@krell
Добро е, значи имам кој да гњавам ако решам за Кефалонија инаку си имавте сопствени чамци или ве однесоа до пештерите?
Инаку мој идеален одморе вклучува: грчки остров, мотор >100цц, квард на моменти, фрижидерче со ладни пиво и радлери и нормално девојка ми
Плаќаш чамец. Ама не беше воопшто скапо. За Кефалонија и Парга слободно
Пред 2 години бев на Лефкада, минатата година Парга (Најбољи Маслинки и маслиново масло во свет) оваа година Кефалонија.
Јас на одмор сакам мир, спокој ама не со седење и неправење ништо
Во суштина сме доста активни на одмор (да видиме што повеќе сакаме, да пробаме разна храна, алкохоли
)..
Оваа година некако ептен добар спој направивме од активен кулирачки одмор.. Инаку и ние како Веле неколку години по ред имавме шетачки одмори по Европа (по 3 недели), ама малку се уморивме од толку активни одмори
(За да видиме што повеќе, испаѓаше да по цел ден бевме на нозе).
Сега баш некако ми прави ќеиф одмор од овој тип
како што пројдовме ова лето..
За мене е комбинација од двете.. Бираш место кое во близина има места за шетање и гледање, но и плажа за да може да се оптегнеш. Хрватското приморје нуди такви благодети. Денес ќе одмарам на плажа, утре може да скокнам до некое убаво градче, у комбинација со некое ресторанче.. задутре, ќе видиме што ќе биде
Да, од прилика така и ние. Во Грција, за разлика од Хрватска, малку ми фали што нема содржина од тип концерти, театар и слични нешта како што има во Хрватска. Ама од друга страна места како Кефалонија или Парга има нешта што Хрватска ги нема
Затоа човек оди на различни места