Идеме на 3ти август, по шпиц време амин, ја немам поим кај ќе се паркирам пред смештај не па за на плажа...
Валтос беше таа со кафичот базен што има така ??
Инаку блиску биле Паксос и Антипаксос островите, па ќе се тркне и до нив
Инаку не е како сите лежалки, со вклучено кафе/пиво и лежалка гратис ?
Парга за мене не беше ништо особено, т.е. не ми понуди ни приближно ко втор крак од аспект на плажи и морски пејсажи. Убава плажа најдов на 25km према Лефкада кај Превеза, се вика Луца. Долга песочна плажа со чиста вода без гужва и без многу кафичи, без чамци и без ѓубре.
Бев и на турата-крстарење до Паксос и Антипаксос и тоа е жива глупост. Цел ден ќе го изгубиш во дрнкање и печење на бротче кое брмчи многу, за да дремам два саати на островче со пет продавнички и три кафичи. Антипкасос е стварно преубав за бањање, морето е чудесно тиркизно, ама таму се задржува на пола саат. Па така тоа беше само еден глупо изгубен ден, не препорачувам таква глупа авантура.
Кога сме кај одморите, мене одморот ми почна уште во Мај, шетам на разни дестинации во Европа. За море со фамилија пред 12 дена бевме на 8 дена во Сивири на прв крак. Калимеро ми препорача едно сместување кое стварно е ОК, но газдата не ми одговори на моите мејлови, па така си најдов подобро. Значи Сивири е супер за фамилија со деца на која не и треба незнам каква забава, но и да и затреба Калитеа е на 8km. Се сместивме во Хотел Џени, 3 ѕвезди. Смештајот скромен, околу 35 квадрати, вклучени доручек и вечера со пристојна шведска маса, голема тревна површина со играчки за играње на деца, базен мал за деца и поголем за возрасни. Но најбитно имаше многу фамилии со деца, така што децава беа банда. Си седиш у кафичот и си пиеш пивце, а децава ти се на хоризонт си играат. Стварно се одморивме со женава. Морето е мирно, плитко, песочна плажа што исто така е многу битно за со деца затоа што можеш да ги остаиш да си играат и да си шлапкаат во вода без да им се секираш.