на 3ти август, по шпиц време амин, ја немам поим кај ќе се паркирам пред смештај не па за на плажа...


Валтос беше таа со кафичот базен што има така ??


Инаку блиску биле Паксос и Антипаксос островите, па ќе се тркне и до нив

Инаку не е како сите лежалки, со вклучено кафе/пиво и лежалка гратис ?
No turbo, no fun :)

Отсутен DejzY

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1004
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #3740 на: 18 Јуни 2015, 18:22:52 pm »
Епа овај кафичов кај што седев мислам дека беше со базен.

Со лежалкиве не знам дали има кафе оти има премногу лежалки долж плажата, а ваму кај што седнавме немаше кафе со гратис лежалки ;D Бев само 2 дена па не стасав се да истражам :)

Што се однесува до паркинг во тој период тешко дека ќе најдите на валтос. Кај што ќе ви биди смештајот ќе се снајдите, мора да се снајдите. Можеби и вилата си има приватен паркинг.

Многу интересна глетка беше сабајлето кај 7-8 часот кај пекарите и кафулината низ центарот што се. Сето старци со над 70 години ама дотерани пицосани и кафе пијат. Најверојатно мештаните кои знаат да си го живеат животот :) Кај нас овде само онај старион со златни заби можиш да го видиш на кафе "дотеран" ;D

Отсутен Kikac

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2734
  • Шалабајзер
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #3741 на: 18 Јуни 2015, 18:58:12 pm »
Поприлмиле од итаљаните, многу итаљани имало во Парга, затоа важи како малце поскупичко место, цената таму била по нивни стандарт диктирана
No turbo, no fun :)

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7685
  • Хорска Секција
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #3742 на: 18 Јуни 2015, 19:37:08 pm »
Идеме на 3ти август, по шпиц време амин, ја немам поим кај ќе се паркирам пред смештај не па за на плажа...


Валтос беше таа со кафичот базен што има така ??


Инаку блиску биле Паксос и Антипаксос островите, па ќе се тркне и до нив

Инаку не е како сите лежалки, со вклучено кафе/пиво и лежалка гратис ?
Парга за мене не беше ништо особено, т.е. не ми понуди ни приближно ко втор крак од аспект на плажи и морски пејсажи. Убава плажа најдов на 25km према Лефкада кај Превеза, се вика Луца. Долга песочна плажа со чиста вода без гужва и без многу кафичи, без чамци и без ѓубре.

Бев и на турата-крстарење до Паксос и Антипаксос и тоа е жива глупост. Цел ден ќе го изгубиш во дрнкање и печење на бротче кое брмчи многу, за да дремам два саати на островче со пет продавнички и три кафичи. Антипкасос е стварно преубав за бањање, морето е чудесно тиркизно, ама таму се задржува на пола саат. Па така тоа беше само еден глупо изгубен ден, не препорачувам таква глупа авантура.

Кога сме кај одморите, мене одморот ми почна уште во Мај, шетам на разни дестинации во Европа. За море со фамилија пред 12 дена бевме на 8 дена во Сивири на прв крак. Калимеро ми препорача едно сместување кое стварно е ОК, но газдата не ми одговори на моите мејлови, па така си најдов подобро. Значи Сивири е супер за фамилија со деца на која не и треба незнам каква забава, но и да и затреба Калитеа е на 8km. Се сместивме во Хотел Џени, 3 ѕвезди. Смештајот скромен, околу 35 квадрати, вклучени доручек и вечера со пристојна шведска маса, голема тревна површина со играчки за играње на деца, базен мал за деца и поголем за возрасни. Но најбитно имаше многу фамилии со деца, така што децава беа банда. Си седиш у кафичот и си пиеш пивце, а децава ти се на хоризонт си играат. Стварно се одморивме со женава. Морето е мирно, плитко, песочна плажа што исто така е многу битно за со деца затоа што можеш да ги остаиш да си играат и да си шлапкаат во вода без да им се секираш.
« Последно менување: 18 Јуни 2015, 19:56:48 pm gOJDO »
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9107
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #3743 на: 19 Јуни 2015, 08:35:51 am »
јас вчера си купив карти авионски за Барселона со виз.

планирам неколку дена таму и после во Валенсија да одам и евендуално до лорет де мар да видам ако има прифатливи цени

битно превоз имам е сеа за сместување ке видиме

ако некој бил натаму и знае некое место слободно нека предложи

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7685
  • Хорска Секција
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #3744 на: 19 Јуни 2015, 08:58:12 am »
Место за клецање ли бараш?

Каде планираш да се сместиш?
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Присутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3083
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #3745 на: 19 Јуни 2015, 14:50:58 pm »
У Барселона имам спиено овде.

На 10 мин пешки до Саграда Дe Фамилја е, има околу ресторанчиња, ама за сегде ти треба метро. Метро станицата е на 3 минути пешки.

Станот беше многу просторен, чист, имаше се што треба, WiFi.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9107
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #3746 на: 19 Јуни 2015, 14:53:49 pm »
Место за клецање ли бараш?

Каде планираш да се сместиш?

планирам прво 4 дена во Барселона а после во Валенсија, и за 2те места гледам да сум блиску до метро или друг јавен превоз за да ми е полесно за шетање.

дополнително може некој ден кола да се рентам и така сме 4ца


фала smole ке проверам

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7685
  • Хорска Секција
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #3747 на: 19 Јуни 2015, 15:42:57 pm »
Кола не ти препорачувам затоа што ќе плаќаш повеќе за паркинг отколку за рента и гориво заедно плус ќе се нервираш дур да најдеш паркинг на интересните локации. Јавниот превоз е одлично организиран, плус ќе поодите пешки со што и ќе шетате низ градот. Нели, поентата е да прошетате и да го доживеете духот...Ја бар секаде така правам...

Смоле, колку плаќавте од ден и во кој период?
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Присутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3083
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #3748 на: 19 Јуни 2015, 15:52:41 pm »
28 Jun - 3 Jul, 80 eur/ден ние бевме 4ца а мислам станот беше за 6 души.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9107
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #3749 на: 19 Јуни 2015, 17:01:10 pm »
нема слободно во периодот кога одам :)

абе кола мислам кога ке одам во Валенсија ако сакам некаде околу или по некои плажи евентуално да одам да прошетам иначе јок бурда