јас пишав ли моја лична рецензија за ксамил? пишав... побарајте наназад, ке најдете.
гојдо бил 1 ден. исто така и бушав меган отишол на 1 ден.
јас бев 10 дена. и убаво ми беше. ако не се лажам (а не се лажам) и казан беше, истера цел одмор и задоволен..
цурава прави драма, а богами и лаже... прво вика дека се сместиле и издржале само 1 ден, но затоа со сигурност тврдеше дека од кафаната карши тресело локална музика СЕКОЈ ДЕН, за на крај да каже дека вторито ден си отишле...
тоа што идела преку сплавот, и не е толку трагично, затоа што има и друг прилаз-пат, за дополнителни 20-тина километри, патот од таму не е крш, напротив, нов е и мазен. е да, нема банкини, до тука стигнале годинава...
што се однесува до СПЛАВОТ, воопшто НЕ Е ДРВЕН, туку е од железна, јака конструкција, баш ја разгледував како и направена, а одозгора е дрвени штици, кај што газиш, ама бајаги дебели штици. и многу е сигурен, придвижуван од дизел мотор, кој ги влече САЈЛИТЕ кои се интегрирано доле во сплавот.. вкупно 4 сајли видов, а не една. и да се скине една, ништо страшно, а патот од кај сплавот стварно е крш, т.е. 1,4 километри се вози по тампониран пат... до година и тој ке биде асвалтиран.
ова е тоа што е за шок1 и шок2
шок3. па јбг, бре, ако веке ти кажуваат дека е тоа селце или мал град кое се развива, тоа значи дека е селце или мал град кој се развива.
шок4. мене не ми се случи да не најдам лежалка. немаше такво нешто. ама буквално видов тек-тук некоја резервирана, ама не до толку за да нема место... тоа дека бора бора не е баш добра плажа, тврдам и јас. само некој и уденал такво име, заради незнам што, ама плажата е нај голема, а мене баш тоа и не ми се свиѓа. дека плажите се вештачки правени, нема потреба да се коментира, вештачки се и сите тоа го тврдат-кажуваат-посочуваат... што тука имало шокантно ако си информиран дека е така?
шок5... е па кој ви рекол однапред пари да давате? ако не сте дале, ке се спакувате и ке си одите... мене ми се погоди домакинот, се викаше ХИСНИ. срце од човек, услужлив до коска, немам негативни зборови за него..
храната. е па ако ја компарираш со грција, драстично поевтина е. кафе на плажа1 евро. пиво на плажа 1 евро. сокови-мокови што ти душа сака се е по 1 евро.. нај скапата работа е 1,2 евра... пред 3 дена се вратив од грција, кај што платив 5,5 еура за кафе, т.е. 11 евра за 2 ајс кафиња... МА НЕМОЈ ДА МЕ ЈЕБЕШ БРЕ!!
и последна работа ке посочам... во ксамил се иде додека траат муслиманските постови. тогаш не е баш толку празно, ама е дааааалеку од пренатрупано. има место кај да паркираш, дури и сенки да фатиш со кола...
моето општо мислење дека.... отидов во ксамил заедно со уште 2 фамилии.. одтука тргнав репетиран да пукам... се смирив следниот ден и уживав... дали би идел пак? ДЕФИНИТИВНО ДА!! вгодина пак ке идам во ксамил... но тоа сум јас, со моето мислење и сваќање, кое и фамлијата моја го дели со мене... и другите 2 фамилии го делат истото мислење, а до таа точка ке идам да човекот (едниот) работи во дубаи и тврди дека во ксамил е поубаво одошто во дубаи.. во дубаи само централниот дел е убав, плажите, па баш и не...
јас тврдам дека поубаво си поминав во ксмаил одошто во грција што терам секоја година по 2-3 пати...
а да.. да не заборавам... крајниот коментар дека кога си влегла во грција СИ СЕ ЧУСТВУВАЛА КАКО ДА ВЛАГАШ ДОМА... е тоа се кажува за тебе и што треба јас да мислам сега...