Затоа се избегава Лаганас.

И јас кога бев Лаганас беше центар на блуд и разврат, да не праиме муабет за други работи. Луѓето што беа од истата тура сместени во Лаганас, на враќање во автобус (никад више, сериозно, никад више не идам никаде со автобус, па макар и останал во Скопје цел живот) се жалеа на кондоми и измет во вода (во море), искршени шишиња секое сабајле по улиците и тотална неможност да се спие навечер.
Сите острови си бараат шетање, и у принцип тоа за мене и не е баш одмор. Мене ме изморува ако треба секој ден да се товарам во кола, да се возам икс километри до плажа, таму да дремам 5-6 саати, па да се товарам пак во кола и да се возам пак накај хотелот/собата/штоидае. На некого тоа му прави мерак, и секоја чест. Али во секој случај, островот е убав и има што и да се види и да се прави, али дефинитивно бара превозно средство.